Автор: Валентина Неловска
Post Views: 17 На вратата на ЦК секојдневно се појавуваат граѓани во социјален ризик кои бараат најразлични видови на помош , вели секретарот на ООЦК Мимоза Ставрева. Помагаме во различни ситуации со храна, облека, за лекување, со покуќнина, додава таа. Тоа го правиме преку различни програми, собирни акции и донации од општествено одговорни фирми и поединци. Минатата година помогнале на повеќе охридски семејства во социјален ризик и им овоможиле поудобен дом за живеење. „Направивме уредување на купатило, уредување дневна и детска соба или купување на неопходни технички апарати...
Формиран Меѓудржавен Комитет за заштита на Охридското Езеро под Унеско
Post Views: 29 За да се одржи статусот на Охридскиот басен како дел од културното и природно Светско наследство под Унеско од двете страни на езерото се формира Меѓудржавен Комитет за заштита, помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија. Едмонд Адеми, претседателот на Националниот комитет на Унеско, кажа дека во иднина двете земји ќе имаат обврски и задачи во процесот на менаџирање на сите активности кои се однесуваат на Охридскиот регион. „Сите одлуки ќе се носат со консензус било да станува збор за рибниот фонд, заштитата на културното и природното наследство...
Јавнатa хигиена секојдневно се нарушува од несовесни граѓани
Post Views: 16 Граѓани поединци сеуште се со ниска комунална свест. По улиците се фрлаат разни видови ситен отпад почнувајќи од догорчиња на цигари па се до хартиени паковки од чоколадо или пециво. Службите на комуналец се трудат да ја одржуваат хигиената на улиците и тротоарите и секојдневно метат големи количини на расфрлан ситен отпад, вели Љупчо Граданоски директор на ЈП Охридски Комуналец.„Улиците и тротоарите се метат од 5 часот наутро од единиците за јавна хигиена. Има потреба од чистење, има секојдневна собирање на поголеми количини ситен отпад. Не можам да...
ЈП „Билјанини Извори“ ќе ги заменува блокаторите со платни налози за неплаќачите на јавниот паркинг
Post Views: 22 ЈП „Билјанини Извори“ ќе ги заменува блокаторите со платни налози за неплаќачите на јавниот паркинг. Оваа мерка ќе се применува од 20 јануари за неплаќање на користен јавен паркинг во А и Б зоните, информира Гордана Јованоска директор на ЈП Билјанини извори кое стопанисува со јавниот паркинг простор во градот. Недиспциплинираните возачи ќе имат можност казната да ја платат веднаш или за 8 дена, а по истекот на овој рок се активира преку извршител. „Охриѓани се дисциплинирани плаќачи, но има луѓе кои се инаетат и не сакаат платат. Има проблеми, расправии со...
Во ОО ЦК граѓаните може да донираат разни делови од покуќнина
Post Views: 16 Охриѓани кои имаат вишок на покуќнина и мебел имаат моженост да ги донираат во ОО на Црвен Крст. Тие ги кординираат потребите на граѓаните во социјален ризик со граѓаните кои имаат нешто да подарат, информира Сашо Точков, претседателот на ОО ЦК. „Се јавуваат луѓе во Црвен крст. Пуштаме наша екипа да види дали мебелот е функционален, се сликаат понудените делови од покуќнината во каква состојба се. Потоа од нашата дата база на податоци ги контактираме лицата од социјален ризик кои имаат потреба од разни видови на мебел“, објаснува Точков како функционира...
Во охридското село Куратица се одржа Курајчкиот Карневал
Post Views: 22 Боки 13 и Катица Јанева, но и многу други маски продефилираа, синоќа, на традиционалниот Курајчки карневал. Голем број на гости и учесници беа дел од традиционалниот карневал кој е со долга традиција во ова охридско село и годинава се одржа по 22-ри пат. Со музика, песна и смеа се одбележа празникот Василица. Василичарите беа маскирани и на шегобиен начин преку различни маски придонесоа за веселата празнична атмосфера. Беа прикажани разни маски инспирани од многу теми, а не изостанаа секако и политичките случувања во земјава. Месната заедница од село Куратица,...
Земјава минатата година бележи поголем број на посети и ноќевања од туристи
Post Views: 15 Во пораст е бројот на посетите на туристи во земјава , и на странските и на домашните гости, кажуваат податоците на Државниот завод за статистика.Според нивните податоци бројот на туристите во ноември 2019 година изнесува 64.458, а бројот на ноќевањата изнесува 135.866. За 2.6 % се бележи пораст на домашните туристи во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, а за 19.3 % е зголемен бројот на странските туристи. Бројот на туристите во ноември минатата година , во однос на ноември 2018 година, е зголемен за 13.2 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за...
Дефект на возило за собирање отпад привремено ги затвори контејнерите за селектирање пластичен отпад
Post Views: 18 Во празничните денови на неколку локации во градот на еколошки свесните граѓаните им беше скратена можноста да го одлагаат пластичниот отпад. Специјалните садови за одлагање на пластика беа преполни и запечатени со леплива трака. Тоа се должи на дефект кај возило за собирање отпад па дојде до привремено затворање на контејнерите за селектирање на отпадот, информира Љупчо Грданоски, директор на ЈП Охридски Комуналец. „За празнење на садовите за селекција на отпадот е задолжено ЈП Охридски комуналец. Покрај подигање на пластичен отпад задолжено е и за хартија. Тоа...







