Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Драстично опаѓа стапката на природниот прираст на населението во Охрид

Post Views: 139 Охрид има неповолен тренда на природен прираст на населението, покажуваат статистичките податоци по социјална медицина од Центарот за јавно здравје. Во анализираниот 5 годишен период од 2012 до 2017 година во градот има загрижувачки однос помеѓу наталитетот и морталитетот. Се евидентира најниска стапка на раѓање ,а највисока стапка на смртност со 12, 8 на 1000 жители, информира д-р Даниела Чингоска специјалист по социјална медицина и јавно здравје. „ Во 2012 година во регионот стапката на природен прираст изнесува 1,5 на 1000 жители , а во 2017 година се намалува...

Продолжи со читање

Семејното насилство и понатака зема замав во општина Охрид

Post Views: 127 Во општина Охрид семејното насилство и понатака е сериoзeн општествен проблем. Жените и децата се најчесто жртви на семејното насилство , информираат од Женскиот центар Бисера кои на сензибилизација на оваа тема работат повеќе од 24 години. „ Насилството сеуште зема голем замав иако се направени големи напори од НВО и институциите работат на тоа. Овој проблем постоел , постои и ќе постои. Но, наша задача како НВО е да направиме превенција да ја подигнеме свеста со години наназад ежработием на тоа јавно да се зборува. Залудно е ако ние говорием ,а жените таат и молчат...

Продолжи со читање

Се реновираат објектите на детската градинка „Јасна Ристеска“

Post Views: 144 Во време на пандемија се реновираат старите објекти на Јавната детска општинска установа Јасна Ристеска. Реконструирани се крововите на објектот  Росица, а од неодамна завршен е покривот и на објектот Билјана со средства со буџет од Јавната детска општинска установа „Јасна Ристеска“, информира Мери Рилковска, директорка на установата. За следната година се планира да се замени уште кровот на објектот Лихнида. Градинките добија нова дограма, се променија вратите и прозорците, посочува Рилковска. Скоро е се завршено со исклучок на економскиот дел во два објекти....

Продолжи со читање

Општите матични стоматолози незадоволни од предложените договори за работа со Фондот за здравство

Post Views: 175 Општите матични стоматолози се незадоволни од договорите за работа склучени со фондот за здравство и се во тешка финансиска состојба. Охридските матични стоматолози денес го изразија својот револт и проговорија во какви услови работат. Велат незадоволни се од просечните примања од околу 15.000 денари, од големите трошоци во работата, малите приходи и недоволниот број пациенти бидејќи луѓето се иселуваат. Сето тоа се одразува негативно врз нормално функционирање на стоматолошката служба. Стоматолозите кои имаат склучено договори за работа со Фондот за здравство не...

Продолжи со читање

Општина Охрид организира прва форумска сесија на тема „Зајакнување на општинските совети”

Post Views: 132 Општина Охрид денес ја организира првата од четирите форумски сесии од Форумот на заедниците. Тема на форумот е „Социјална инклузија“, а целта на сесиите ќе биде да се предложат и утврдат приоритетни проекти од областа на социјалната инклузија во општина Охрид. На форумот има три теми социјална заштита, култура и инфраструктура, информира Бојан Бојчески форумски модератор на општина Охрид. „ Денес во рамките на форумот граѓаните сами ја избираат темата на социјалната инклузија. Предлагаат и ги детектираат проблемите во локалната заедница и ги предлагаат решенијата....

Продолжи со читање

За ЈП Градски гробишта годината на заминување е повеќе од успешна

Post Views: 125 ЈП Градски гробишта бележи успешна деловна година. Во соработка со Локалната самоуправа се сработени над 30 проекти во висина од над 6,5 милиони денари , информира Ванчо Костоски директор на ЈП Градски гробишта. Работниците на претријатието биле ангажирани партерно да уредат простори пред разни објекти, плоштади, пешачки патеки и тротоари во градот и селата, како и во туристичките населби. „ Заклучно со извештајот од 1 .9. 18 приходите на ЈП се над 21 милион денари. Споредено со минатата година од нешто повеќе од 17 милиони денари до 1 октомври сме поуспешни. До...

Продолжи со читање

Општина Дебрца работи на донесување на урбанистички планови за село

Post Views: 160 Секторот за урбанизам при општина Дебрца работи на забрзување на постапките за изготвување на урбанистичка планска документација за населени места. Градоначалникот Зоран Ногачески вели, свесни се дека без урбанистички планови нема забрзан локален економски развој посакуван и од жителите , но и од политичарите кои тоа го ветуваа во предизборните програми. Кочница за просперитетот на општината се бавните постапки за урбанизација кој се заглавени во лавиринтите на министерството за транспорт и врски. Сега се бара забрзување на започнатите процеси од пред 3-4 години...

Продолжи со читање

Во СРЦ Билјанини извори приходите се зголемени за 100 посто

Post Views: 138 СРЦ Билјанини извори успеа да го подобри финансиското салдо на претрпијатието во изминатава година. Со подобрување на инфраструктурата на салата и спортските терени , со домаќинско работење успеавме да ги намалиме трошоците, а да ги зголемиме приходите, информира Гордана Јованоска директор на ЈП Билјанини извори. „ Ваквиот начин на работа вроди со плод. Приходите по сите основи се зголемени за повеќе од 100%. Од 1 ноември 2017 до 1 ноември 2018 ЈП има приход по сите основи од 32.008. 718,00 денари. Во овој период исплатена е и едната плата која јавното претпријатие...

Продолжи со читање

ЈП Градски пазар бележи финансиска стабилизација во работењето

Post Views: 98 ЈП Градски пазар изминатава година бележи добри финансиски резултати. Зад нас оставаме тешка година во услови кога во тек е изградбата на затворениот современ пазар, но сме максимално ангажирани со домаќинско работење да се намалат сите проблеми во претпријатието, напоменува Кристина Крлеска Деспотоска дирeктор  на  ЈП Градски пазар. „ ЈП во споредба со минатата година има зголемување на приходите по сите основи. Најмногу од дневната пазаришна такса со 100 проценти приход. Исто така и расходните ставки на претпријатието се сведени на минимум. Трошоците на претпријатието...

Продолжи со читање

Охридскиот градоначаланик даде очет за сработеното

Post Views: 101 Јован Стојаноски, охридскиот градоначалник, даде отчет за првата година од неговиот мандат. Во изминатиов период работевме посветено за подобрување на условите во сите сфери на општественото живеење, рече Стојаноски во своето обраќање пред присутните во преполната општинска сала. Градоначалникот наброја бројни проекти и изготвени стратегии со кои ќе се развива градот, менаџирањето со јавните претпријатија за финансиска консолидација како и раздолжувањето на општината. Во низата проекти се преземаат активности за разрешување на еден од најгорливите комунални проблеми...

Продолжи со читање

Охридските советници со предлози како да се подобрат ефектите од туризмот

Post Views: 181 Нацрт програмата за развој на туризмот во фокусот на интерес кај охридските советници. Опозицијата критикува што и по една година локалната нема изготвено стратегија за развој на туризмот и ги критикува измените на мерката за субвенционирање на станоиздавачите од мал обем. Советничката Лидија Петкоска од  Вмро Дпмне се огласи со предлог како да се подобри приходот од туристичка такса во општинскиот буџет. Од советот побара да покренат иницијатива до инспекциските служби и до Царинската управа во согласност со Законот за туристичка и угостителска дејност и почитување...

Продолжи со читање

Општина Охрид до крајот на годинава ќе го реши проблемот со напуштените кучиња

Post Views: 111 Општина Охрид до крајот на годинава ќе го реши проблемот со бездомните кучиња. Станува збор за мошне ургентен проблем кој локалната сериозно се зафати да го реши со организирање на прифатен центар на Мауцкер. 50-тина бездомни кучиња таму ќе добиваат хуман третман , информира заменик градоначалникот Константин Георгиески. „ Во соработка со Комуналец изработивме обемен проект. Со компании од градот кои донираа средства се изработени кафези. ЈП Охридски комуналец пристапи кон организирање на шинтерската служба. Набавени се возила за заловување. Тендерот за ветеринарни...

Продолжи со читање