Автор: Валентина Неловска
Post Views: 137 Општина Охрид се надева на успешна туристичка жетва и оваа година. Од статистичкиот извештај на Државниот завод за статистика се гледа дека за десет месеци во минатата година биле реализирани над 960.000 ноќевања и над 260.000 посети. На домашните гости од овие показатели отпаѓаат над 100.000 посети и 540.000 ноќевања. Од Секторот за туризам и локален економски развој (ТЛЕР) очекуваат преку настапите на туристичките саеми и останатите туристички промоции да продолжи трендот на раст на странски и домашни гости на охридското крајбрежје и дека ќе го надмине бројот од...
Во НП „Галичица“ се изградени над 1000 нелегални викенд куќи
Post Views: 137 Урбанизацијата е најголема закана за уникатните природни вредности на националниот парк Галичица и за статусот на градот под заштита на Унеско, тврдат од Галичица. Закана за природните убавини доаѓа од изградбата на нелегални викенд куќи на целата територија на паркот иако се сметаше дека на удар заштитеното подрачје е од бесправната сеча на шума, информира Андон Бојаџи од НП Галичица. „ Ви тврдам дека поголема закана за природните вредности за паркот е урбанизацијата отколку бесправната сеча. Во сите случаи кога имало бесправна градба и узурпација на државниот...
Потпишан договор за финансирање помеѓу НУ НП „ Галичица“ и Фондот за природа Преспа – Охрид
Post Views: 241 Потпишан договор за финансирање помеѓу НУ НП „ Галичица“ и Фондот за природа Преспа – Охрид. Договорот во висина од 147.000 евра ќе се однесува на финансирање на тековното работење на НП Галичица при управувањето со заштитеното подрачје. Соработката со Понт е резултат на позитивно работење на установата, стратегијата и визијата според кои се раководеше НП Галичица , напомена Васко Паскали , директор на НП Галичица при потпишувањето на договорот. „ Овој договор е од огромно значање за ЈУ НП Галичица. Потврда дека се движиме по прав пат и нашите позитивни резултати...
Во Хидробиолошкиот институт не е започнат риболовот на охридската пастрмка за вештачки мрест
Post Views: 155 Почна мрестот на охридската пастрмка, но не и ловот за вештачкиот мрест на ендемичниот вид риба кој го спроведува Хидробилошкиот завод. Традиционално ловот на ендемичниот вид пастрмка почнува на 21 јануари и трае до крајот на месец март кога се собираат одобрените количини икра за вештачки мрест. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство велат дека владата ја донела Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2019 година на 15 јануари.Во програмата е предвидена мерка за порибување на риболовните подрачја во Република Македонијасо...
Заболувањата на циркулаторниот систем и понатака се најфатални за охриѓани
Post Views: 200 Во земјава највисока стапка на морталитет е во Охрид. Циркулаторните болести се најчести заболувања кои се среќаваат во патологијата кај населението, а кои истовремено се и најфатални за охриѓани, информира Д-р Даниела Чингоска, специјалист по социјална медицина и јавно здравје. „ Во нашиот регион веќе подолго време водечка причина за смрт се циркулаторните заболувања. Стапката на морталитет во нашиот регион е 57 умирања на 10.000 жители и се резулатат на циркулаторните болести“, информира Чингоска. Статистиката во земјава покажува дека највисока е стапката на...
Охриѓани и стружани не се снаоѓаат најдобро на лизгавиот снег
Post Views: 265 Докторите од службата за итна медицинска помош утрово кај двајца пациенти констатирале посеризони скршеници на екстремитетите. Тие се упатени на понатамошно лекување, информира д-р Ана Неделкоска , ракводителот на ИМП. Од почетокот на месецов до денес во нивната служба се евидентирани над дваесет пациенти со посериозни повреди на коските на разни делови од телото. Од охридската итна медицинска помош апелираат повозрасните граѓани да не излегуваат без потреба на снегот и мразот. Јануарските мразеви и снегот биле кобни и за стружани. Од градската болница во Струга...
Петнаестина љубители на животни обезбедија засолништа за бездомните кучиња
Post Views: 155 На повеќе локации во Охрид поставени засолништа за бездомните кучиња. Охридски љубители на животни се погрижија во овие студени зимски денови бездомните кучиња да имаат сигурно и топло засолниште. Анастасија Димзова е една од 15-тината активисти кои се вклучија во акцијата да постават десетина куќарки во повеќе делови на градот. Куќарки од картонски кутии со ќебиња во нив, се поставени во Центар, Далјан, кај Емуц, кај Белависта, на улицата Асном. Во една куќарка може да се засолнат од студот и до 3 кучиња. Куќарките се поставени на места каде што активистите...
Студенскиот дом Никола Карев станува се попривлечен за туристите
Post Views: 148 Вратите на државниот студенски дом „Никола Карев“ се отворени за комерцијално работење и во зимскиот период. За гостите домот е привлечен во летните месеци, но се повеќе е баран и во зима. Гости имаше и за новогодишните празници, а сега се очекуваат и за празникот Водици. Голем е интересот за сместување во домот од домашни гости, но се прават обиди да се привлечат и странски гости, информира директорот на домот Жарко Куциноски. „Среќа имаме што студенскиот дом е во Охрид , а другите студенски домови во земјава кубурат со финансии. Колку толку ќе се обезбедат и...
Во Охрид се регистрирани 24.000 граѓани на системот Е персонален данок
Post Views: 141 Од регионалната управа за јавен приход информираат дека во Охрид се регистрирани 24.000 граѓани на системот Е персонален данок. Напоменуваат дека очекуваат зголемување на оваа бројка по продлжување на рокот до крајот на јануари за електронска регистрација на персонален данок за граѓаните кои досега не ја исполниле законската обврска, напоменува Злате Мунески портпарол на регионалната УЈП од Битола. „Задоволува бројката, но очекуваме да се регистрираат уште 2000 до 3000 илјади граѓани приматели на странски пензии и земјоделци од Охрид. Апелираме граѓаните кои се...
Се прават завршните подготовки за прославување на големиот христијански празник Богојавлени
Post Views: 139 Градот ги прави завршните подготвки за одбележување на големиот христијански празник Богојавление. Прославата ќе биде во духот на христијанската традиција, информира Константин Георгиески в.д градоначалник на Охрид.„Јавните претпријатија беа ангажирани во чистење на плоштадот и пристапните улици. Денес почнуваме со украсување на градот. Очекуваме голем број домашни и странски гости кои ќе допатуваат да го проследат осветувањето на водите на Охридското езеро“, истакна в.д градоначалникот Георгиески. Нуркачите од Амфора го завршија чистењето на просторот во езерото...
Пропаѓа непроценливо вредната колекција монети која во моментов ја има Сосиете Женерал Охридска банка
Post Views: 154 Пропаѓа нумизматичката збирка која содржи 1700 монети од античкиот период па се до 17 век, повторно предупредува Даница Бачева ,археолог нумизматичар и автор на поставката. Скоро една деценија колекцијата е оставена без заштита. Археолозите предупредуваат дека колекцијата ќе пропадне ако еднаш во годината монетите не се конзервираат од страна на стручни лица. Тие немаат сознание дали во изминатите години е направена таква заштита. Како што предупредува археологот Даница Бачева, колекцијата од непроценливо движно културно богатство незаконски со зградата на банката...
Карневалските маски во Вевчани инспирирани од актуелните политички случувања во земјава
Post Views: 136 Низ Вевчанските улички продефилираа василичарите со карневалски маски. Традицијата продолжи со дефилето на маски преку кои се прикажаа актуелните политички случувања во земјава како што се промената на името, случувањата во собранието, предлог номинацијата за Нобеловата награда на Заев, бегството на Груевски. Имаше и групни маски кои се однесуваа на 8-те пратеници од опозицијата кои ги поддржаа уставните измени. Симболично подигнаа и ѕид со Северна Македонија. Вевчанските василичари со децении се инспирираат од актуелните случувања во животот. Со изборот на василичарските...