Автор: Валентина Неловска
Post Views: 178 По смената на Андон Бојаџи в.д директор на НП Галичица со соопштение до медиумите се огласи Координативното тело за соработка со институции кои имаат надлежности во сектор животна средина и клима. Центар за истражување и информирање за животната средина Еко-свест, Македонски Зелен Центар, CNVP Македонија, Движење на екологистите на Македонија , ФРОНТ 21/42, Здружение за заштита на животни Анима Мунди и Здружение на инженери за животна средина бараат преиспитување на владината одлука за смена на в.д. директорот на НП Галичица, дипломиран шумарски инженер, со 25 годишно...
Константин Георгиески е вршител на должност градоначалник на општина Охрид
Post Views: 147 Д-р Константин Георгиески е нов вршител на должност градоначалник на општина Охрид. Георгиески функцијата ќе ја обавува до распишување на предвремените локални избори кои најверојатно ќе се заедно со претседателските на пролет. По прераната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски и запазување на законската простапка Советот на општината пристапи кон избор на вршител на должност. Константин Георгиески како досегашен заменик градоначалник беше предложен и избран од охридските советници. Не сум среќен и задоволен што во вакви околности сум избран за градоначалник,...
Вработените од НП Галичица бараат д асе преиспита одлуката за смена на директорот Бојаџи
Post Views: 202 Со собир вработените од НП Галичица утрово го искажаа своето незадоволство од смената на Андон Бојаџи досегашниот в.д директор на установата. Решиле да излезат на мирен протест веднаш штом ја дознале веста од некои медиуми. Во текот на денот добија и официјална потврда за смената на Бојаџи. Бараат да се преиспита одлуката за смена на успешен вршител на должност кој успеал во изминатите месеци да го донесе паркот на ниво на вистинските европски паркови, порача Номче Новески од името на вработените во НУ НП Галичица. „ Да се смени човек кој за многу кратко време го...
Македонските алпинисти ќе имаат содржаен викенд во Охрид
Post Views: 203 Охрид ќе биде домаќин на Македонската алпинистичка федерација, а спортистите ќе реализираат богат алпинистички викенд. Љубителите на овој специфичен и екстремен спорт ќе се искачуваат на планината Галичица и ќе се прикажат филмови од планинскиот фестивал Ехо, а вечерва ќе ги презентираат врвните достигнувања и ќе се доделуваат награди. Алпинистичката македонска федерација ќе ја додели наградата Јован Ангелов Циго за најуспешниот алпинист во 2018 година, за најуспешната наврска и за млад алпинист. Македонските алпинисти во текот на 2018 имале успешна година, информира...
Започната законска процедура за избор на в.д Градоначалник на Охрид
Post Views: 187 Поради ненадејната, прерана смрт на градоначалникот Јован Стојаноски и престанок на функцијата, започната е законска постапка за избор на в.д градоначалник. Општина Охрид испратила известување до Министерството за локална самоуправа кое пак ја известило Владата за престанок на функцијата Градоначалник на Охрид согласно член 54 од законот за локална самоуправа. Во моментов во општината нема овластен потписник и администрацијата не може да прими плата. За да може локалната да функционира ќе се избира в.д градоначалник. Од општината велат дека со скратени рокови тоа...
Адаптација на Музеј на Археолошки вредности на Дебрца се планира во селото Требеништа
Post Views: 196 Во Музеј да се сместат вредните археолошки наоди и реплики на златните маски од Требеништа е планот на ЛС на Дебрца. Општината има намера јавно да ги презентира на едно место сите вредни артефакти пронајдени на археолошките локалитети во Дебрца. За таа цел ќе се адаптира сега руинираниот задружен дом во селото Требеништа, најавува градоначалникот Зоран Ногачески како идна заложба. Додава дека средства за таа намена ќе се користат од пред пристапните фондови на ЕУ. „ Сакаме да го пренамениме во Музеј во дом на археолошките вредности на општина Дебрца. Тука да се...
Амбициите на Дебрца општината да стане туристичка дестинација
Post Views: 156 Општина Дебрца во туристички цели ќе ги искористи културните, археолошките и природни вредности со кои е опкружена. Ова се идните планови и намери на општината која започна со првични археолошки истражувања на значајни локалитети. Како позначајни се споменуваат Требенишкото кале, кулите во Песочан и Годивје, како и локалитетот Градиште во Слатино. Тие се дел од проектот кој се релаира годинава ,а е насловен како „Дебрца археолошка топографија на стари градови и тврдини“. На бројни локалитети низ Дебрца работеа истражувачки археолошки тимови предводени од проф. д-р...
Германски експерт смета дека депонија во сливното подрачје на езерото е грешка
Post Views: 156 Зоран Ногачески, градоначалникот на Дебрца има нов аргумент со кој ќе го разубедува министерството за животна средина да не се гради регионална депонија во Годивје туку да бара друга локација во Југозападниот плански регион. Ногачески деновиве остварил средба со Манфред Шуберт, светски ескперт за енергетика кој има проектирано голем број фабрики за рециклирање и третман на отпад во Германија и светот. Градоначалникот го запознал експертот со решението дадено во Студијата за оценка на влијанието на животното средина за изградба на региоаналната депонија во Годивје. „...
ПОНТ финансиски на долг рок ќе го помага управувањето на НП Галичица
Post Views: 152 Националните паркови Галичица, Пелистер, Преспанско езеро и националниот парк Преспа кој ги опфаќа деловите во Македонија, Албанија и Грција ќе добиваат финансиска поддршка од Фондот за доверба Понт. Понт е добитник на наградата Pathfinder зa 2018 година меѓу 200 кандидати од целиот свет. Наградата се доделува за инвентивни решенија во заштитените подрачја. Фондот за природата Преспа- Охрид ја поддржува меѓугранична заштита на природата во екорегионот Преспа – Охрид кој ги опфаќа делови од Македонија, Албанија и Грција и вклучува 6 региони, напоменува Мирјам...
Со песна и игри одбележани деновите на македонската култура во „ Јахја Кемал“ во Струга
Post Views: 174 Со звуците на македонска песна и игра се одбележани денови на македонската култура во приватното средно училиште „ Јахја Кемал“ во Струга. Учениците танцуваа, играа и пееа, рецитираа и глумеа одломка од драмата „Парите се отепувачка“ од македонскиот драмски писател , стружанецот Ристо Крле. Во организација на оваа манифестација учествуваа сите ученици од 1 до 4 година, како и учениците од истоименото основно училиште. Сергеј Миладинов ученик од 3 клас беше дел од фолклорната група која изведе сплет игри од „ Повардарка“. Миладинов е задоволен од одржувањето...
Охрид доби етнолошка поставка
Post Views: 181 За прв пат Охрид доби целосна етнолошка поставка во рамките на Музејот Куќата на Робевци. Збогатена е богата постоечка збирка од археолошки артефакти со над 700 предмети пронајдени со најновите археолошки истражувања на Плаошник, Самоилова тврдина и Горна порта. Покрај тоа акцент е ставен и на етнолошките предмети од минатото на градот. Презентирани се најатрактивни предмети и облека од 19 век. Изложена е облека изработена од кадифе и срма од периодот на Ала Турка и од Ала Франга од свила и тантела, пропратени со уникатен филигрански накит, но и предмети од покуќнина,...
Навреме завршени проектите финансирани од средства за регионален рамномерен развој
Post Views: 160 Во Охрид и Дебрца се навреме завршени сите проекти за кои беа обезбедени средства од Југозападниот плански регион и општините. Министерот за локална самоуправа, Директорот на Бирото за рамномерен регионален развој заедно со претставници од центарот за југозападен плански региони и градоначалниците од Охрид и Дебрца га ги посетија детската градинка Развигорче на која беше реконструиран кровот, изградената пешачка патека кај Саат кулата и реконструираната училишна зграда во Волино. Сухеил Фазлиу, Министерот за локална самоуправа , изрази задоволство од реализираните...