Автор: Валентина Неловска
Post Views: 174 Општинското средно училиште Св. Климент Охридски со свечена програма го одбележа патрониот празник. Средношколците од охридската гимназија нижат успеси и достојно се носи името на словенскиот просветител, а училиштето се вбројува помеѓу подобрите образовни установи во земјава. „ Според успесите сеуште сме на врвот на Републиката. Во однос на средните училишта резултати имаме на сите полиња. Последни ни се успесите од ноември од полето на науката каде што наши ученици постигнаа врвни резултати и добија награди од сите природни науки“, посочува Весна Цветкоска директор...
Фото клуб Охрид одбележува јубилеј две децении постоење
Post Views: 203 Членовите на Фото клубот Охрид со традиционална изложба посветена на Св. Климент Охридски одбележаа и јубилеј 2 децении постоење. 15тина членови на фото клубот презентираа 50тина уметнички фотографии. Клубот некогаш одржувал повеќе изложби , а сега се излагаат нивните уметнички фотографии два пати во текот на годината , на Денот на Езерото и на патронатот на градот Св. Климент Охридски. 20- те години постоење се потврда дека фото клубот се темели на чиста љубов, искрени и благородни намери на основачите долго да трае, истакна на свеченото отварање Ѓоко Симјаноски...
Мал број на охриѓани одбиваат да се попишат
Post Views: 165 На една недела пред завршување на пописот, пописните активности течат без проблеми во Охрид. Заклучно до 22 септември попишувачите направиле попис на 30.955 лица, 18.470 станови и 10.608 домаќинства, информира Станко Стојаноски, координатор на Регионално одделение за статистика Охрид и државен инструктор.Има минорен број на граѓани, исклучоци кои на некој начин го одложуваат попишувањето. Тоа не го прават директно туку ги враќаат попишувачите со изговор да дојдат за 2-3 дена. Со тоа на повидок се некои граѓани кои одбиваат да бидат попишани од нивни причини....
Се санира старата зграда на Маларична
Post Views: 186 Старата зграда Маларична од ЈЗУ „Здравствен дом“ после многу години се санира. Објектот е во лоша состојба изграден во далечната 1956 година. Тука голем број охриѓани и гости добиваат здравствени услуги од повеќе медицински служби меѓу кои итната медицинска помош, патронажната служба, стоматолошката служба и матични лекари по општа пракса. „ Настојуваме сега со санација да се тргнат азбестните плочи. Да се санира целосно кровот со квалитетен лим, стреите што се рушат да бидат опфатени со лим и да се фасадира од надворешната страна“, информира директорот на Здравствен...
Охридските земјоделци и овоштари имаат потреба од откупен-дистрибутивен центар
Post Views: 198 Се одржа презентација на нацрт верзија на физибилити студија за оправданоста од изградба на откупен дисктрибутивен центар. На јавна расправа охридските земјоделци и овоштари дискутираа за потребата од изградба на ваков откупен дистрибутивен центар во охридскиот регион. Претставници на Секторот за туризам и локален економски развој од Локалната самоупрва, која е нарачател на студијата, на овој начин ги согледува потребите и бенефитот од една ваква инвестиција. „ Физибилити студијата треба да каже дали има оправданост од изградба на откупен центар со параметри колкав...
Во Охридското езеро се евидентирани шест неавтохтони видови риби
Post Views: 461 Биолозите од Хидробилошки институт детектираа видови риби кои живеат во Охридското езеро ,а не се автохтони видови. Рибите јабанаџии, како што ги нарекуваат шесте видови веќе подолго време се одомаќинети во езерските води, информира Зоран Спиркоски од Хидробилошкиот институт. Нивната намера е да се справат со нив, вели Спиркоски. „Ние настојуваме тој проблем да се реши не само во Охридското езеро туку и во сите води во Македонија. Нашите слатки води се богати со ендемични видови риби кои може да бидат загрозени и се загрозени од оние кои се странци во тие екосистеми“,...
Средношколците неодлучни дали и каде да го продолжат образованието
Post Views: 247 Охридските средношколци ќе добиваат совети како и каде по завршувањето на образованието со проект „Креативни умови креираат иднина“ од „Инова Либ“, здружение за иновации во библиотечното работење. Во проектот е вклучена и охридската национална установа библотека Григор Прличев која ќе им помага при насочувањето на младите. Совети ќе се делат како да се снајдат на пазарот на трудот и како да го изберат соодветното високо образование информира Јелена Петровска библиотекар советник од Битолската универзиетска библиотека Св Клиемент Охридски и претседател на УО на „Инова...
Охридските советници едногласно изгласаа мерки за спас на плашицата
Post Views: 193 На вонредна седница охридските советници едногласно усвоија мерки за понатамошен спас на плашицата во каналот Студенчишта. За поморот на плашицата кој минатата недела се случи во каналот никој не сноси одговорност затоа што и никој не управува со езерото. Сега со мерки на Советот ќе се бара системско решавање на пропустите за во иднина да не се случуваат слични ситуации , се согласија охридските советници. Од Вмро Дпмне кои ја иницира вонредната седница произлегоа и предлог заклучоци за да се преземат активности за да се запрат еколошки катастрофи врз биодиверзитетот...
OУ „Зини Хани“ од Велешта остана без копјутери
Post Views: 185 Украдени се компјутери од основното училиште „Зини Хани“ од Велешта. Засега непознати крадци насилно провалиле во училишниот објект во петокот навечер. Мета на крадците биле монитори и куќишта и при тоа украле 14 монитори и 2 куќишта од марката (Хаир) Hair. Сторителите на кражбата насилно отвориле еден од прозорците на училницата, влегле ги украле компјутерите и мониторите и заминале. Висината на материјалната штета дополнително ќе биде утврдена. Увид на лице место направила екипа од Полициската станица од Струга од каде преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите. {loadposition...
Општина Струга ќе воведува ред во урбаниот хаос
Post Views: 155 Средување на урбаниот хаос во општина Струга е ставот на струшкото раководство и мнозинството советници. Со одстранувањето на урбаните објекти се засегнати сосптвениците на околу 150-тина објекти. Голем дел од нив се загрижени и раскажуваат дека објектите им се единствен извор на егзистенција. Една од нив е Мирјана Мирческа која има киоск и е без работа како и нејзината ќерка, а сопругот прима мала инвалидска пензија. „ Од киоскот живееме и нема од што друго. Немаме лекови да си купиме. Ме избркаа од работа, седам без пари и од кисокот барем малку да опстојуваме....
Нема капацитети и финансиски средства за одржување на заштитените подрачја во регионов и Македонија
Post Views: 179 Здружението „Центар за истражување и информирање за животната средина Еко-свест“ организираше работилница на тема „Иднината на управување со заштитените подрачја во Македонија“. Лоцирале проблеми, нивно надминување во пракса и измена на законската регулатива, информира Ана Чоловиќ Лешкоска од здружението Еко свест. Прогласуваме заштитени подрачја, а недостасуваат капацитети за нивно управување и финансиски средства за одржување, вели Чоловиќ Лешкоска од Еко свест.Нема развиени знаења за сите алтернативни начини за прибирање финансиски средства од еко туризмот,...
Од Охридското езеро извадени 12 километри потопени рибарски мрежи
Post Views: 135 Со помош на сонори, нуркачи, рибари и експерти од Хидробиолошкиот инситут од Охридското езеро се извадени вкупно 230 рибарски мрежи. Станува збор за 12 километри потопени рибарски мрежи кои со децении гнијат во длабочините на езерските води, а се сериозен еколошки проблем за животинскиот свет на езерото. Мрежите беа вадени во текот на кампањата 18 дена на Охридското езеро минатата година, информира Зоран Спиркоски од Хидробиолошкиот институт. „Сега со пилот проектот не е одстрането ни еден посто од она што се наоѓа во езерото. Од она што го имаме како сознание од...