Автор: Валентина Неловска
Post Views: 11 Министерот за економија, Крешник Бектеши, очекува во почетокот на декември да има намалување на цената на основните прехранбени производи. Бектеши ова го најави по денешната средба со претставниците на производителите и на најголемите ланци маркети. Како што изјави Бектеши, една година, товарот го пренесле на трговците на мало и големо, за да се заштити производството, а со тоа да се креираат нови работни места и да станат поконкурентни на домашниот и странскиот пазар, но сега ќе одат во насока да ги заштитат граѓаните.„Очекувам од пет до 12 – 13 отсто...
Tешка е битката со несовесни поединци
Post Views: 10 Загриженост дека засега тешко ја добиваме битката со несовесноста и алчноста на поединци, како и на крадците и вандалите кои ги уништуваат спомениците и дивите копачи кои ги сквернават локалитетите, искажа министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска на меѓународниот форум „50 години Конвенција за светско наследство на УНЕСКО: Меѓународни стандарди во национален контекст“. Министерката напомена дека можеме да констатираме дека и покрај преземените активности, нашата заедничка акција како да го нема задоволителниот интензитет во справувањето со...
Kатната гаража заглавена во бирократски лавиринт
Post Views: 12 Предолго се чека да отпочне изградбата на катната гаража во Охрид. Граѓаните гледаат спас од сообраќајниот хаос со паркирањето во градот со изградбата на катната гаража која се најавуваше и од поранешниот градоначалник Константин Георгиески, а и од сегашниот Кирил Пецаков. Изградбата на катната гаража, од изјавата на градоначалникот Пецаков, по се изгледа е заглавена во бирократските лавиринти.„Капиталните проекти се во процедура. Има проекти кои траат 1 година и осум месеци, други една година и еден месец друг проект 9 месеци, имаме проблем со...
Усвоен ребаланс на општинскиот буџет
Post Views: 11 Советниците го усвоија вториот ребаланс на буџетот на општина Охрид. Претрепеа измени седумнаесет програми. За опозицијата се спорни и неприфатливи предлог одлуките, како што кажаа, за намалување на средствата во програми и капитални инвестиции наспроти непродуктивни трошоци. Живка Ангелоска, советничка и координатор на коалицијата на опозицијата, ги наброја програмите каде што има кратење на средства за локален економски развој на општината, во туризмот, животната средина, спортот, образованието, социјалната заштита, ТППЕ, но и средствата за уредување на...
Во пораст дијабетесот во охридскиот регион
Post Views: 13 Статистичките податоци од охридскиот Центар за Јавно здравје (ЦЈЗ) покажуваат дека во периодот 2019-2021 година има стапка на зголемување на дијабетесот во Охрид во споредба со просечната стапка во Македонија, напоменува д-р Даниела Чингоска од ЦЈЗ.Новорегистрирани случаи со дијабетес во 2019 година биле 100 лица, додека во 2021 бројката е покачена на 120 лица, информира д-р Даниела Чингоска, специјалист по социјална медицина и јавно здравје од ЦЈЗ.Во Македонија ако во 2019 година се регистрирала стапка од 4336 заболувања на 100.000 жители, во 2020 оваа...
Пецаков поднесе отчет за сработеното
Post Views: 11 Градоначалникот Кирил Пецаков на прес-конференција презентира детали од сработеното во првата година од неговиот мандат. Во обраќањето напомена дека во изминатите 12 месеци работеле на раздолжување на општината и затекнатиот долг од над 856 милиони денари, а кој успеале да го намалат за 202 милиони денари. Во образованието ја стабилизирале финансиската состојба со сервисирање на сите заостанати обврски. Исто така, работеле на подобрување на финансиската состојба во сите јавни претпријатијата затекнати во лоша состојба. Пецаков наброја инфраструктурни проекти кои...
Опаѓа бројот на бездомни кучиња
Post Views: 10 На охридските улици се намалува бројот на напуштени домашни миленици. Опаѓа и бројот на тужби кон општина Охрид од граѓани за напад од кучиња скитници, информира Томе Џамтоски, портпарол на општината. Сепак, повремено се случуваат напади врз граѓани од кучиња скитници, a последниот напад се случи пред две недели.Актуелните бројки покажуваат дека кучињата скитници во градот драстично се намалени. За жал, постои појава по завршување на туристичката сезона од другите градови да ги оставаат животните на територијата на општините Охрид и Дебрца и тоа го зголемува...
Нашите пожарникари и светските практики
Post Views: 11 Опасните интервенции на пожарникарите бараат нивна добра кондициска подготовка. Територијалната противпожарна единица не само што има активности во гасење на пожари на отворен и затворен простор, интервенира и во тешки сообраќајни несреќи кои ги има се почесто на нашите патишта, информира Борко Јанкулоски, командир на охридската ТППЕ. Физичко-психичката спремност е многу важна во брзото и успешно интервенирање кое се трудиме да го постигнеме со практикување на физичко-кондициски вежби покрај дневните активности. На противпожарната единица и е потребен млад...