Автор: Валентина Неловска
Post Views: 15 Со доделување на наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ заврши 54. издание на Струшките вечери на поезијата. Наградите беа врачени на поетската интернационална средба „Мостови“. Струга во изминативе деновиве беше престолнина на поезијата. Признанието „Златен венец“,филигрански изработен ловоров венец, доби кинескиот поет Беи Дао, кој е 50-ти јубилеен добитник на ова високо поетско признание. Наградата му ја додели претседателот на Управниот одбор Славе Ѓорѓо Димоски. Наградата „Мостови на Струга“ за дебитантска поетска книга на...
Лицата со посебни потреби за авто обука најчесто користат сопствени прилагодени возила на нивните потреби
Post Views: 30 Законот за безбедност во патниот сообраќај пропишал услови лицата со посебни потреби да може да се обучуваат и да се стекнат со возачка дозвола. Лицата со телесен инвалидитет во обуките и полагањето за возачка дозвола најчесто користат сопствени прилагодени возила. Целосната обука може да се прави со лекарско одобрение во кое е нагласено дека станува збор за лице со посебни потреби и треба да користат возила со автоматски менувач, напоменува м-р Соња Шикалоска, сообраќаен инженер и сопственик на авто школата „Старс Инжeнеринг“. „Ние како авто школи немаме такви...
Објавен е тендер за изведба и реконструкција на улицата Абас Емин
Post Views: 22 Од 5 февруари започна објавата од страна на Министерството за транспорт и врски за избор на изведувач за целосна реконструкација на улицата Абас Емин. Со изборот на изведувач на градежните работи според тендерската процедура предвидена е сложена реконструкција. Одделението за комунаен фонд изработи неколку проекти . Средствата за овие зафати се во висина од околу 46 милиони денари. 26 милиони се обезбедени со заем од Европската банка за обнова и развој преку МТВ , информира Томе Нанески раководител на Фондот за Комунален развој. Работите се очекува да почнат на...
Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид се одржаа традиционалните „Прличеви беседи“
Post Views: 23 Традиционалните „Прличеви беседи“ се одржаа во НУ Библиотека “Григор Прличев“. За животот и делото на Прличев – Вториот Хомер беседеше проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ, со свои лични навраќања кон истражувањата на неговото творештво, нераскинливо врзано за Охрид. Беше промовиран Каталог на стари и ретки книги – издание на библиотеката, а промотор беше Богомир Наумоски, библиотекар – советник од Струга. Д-р Наде Караџовска, библиотекарски советник од Прилеп ја промовираше книгата „Библиотеката како медиум за комуникација“ од м-р Мариче Боздоганова, библиотекар...
Промовирана стихозбирката „Мојата шарена стихувалка “ од деветоодделнката Матеа Стоев
Post Views: 25 Со промоција на своето поетско првенче , стихозбирката ,,Мојата шарена стихувалка“ ученичката Матеа Стоев беше дел од програмата за одбележување на патрониот празник на ОУ ,,Григор Прличев “ Охрид . На промоцијата поздравен збор имаше директорката Ивана Маховска Шикалеска која ја искажа својата гордост што Матеа е ученик токму во нивното училиште и што ја имаат таа чест да бидат домаќини на промоцијата на нејзината прва стихозбирка, токму во деновите кога се празнува делото и ликот на великанот Григор Прличев. „Не само Григор Прличев Сердарот туку и ние...
ОУ „Григор Прличев“ го чествуваше името на големиот литературен деец чие име го носи
Post Views: 21 Општинското училиште Григор Прличев на достоен начин го одбележа името кое го носи на големиот литературен деец. Аманетот што ни го остави Григор Прличев е јасен, од овие школски врати да излегуваат способни и талентирани ученици кои ќе израснат во здрава младина, која ќе има свој став, истакна во обраќањето Ивана Махоска Шикалеска, в.д директор на училиштето. „Секогаш ќе се стремиме да едуцираме уште многу Прличевци кои ќе бидат светла точка не само на нашето училиште, туку и на целата младина и ќе го прослават неговото име високо издигнувајќи ловорики во...
Екипите на Комуналец подготвени за справување со снегот
Post Views: 21 Во градот и околината рано утрово наврнаа околу 9 цм снег. Екипите на ЈП Охридски комуналец од 4 часот изутрина се на терен и го расчистуваат снегот, информира Трајан Љаткоски , раковител на паркови и зеленило. Имаме доволно и механизација и човечки ресурси за да се справиме со снежните врнежи , вели Љаткоски. „Според прогнозите снегот беше очекуван Бевме навреме на терен излезени за расчистување со механизација во центаралното градско подрачје и косите улици, а потоа ги расчистувавме и улиците и тротоарите кон периферијата “, информира Љатксоки. Утрово и во...
ОУ „Григор Прличев“ со богата програма го одбележува својот патронат
Post Views: 23 Основното училиште Григор Прличев во кое учат над 1000 ученици од 1 до 9 оддоление со низа активности го одбележа својот патронат. Учениците од одделенска и предметна настава со отворени часови на еден поинаков и многу интересен начин ги презентираа своите активности и знаење по скоро сите предмети. Покажаа колку труд и знаење вложуваат во секојдвениот наставен процес. За некои ученици се интересни природните науки, а за други странските јазици, како што е тоа пример за неколку ученички кои по германскиот јазик планираат да запишат студии и да го изучуваат во...







