Автор: Валентина Неловска
Post Views: 198 Деновиве, силен мирис на хемикалија во водата за пиење ги вознемирил жителите од селото Долно Лакочереј. Жителите стравуваат дали е се во ред со водата за пиење и каков е квалитетот на водата. Смирувачки тонови стигнуваат од МЈП Проаква. Водата се хлорира но се е во дозволените граници и не е штетно по здравјето на луѓето. „Овие денови пристапивме кон санирање на системот. Работиме на терен, се чистат каптажите, резервоарите, почнавме да хлорираме. Граѓаните реагираат точно е заради прехлорирањето кое го направивме за да го донесеме во нормала целиот цевковод на...
Владимир Алексијоски е в.д директорот на новото ЈП „Колекторски систем“ во државна сопственост
Post Views: 783 Директор на новото ЈП „Колекторски систем“ во државна сопственост е Владимир Алексијоски. Вака одлучил Управниот одбор по што ќе следува законска постапка за раздвојување на МЈП Проаква на три работни единици. Алексијоски напоменува дека од подолгите преговори со Владата е точно предвидено што ќе се прави со колекторскиот систем за да се санира и да се спаси Охридското езеро од понатамошно еколошко уништување. Во моментов пумпните станици се во многу лоша состојба, а меѓу општинското пертпријатие Проаква нема финансиски капацитет да го одржува системот. Сега меѓу...
Во туристички цели Охрид ќе воведува современа информатичка технологија
Post Views: 191 Општина Охрид планира воведување на современа информатичка технологија во туристички цели. Тоа ќе биде еден од начините за привлекување на поголем број гости и задоволување на нивните потреби кои ги наметнува современиот начин на живеење. Со сопствени средства и со проекти за прекугранична соработка со Грција ќе се финансираат информатички алатки кои се користат во социјалните мрежи и он лајн, информира Ѓоко Апостолов од одделението за туризам и локален економски развој. „Модерни информатички алатки кои се неопходни и најприоритетни за промовирање на туристичките...
Душко и Костадинка одбележаа 7 децении среќен брак
Post Views: 236 Душко и Костадинка Лошкоски од село Оровник прославија дијамантска свадба. Тие одбележаа 7 децении успешна и среќна брачна заедница од која се изродиле тројца синови. Двајцата се на прагот од десетата деценија од животот. На нивните лица зрачат среќа и љубов која сеуште трае како првиот ден од нивната средба. „ Во тие времиња немавме лична карта девојките се гледаа по убавината. Костадинка беше ниска ама ко киска “, денес весело раскажува Душко за првата средба со Костадинка пред 7 децении. Брачниот пар Лошкоски во третото животно доба се опкружени со внимание...
ОУ „Григор Прличев“ го одбележа патронатот
Post Views: 223 Основното училиште „Григор Прличев“ го одбележа патронатот со пригодна програма. На свеченоста присустуваа в.д градоначалникот Константин Георгиески, советници од ЛС и претставници од семејството Прличеви. На бистата на охридскиот и македонски поет и преродбеник беа положени ловров венец и цвеќе. Олга Прличева, внука на поетот, од името на семејството Прличеви му подари на основното училиште несекојдневен подарок. „Необјавено слово на Григор Прличев. Тематски посветено на младоста. Професијата учител за Григор Прличев била најголемотo звање од сите професии кои...
Повлечена точката за легализација на диво градби во АК Градиште
Post Views: 175 Симната од дневен ред предлог одлуката за донесување урбанистичко планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во КО Пештани. Образложение за ваквата одлука даде в.д градоначалникот Константин Георгиески. „Легализација на објекти во автокампот „Градиште“, од формално правен аспект службите солидно го изработиле предметот, набавено е мислење од НП „Галичица“ и министерството за животна средина, кои се позитивни.Позитивно мислење добивме и од Комисијата за денационализација, но со оглед на тоа што сега таа е разрешена, точките ќе ги повлечеме...
ЗГ „Оревче“ : Да се отфрлат предлог одлуките за легализација на бесправно изградените објекти во АК Градиште
Post Views: 231 Отфрлање на предлог одлуките за легализација на бесправно изградени објекти во авто кампот Градиште на утрешната седница на Совет, бараат од здружението на граѓани „Оревче“. Стотина семејства од Пештани сопственици на 100.000 метри квадратни имот во најатрактивниот камп Градиште ги повикуваат советниците од позиција, опозиција и независните да ја поддржат нивната правна битка за враќање на нивните национализирани имоти која ја водат долги години. „ Не сакаме легализација на објектите. Законот е дециден. Со донесување на законот за денационалзиција во 2000 година...
Заев најави силна економска година, но порача да се засукаат ракавите
Post Views: 168 Во работна посета на општина Охрид допатуваа премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Имаа средба со в.д градоначалникот Константин Георгиески и одржаа трибина со охриѓани. Премиерот Заев пред присутните граѓани зборуваше за решавањето на чувствителните политички прашања и затварање на отворените прашања со соседите кои водат до остварување на целта влез во Нато и ЕУ. Порача сега е време сите да ги засукаме ракавите, ефикасно да работиме за да имаме економски просперитет на државата. Потсети на досегашните мерки кои владата ги презела...
Навремена и точна дијагноза бараат пациентите со ретки болести
Post Views: 176 Од февруари ќе стартува нова кампања на Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“. Досегашните кампањи дале поволни резултати при подигањето на јавната и индивидуалната свест за маките и потребите на лицата со ретки боелсти, напоменува Гордана Лолеска претседател на охридското здружение. Лолеска додава акцијата продолжува за сензибилизација на институциите и јавноста за пациентите со ретки болести во февруари, реткиот месец во годината со 28 или 29 дена, којшто пациентите со ретки болести го нарекуваат за свој. „ Овој мини проект е од едукативен...
ICS системи : Бандерата на „Питу Гули“ е безбедна, граѓаните да не се плашат
Post Views: 174 Јавноста упати критики за начинот на кој беше санирано уличното осветлување на улицата Питу Гули, а за кое реагираше наш гледач во рубруката „Ти си твојот град“. Коментарите се однесуваа на импровизираната поправка на столбот кој беше обвиен со самолеплива лента. Од ICS системи компанијата која се грижи за јавното осветлување, кои се во јавно приватно партнество со општина Охрид, информираат дека тоа било привремено решение. Веднаш ја отстраниле лентата, но куќиштето на приклучокот морале да го врзат со жица затоа што не можел да се затвори со штраф за бетонскиот...
Подновена работната механизација на јавното претпријатие Охридски комуналец
Post Views: 278 Набавени седум комунални возила за потребите на ЈП Охридски комуналец. Современите возила се обезбедени од Локалната самоуправа со кредитна линија од Светска банка во вредност од 450.000 евра. Покрај овие возила , лани беа набавени уште 5 возила од истата кредитна линија со грејс период и исплата од февруари 2018 година, напомена на денешната презентација в.д градоначалникот Константин Георгиески. Георгиески истакна дека ова е неопходна модернизација на претпријатието, а локалната самоуправа покажува дека работи во интерес на граѓаните и ќе продолжи со инвестиции...
Со планинската трка „Охрид треил“ градот добива нов спортски настан
Post Views: 147 Промовиран новиот спортски настан Охрид треил. Станува збор за комбинирана трка и пешачење низ определени предели во НП Галичица во должина од 60 км и 35 км. Учесниците ќе трчаат на големата трка 12 часа , а на малата 9 часа. Охридската Асоцијација за спортови „ Спорт за сите Сите за спорт“ и Здружението „Трекс“ со поддршка на Локалната самоуправа ќе го организираат овој спортски настан во месец мај. Организаторите имаат амбиции планинската трка да прерасне во меѓународна спортска манифестација, напоменува Дејан Крле од Здружението Трекс. „ Планинското трчање е...