Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Занаетчијата Драган Георгиески одржува бесплатни работилници

Post Views: 24 Охридскиот кожар, Драган Геориески, несебично ги споделува своите занаетчиски вештини за изработка на минијатурни бележници. Шест години организира бесплатни работилници за изработка на минијатурни бележници кои купувачите најчесто ги купуваат меѓу неговите многубројни кожени производи. Георгиески е единствениот меѓу охридските занаетчии, кој овозможува бесплатни работилници за заинтересираните туристи. Тие сакаат сами да си изработат кожен бележник и да го понесат како сувенир од престојот во Охрид, вели овој вреден занаетчија. „Во склоп на тоа гледаме дека...

Продолжи со читање

Врачена донација од специјални над душеци за неподвижните лица на геријатрија

Post Views: 22 Донација од 6 над душеци антидекубитални за потребите на неподвижни лица подари ЈП Билјанини извори за геријатриското одделение при Општа болница. За потребите на одделението, покрај душеците ЈП обезбеди и две ПВЦ врати. На лицата кои престојуваат тука им подарија и овошје за престојниот празник Божик. Како општествено одговорно ова јавно претпријатие, со својот хуман гест им ја честитаа Новата година со желби за подобро здравје на пациентите сместени на овој оддел, вели Гордана Јованоска, директор на  од ЈП Билјанини извори. „Од минатата година почнавме со еден...

Продолжи со читање

Во општина Дебрца ќе се градат две соларни централи

Post Views: 19 Потенцијалите со кои располага општина Дебрца ќе бидат ставени на користење за локалниот економски развој на оваа рурална општина. Во таа насока, изградба на две соларни централи, се дел од адутите кои ги има локалната самоуправа, информира градоначалникот Зоран Ногачески. Општина Дебрца го презеде управувањето со градежното земјиште и по завршување на парламентарните избори, од на пролет, веќе се очекува да се преземат иницијативи за искористување на сончевата енергија. „Сакам да потенцирам дека во завршна фаза сме со донесување на Урбанистичките планови, треба...

Продолжи со читање

Охридското Езеро не смее да претставува отпад за дотраени пловила

Post Views: 22 Усогласување на домашната со европската регулатива за внатрешна пловидба е еден од најважните приоритети оваа година на Капетанија на Пристаништата на Македонија. Секојдневно работиме на текстови и идеите кои треба да се имплментираат во Правилникот и Законот за да се доближиме до европските правила во пловидбата , вели Горан Устијаноски капетанот на Капетанија на Пристаништата на Македонија. „Огромен е проблемот со неприменливост на некои европски правила врз фактичката ситуација во која сега ние функционираме. Мора да има поголема прагматичност и да се...

Продолжи со читање

Првото бебе во оваа година е машко

Post Views: 20 Синчето  е  втора рожба на триесетгодишната мајката Нита Кркути од Дебар. Бебето дојде на свет во 13 часот и 13 минути. Новороденчето е здраво  бебе, родено  со тежина од 3600 грама, а долго 54 цм.Спонтаното породување го изврши медицински тим од гинеколошкото одделение при Општа болница Охрид,  предводено од гинеколог  д-р Мимоза Влаши Хиса, специјалист акушер и  неонаталогот д-р Зорица Стрезоска. Традиционално, се очекува мајката  и првороденото бебе во Новата година да ги посети градоначалникот Константин  Георгиески при што ќе им додели пригодни подароци. 

Продолжи со читање

Одблокирана жиро сметката на ОУ Григор Прличев после 6 години

Post Views: 19 Заврши агонијата за ОУ Григор Прличев по одблокирање на училишната жиро сметка. По долги 6 години сега ќе работи со одблокирана жиро сметка. Во изминативе две години ги исплативме наследените долгови во висина од 38 милиони денари кои беа причина училиштето да работи со блокирана сметка, рече охридскиот градоначалник Константин Георгиески. „Со овој чин едно од најстарите и најголеми училишта во Охрид ќе има можност нормално да функционира, да инвестира во инфраструктурата и во подобрување на квалитетот во образованието. Како и досега и оваа и другите училишта ќе...

Продолжи со читање

Стевче Стевоски, пензиониран инспектор од СВР Охрид, денеска на прес конференција, упати обвинувања до полициско безбедносните служби

Post Views: 18 „ Моето повикување на медиумите се однесува на моето  незадоволство, односно, реваншизмот што го врши СВР Охрид према мене и мојата фамилија. Имено, денеска,  преку Основното Јавно Обвинителство Охрид  до  Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесов  кривична пријава против вработени лица во МВР, УБК и АНБ бидејќи наведените лицата се сторители на едно кривично дело злоупотреба  на службена положба и овластување по чл. 353 ст 1 од Кривичниот Закон  и едно кривично дело  фалсификување на службена исправа по 361 ст. 1 и 2 од Кривичниот Закон. ...

Продолжи со читање

ЈП Градски гробишта ги сведе долговите кон доверителите скоро на минимум

Post Views: 22 Јавното претпријатие Градски гробишта ја завршува годината со позитивен финансиски резултат, споделува директорот Ванчо Костоски. Со домаќинско работење оваа година очекуваме да ја завршиме во позитива со 3 милиони денари, појаснува Костоски. „Очекуваме да бидеме во плус. Ги намаливме трошоците за суровините за 30 до 40 проценти од набавната цена на суровини кои ние ги користиме. Тоа се цемент, песок, бекатон. На пример да споменам  дека во 2017 година се набавувале по 415 ден бекатон плочките , а сега ние ги  набавуваме  250 денари“, вели Костоски.  ...

Продолжи со читање