Автор: Валентина Неловска
Post Views: 300 Охриѓанецот Јован Јованоски, интернационален водич во планина, споделува кои се трендовите во туризмот после пандемијата. Странските гости го избегнуваат масовниот туризам. Се почесто избираат да патуваат самостојно планирајќи што ќе посетат без да бидат врзани за групно патување и турстички агенции, вели Јованоски. Најчесто бараат да ги посетат убавините на НП Галичица, да возат велосипед или да планинарат.„Во нашиот регион најпосетен локалитет е НП Галичица . Тоа е она што не издвојува едно скалило погоре од другите градови во Македонија. НП Галичица е значаен...
Наши гастрономски вкусови во Торино
Post Views: 471 Од светскиот саем на вкусови „Тера Мадре“ кој се одржа во Торино упатена е порака да се развива свеж изглед и нов ентузијазам за иднината на нашата храна. Со таа девиза и искуство од саемот се вратија и претставниците од македонската „Слоу фуд“ организација. Меѓу нив беа и производители и готвачи на храна од Охридско-струшкиот регион, Акин Сезер, Наташа Неданоска, Пеце Клечкароски и Димитар Арнаудов кои ја презентираа алхемијата на разни вкусови од нашето поднебје. Подготвија делиции од лешник, јагнешко под сач, зимници од органски производи, сучен охридски комад,...
Населбата Билјанини извори во еколошка опасност
Post Views: 538 Жителите од улиците Галичица, Никола Карев и Мирче Ацев се наоѓаат во неподнослива ситуација од затната фекална канализација. Десеттина денови се борат со фекална вода која им ги поплавува домовите и подрумите и им предизвикува штета. Дваесетина семејства се загрижени за своето и здравјето на жителите од населбата кои незнаејќи, секојдневно газат низ фекални води, кажува Огнен Достиноски од името на засегнатите жители.„Покрај нашите јавувања до сите служби останавме без конкретно решение. До денес, останавме заглавени со фекални води во приземните простории....
Изгор цени становите во Охрид
Post Views: 467 Големи пореметување се случуваат на пазарот на недвижности во Охрид. Расте побарувачката за купување станови, а цените за метар квадратен достигнуваат вртоглави суми. Изгор цени достигнаа и деловните простории во чаршијата. Висината на метар квадратен за стан ја надмина дури и oнаа во Скопје , како главен економски, административен и политички центар. Купувачите плаќаат за ново изграден стан во централното градско подрачје на Охрид и до 1800 евра за еден метар квадратен . За локации на крајбрежјето плаќаат цена и до 3000 евра, споделува Никола Иванчиќ од агенцијата...
Саем за социјални претпријатија
Post Views: 271 Фондацијата за поддршка на мали и средни претпријатија организира саем за социјални претпријатија. Домашни социјални претпријатија и Локалните самоуправи од Југозападниот регион ќе разменуваат искуства со делегациите на Вишеградската група во функционирањето на овие претпријатија. Градоначалници и тимови од Чешка, Полска и Унгарија ќе споделуваат нивни исуства од развојот на социјалната економија и решавањето на невработеноста во нивните земји, напоменува Мимоза Попоска од Фондацијата за поддршка на мали и средни претпријатија .„Регулирано е правно кај нив,...
Oсми конгрес за ретки болести во Охрид
Post Views: 287 Еминентни европски лекари учествуваат на осмиот конгрес за ретки болести во Охрид. Конгресот е во организација на Здружението на педијатри на Македонија, а се вклучени и здруженијата за ретки болести „Живот со предизвици“ и „Ретко е да си редок“.Гордана Лолеска, од здружението „Ретко е да си редок“, напоменува дека во работата на конгресот се вклучени и 50 тина семејства на лица со ретки болести.Спојувањето на семејствата и едукацијата за ретките болести е многу важна за нив. Кога знаеш дека не си сам е многу полесно да ја пребродиш битката која ја носат ретките болести...
Се реконструира старото струшко јадро
Post Views: 399 Се подобруваат условите за сообраќај и пешачење на неколку улици во струшката чаршија. Се заменуваат и поставуваат камени блокови, а при тоа се внимава да не се наруши градскиот автентичен изглед, информира Мирјана Лозаноска , директорка на Центарот за развој на Југозападниот плански регион. Се реупотребуваат здравите камени плочи при реконструкцијата на улиците 27 Март, Браќа Миладиновци, Нико Нестор, Гоце Делчев и Димитар Влахов. Градежните зафати се изведуваат во должина од 600 метри и површина од 3600 метри квадратни.„ Максимално се користи каменот...
Расте потребата од образовни асистенти
Post Views: 301 Некои основни школи сеуште чекаат образовни асистенти. Тие се распределуваат од ресурсниот центар „Кочо Рацин“ од Битола за децата кои поседуваат комисиска проценка за нивната функционалност. По дваесетина изминати денови од почетокот на школската година некои школи добиле онолку асистенти колку што побарале , а некои не. Во ОУ „Христо Узунов“ има еден образовен асистент, а се чека на одобрение за уште осуммина стручни лица , информира директорката Марина Ѓорѓоска. Наставата се одвива со потешкотии, а во меѓувреме се ангажира училишната стручна служба. Дефектологот,...
КСЗД организира средби со охриѓани
Post Views: 274 Комисијата за спречување и заштита од дискриминација реализира средби со охриѓани. Делеа флаери и ги запознаваа граѓаните за нивната улога во опшетсвото. На отворени денови во повеќе градови во земјава ги информираат граѓаните за начинот на заштита во ситуации на дискриминација. Ова тело , покраја заштита од дикриминација и соработка со разни институции, работи и на превенирање на дискриминацијата , напоменува Игор Јадровски, член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.„Една од стратешките придобивки на Комисијата за спречување и заштита од...
На потег МВР за полигонот за обука
Post Views: 305Охридските кандидати за возачи реагираат дека им се пролонгира времето за полагање возачка дозвола. Чекаат да биде пуштен во употреба современиот полигон за обука на автошколите. Полигонот за потребните обуки и за полагање не се користи два месеци. Причината за застојот од ЈП „Охридски комуналец “ ја лоцираат во чекањето решение за стопанисување од Министерството за внатрешни работи по неговото реновирање од нивна страна. Од 29 јули, со одлука на охридскиот градски совет, полигонот е даден на стопанисување на ЈП „Охридски комуналец“ од дотогашното ЈП „Градски...
Пловечки катамаран избегна несреќа
Post Views: 938 Катамаран изгубил стабилност при пристигање на пристаништето кај Заум. Пловел со десет патници на релација Охрид-Св. Наум. Деветмина од патниците наеднаш се групирале при приближувањето на пловилото кон пристинаништето што довело до навалување и полнење со вода. Патниците испливале на пристаништето пред црквата Св. Богородица Захумска, а од кога се стабилизирал катамаранот го продолжил пловењето до Св. Наум. Од охридската Капетанија на пристаништата ја потврдуваат случената незгода. Асан Бајрактар , инспекторот за безбедност при внатрешна пловидба, информира дека...
Домашниот туризам бележи раст
Post Views: 296 Домашната туристичка индустрија бележи пораст , информира Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот. До крајот на септември очекуваме да се остварат планираните 2,6 милиони ноќевања, напоменува Јаневски. Во првата половина од годинава на охридското крајбрежје најбројни се гостите од Србија и Албанија со зголемена посетеност од 20 до 30 проценти споредено со 2019 година. Следуваат традиционалните туристи од Полска, Холандија, Германија и Турција. За разлика од странските туроператоти , само три посто од домашните тур-оператори ја нуделе...