Автор: Валентина Неловска
Post Views: 18 До крајот на јануари Делегацијата на ЕУ треба да го финализира процесот за избор на најдобри апликации поднесени на повикот преку Иновацискиот хаб за југозападниот регион. Татјана Мишова, научен соработник за врски од охридскиот Иновациски хаб, информира дека нивната улога е посредување во изработката и поднесувањето на апликациите за користење на грантови за покренување на сопствени бизнис компании, спин оф компании или самовработување. „Постои интерес за иновации од млади луѓе од регионот на Охрид и Струга. Шест апликации чекаат на одобрување на средства од...
Охридскиот бербер Шогун бесплатно потстрижува сограѓани од ранливата категорија
Post Views: 22 Беберот Неат Алим е единствениот во охридско кој во својата берберска работилница бесплатно потстрижува сограѓани од ранливата категорија. Алим, познат на охридската чаршија како Шогун , заедно со својот практикант Емин секој ден недела одвојуваат време за да потстрижуваат луѓето кои не можат да си го дозволат тоа. „Одлучивме еднаш во ден недела , секоја недела од 10 до 13 часот да одвоиме време за ранливата категорија граѓани кои не се во можност да го платат шишањето. Сакавме да им излеземе во пресрет и да ги потстрижиме бесплатно“, кажува Шогун. Шогун за...
Во Охрид регистрирани единаесет случаи на заболени од грип
Post Views: 26 Единаесет случаи на заболени од грип се засега евидентирани во охридскиот Центар за јавно здравје. Кај лицата заболени од грип во земјава е изолиран грипот АХ3Н2, додека за Охридско-струшкиот регион се чекаат резултатите од земените брисеви. Прв пат се пријавени 11 лица заболени од грип минатата недела. Дел од нив завршиле на инфективното одделение при Општа болница Охрид, информира д-р Јованка Стурлакова Коровешоска. Бројот на заболени од грип е поголем од 11, а заболените не се регистрирани заради празничните одмори. Пикот на грипот се очекува следниот...
Семејството Гигер ја понесе првата награда за најубаво украсен зимски двор
Post Views: 20 Првата награда за најубаво украсен зимски двор и балкон во Охрид ја понесе семејството Гигерови. Зимската, новогодишна бајка повторно царува во семејниот двор на Иванка и Бруно Гигер. Втората награда и припадна на Јована Бандиловска Јовановска , а третата заврши во рацете на Клаудија Арсенова. Семејството Гигер за украсување на својот двор одвојувале секој ден по 3-4 часа во текот на два месеци, а годишно издвојуваат и над 200 евра за купување на нови новогодишни реквизити.Ова не им е прва награда туку тие и се добро познати на охридската јавност. Со својот хуман...
Локалната работи на изработка на основен проект за изградба на ново школо и на доградба на градинката
Post Views: 31 Охрид е град во кој повеќе од 3 децении не е изградено ново училиште. Плановите на градоначалникот Константин Георгиески се дека градот заслужува да добие нов училишен објект и доградба на централниот објект на детската градинка Јасна Ристеска. Локалната самоуправа со сопствени средства и преку разни проекти постојано инвестира во реновирање на сите општински училишта, меѓу кои и во ОУ Григор Прличев кое по 6 години кон крајот на минатата година започна да работи со одблокирана жиро сметка. „Во поновиот објект на ОУ Григор Прличев е реновирана дограмата со пари...
Општина Вевчани се подготвува за одржување на празникот Василица
Post Views: 24Во Вевчани се прават последните завршни подготвки за одржување на традиционалниот Вевчански карневал на 13 јануари. Оваа вековна традицонална манифестација привлекува се поголем број гости во Вевчани за да бидат дел од карневалското случување. За претстојниот празник општината уште во текот на есента реализира бројни проекти и градежни зафати за да се подобри инфраструктурата. Завршени се градежните работи на мултифункционалната зграда, уличките се поплочени со камени плочи во должина од околу 1 км, а набавена е и нова механизација за зимско одржување на...
Градот се подготвува за претстојниот верски празник Водици
Post Views: 23 Охрид започна со подготовките за црковната и граѓанската прослава за одбележување на празникот Богојавление-Водици на 19 јануари. На големиот црковно-народен собир во Охрид и годинава се очекуваат голем број посетители. Тие ќе го проследат скокањето по светиот крст и осветувањето на водите на Охридското Езеро. За празнувањето да протече беспрекорно во организацијата на манифестацијата Водици се вклучени покрај МПЦ и Локаланата самоуправа, јавните претпријатија, Црвен крст. Верскиот дел согласно православните начела го спроведува Дебарско – кичевската епархија при...
Во општина Охрид над 5 илјади лица се на евиденцијата за вработување
Post Views: 24 Во охридската Агенција за вработување на листата за чекање работа до 30 ноември минатата година биле евидентирани 5515 лица. Од нив 2600 се активни баратели, а 2915 се пасивни баратели на работа. Целта на Агенцијата е што поголем број на вработувања и намлување на листата на невработени помагајќи им со низа мерки за самовработување. Невработените своите вештини и стручност можеа да ги реализираат преку оперативниот план за самвработување на Агенција. Само мината година им било овозможено на 40 невработени лица од Охрид да реализираат свои бизнис идеи и да се...







