Автор: Валентина Неловска
Post Views: 19 „Сопружници“ ,„ Балкански шпион“ и „Изгубени Германци“ се трите театарски проекти за кои Министерството за култура одобрило финансиски средства на Охридскиот театар за оваа година. Станува збор за две комедии „Сопружници“, адаптирана драма од Вуди Ален, во режија на Драгана Танеска , „Балкански шпион“ од Душан Ковачевиќ во режија на Љупчо Георгиески и политичката драма „Изгубени Германци“ од Дејан Дукоски во режија на Сашо Миленкоски. Аплициравме со 7 проекти , но ни се одобрени овие три, напоменува Горан Симоноски директор на НУ Центар за култура „Григор...
Во новата одлука на совет за урбана опрема нема место за поставување тезги околу чинарот
Post Views: 17 Градот ја усвои програмата за поставување на урбана опрема за оваа година. Во програмата нема големи промени на постојните локакции, но покрај досегшаните се планирани и две нови, напоменува општинскиот портпарол. „Нема големи промени во однос на оние како решение од минатата година. Промените се мали. Нема тезги околу чинарот туку на малиот паркинг кај некогашната Нама. Ќе има и типизирани тезги на кеј Македонија, по две-три тезги на локацијата кај сега поставеното лизгалиште и кај хотел Палас. Другите локации остануваат исти на улицата Кузман Капидан во...
Ќе се заменува столаријата во ОУ Христо Узунов
Post Views: 29 За Југозападниот плански регион се доделени средства за два големи регионални проекти во висина од 44,3 милиони денари. Владата ги одобри за искористување овие средства, а општините веќе издвоиле и изготвиле приоритетни проекти. Во првата програма за енергетска ефикасност се доделени 27 милиони денари , а партнери се 6 општини со 7 објекти со кој ќе се менуваат столарија и изолaција на кровната конструкција, како и изведување на термофасада. Во општина Охрид од тој проект ќе се користат средства за замена на дотраената дограма на основно училиште, информира...
Сликата на импактот од туризмот во Охрид не е многу добра
Post Views: 22 Сликата на туристичкиот импакт во Охрид не е многу поволна.Ова го покажа стручната анализа изработена од тимот професори од ФТУ Александар Трајков, Цветко Андреески и Науме Мариноски, а изработена на барање од ЛС. Бројките направени врз основа на истражувањето со современи методолошки методи покажале дека во периодот од 2000 до 2017 година во регионот доаѓале туристи, но ја избегнувале Македонија. Безбедносните и политчките кризи што се случуваа во изминатиов период во земјава го зеле данокот со намалување на приходот од туризмот во локалната и националната...
Во инфо центарот на НП Галичица мал е бројот на посетители
Post Views: 18 Слаба е посетеноста на Инфо центарот кој постои во рамките на НУ НП Галичица. Прекрасно уредениот простор за едукација и за купување сувенири не е доволно искористен. Идејата за неговото постоење е да се подигнува јавната свест за еколошките вредности кои ги има овој национален парк, напоменува Андон Бојаџи од НУ НП Галичица. Од десетината општински училиша во Охридско и од регионот досега нема интерес за едукативни посети, напоменува Бојаџи. „Досега немало организирани посети. Тоа најчесто биле случајни и не биле системски. Тоа се должи и на слабиот персонален...
Потпишан меморандум за соработка меѓу Националниот Координативен центар за гранично управување и Планинската спасителна служба
Post Views: 19 Националниот координативен центар гранично управување и Службата за спасување на планина потпишаа меморандум за прекугранична соработка. Планинската спасителна служба сега е подговена да делува уште побрзо и поефикасно, кажа Антонио Додевски проект менаџер на проектот Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам. Со потпишување на протоколот за соработка се овозможува 24 часовно делување на спасителната единица при што границата нема да претставува пречка и значително ќе се скрати времето за интервенција, посочува Антонио Додески проект менаџер. „Се...
Општа болница Охрид ќе добие апарат за магнетна резонанца
Post Views: 61 Ресорното министерство обезбедило средства за набавка на апарат за магнетна резонанца за потребите на Општа Болница Охрид и специјалната болница Св. Еразмо. Со тоа пациентите ќе имаат подобар пристап кон здравствените услуги во болниците, најави министерот за здравство Венко Филипче од Охрид. Со набавката на овој современ апарат ќе се скрати времето на чекање за снимање и за оперативните интервенции, кажа Филипче. „ Направивме информација за Владата со која се обезбедува средства во рамките на развојниот буџет на министерството за здрвство да обезбеди средства...
Кинеските туристи ги откажуваат априлските туристички аранжмани во земјава
Post Views: 28 Корона вирусот го зема данокот и во областа на туризмот. Доаѓаат најави со кои се откажуваат аранжманите на Кинеските туристи.Нивниот број е многу помал во однос на земјите од регионот, но туристичките работници во Охрид гледаат со загриженост на откажувањата. Според нивните информации сите пакет-аранжмани кои носат кинески туристи во земјава се откажани како резултат на корона вирусот во нивната земја. Владее страв кај луѓето да ги напуштат живеалиштата во својата земја и да патуваат, посочува Филип Стефановски Тур-оператор од Охрид. „Аранжманите се откажани до...







