Автор: Валентина Неловска
Post Views: 21 Две лица во Пештани се дале во бегство кога полиција го запрела нивното возило. Зад себе исфрлиле вреќа со 2 риболовни мрежи и 20 парчина риба Охридска пастрмка. Полицијата мрежите и уловената пастрмка ги предала во Хидробиолошкиот завод и работи на целосно расветлување на настанот по што ќе следи соодветна пријава. Оваа заплена се случила вчера, а денеска дополнителниот заменик министер во Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски имаше средба со началникот на СВР Охрид. „Треба да апелираме во моментов кога Охридско Езеро нема...
Продолжува проектoт за ретки болести за запознавање на пошироката јавност
Post Views: 22 Продолжува проектот за ретките болести за запознавање на пошироката јавност. Активистката Гордана Лолеска, заедно со охридското Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“ и оваа година ќе ја водат кампањата „Ги запознаваме ретките болести“. Лолеска вели дека оваа година вклучуваат нешто ново, а кое истовремено ќе биде и од едукативен, но и од информативен карактер, за ретките болести да се „доближат“ на пошироката јавност на Албански и Знаковен јазик. Пациентите со ретки болести кои се од албанска етничка припадност полесно ќе се информираат за ретките...
Oхриѓани наместо на скијање одат на летување во топлите краишта
Post Views: 21 Во овој зимски период охриѓани, но и граѓани од цела Македонија заминуваат на зимски одмор во познатите ски центри. Најмногу се барани аранжманите за зимување на дестинации во Бугарија и Србија, информира Јаким Маленко од ТА Вис пој. „Тоа се центрите во соседна Бугарија, Боровец и Банско. Од оваа година и Пампорово почна да станува интересна дестинација. Доста граѓани се одлучуваат да се одмараат и таму како помирно место и нешто ново. Во тој поглед , предност имаат соседните држави, покрај Бугарија тука е и Копаоник. Но, се патува и во останатите Европски...
Српската заедница во Охрид го одбележа празникот Св. Сава
Post Views: 24Стојмир Барач е еден од припадниците на српската заедница во Охрид и член на друштвото Коштана. Барач раскажува дека во Охрид е преку 5 децении, тука завршил училиште, се вработил, се оженил, создал семејство. Денес, празникот Св. Сава го одбележаа заедно со своите роднини, соседи пријатели со богата трпеза и музика. Раскажаува како Србите живеат во Охрид. „Српската заедница живее како сите граѓани во Охрид, ни добро ни лошо. Се снаоѓаме во ситуацијата такава како што е. Секој настојува да живее подобро и да му биде подобро. Тоа е исконски во човекот да се...
Корења од дрва и влажни марамчиња го затнувале колекторскиот систем
Post Views: 24 Интензивно се работи на прочистување на колекторскиот систем после 30 години од неговото ставање во функција за заштита на Охридското езеро. Екипите од Еко тим,Скопје, подизведувачи на хрватската фирма Индеко, која го доби тендерот за изведување на работите, кажуваат дека користат најсофистицирана компјутерска технологија во работата која се изведува без ископи. Започнале со чистење на пумпните станици од талог на суво, се мнуваат лежишпта и редуктори, вели Игор Атанасовски, машински инжинер од оваа фирма.Тој при тоа кажува кои се најчестите причини за затнување...
НУ НП Галичица нема повеќе да продава огревно дрво од сеча на шумата
Post Views: 18 Националниот парк Галичица, конечно, ја напушта доскорешната пракса на самофинансирање од продажба на огревно дрво од сеча на шума. Сега се свртуваат кон обезбедување на средства од туристички активности. Со тоа НП Галичица почна да го следи управувањето со природните ресури на национални паркови во западно европските земји, информира Андон Бојаџи од НП Галичица. „Во 2020 нема да има огревно дрво за продажба. Сите кои во минатото се снабдуваа со огревно дрво од ЈУ НП Галичица ќе треба да се обратат во Македонски шуми, шумско стопанство Галичица“, укажува...
МОН најавува реформи во средното стручно образование
Post Views: 20 Практична работа ќе се воведува во наставниот процес во сите стручни училишта. Се продолжува со започнатиот процес на реформи како што е примерот со дуалното образование во средното стручно улилиште „Св Наум Охридски. Ученици од електро- машинското училиште 2 години изведуваат практична настава во компаниите ОДВ, Костал и Леарница, а со поддршка од Делегацијата на Германското стопанство. Од примерот на ова училиште се констатира дека на овој начин учениците добиваат повеќе знаење и вештини и се поподготвени во производниот процес, кажа Мила Царовска,...
Засадени десетина садници на местото од исечените стебла кај каналот Студенчишта
Post Views: 18 Десетина нови фиданки се засадени кај каналот Студенчишта. Тие се посадени по сечата на повеќе стебла брези за кои Комисијата за сечење дрва дала согласност дека се опасни за минувачите, вели општинскиот портпарол Томе Џамтоски. „На секое пресечено дрво се разбира со дозвола од нашeто одделение за животна средина пропорционално на дебелината на исечените стебла се засадуваат 1, 2 или повеќе дрва“, вели Џамтоски. Општинскиот инспекторат е задолжен за контрола дали се почитуваа законските одредеби и решенијата од Комисијата која издала согласност дали се заменети...







