Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Месец на книгата и во Охрид со мини саем во библиотеката Григор Прличев

Post Views: 163 НУ Библиотека „Григор Прличев“ и Матица Македонска организираат мини саем на книгата. Пет дена ќе трае мини саемот на кој ќе бидат презентирани повеќе од 200 наслови од домашни и странски автори.Настанот е во знак на одбележување на Месецот на книгата кој почна на 15 октормври и ќе трае до 15 ноември. Ова е можност љубителите на белетристика да набават за своите домашни библиотеки интересни наслови без да патуваат во Скопје. Благодарност до издавачката куќа  Матица Македонска ги има изложено своите книги. Но тоа не значи во иднина да немаме и други издавачки куќи....

Продолжи со читање

Најлонските ќеси стануваат луксуз од 1 декември

Post Views: 144 Се зголемува цената на најлонските ќеси, а граѓаните ќе треба да платат 15 денари за парче. Ова е најновата измена со стапување на сила на новиот закон за управување со пакувања и отпад од пакувања кој треба да ја намали употребата на пластични ќеси. Здравко Савески од Иницијатива за забрана за употреба на пластични ќеси, вели донесувањето на овој закон е за поздравување, но со задоцнување од 1,5 година. Напоменува дека постоела ваква забрана во Македонија од 2012 година која не ја намалила употребата на пластични ќеси, туку земјата се преплавила со ваков отпад....

Продолжи со читање

Затајува земјоделската инспекциска врз посевите во охридско

Post Views: 130 Еколошки свесни производители на овошје и зеленчук од охридско реагираат дека затајува земјоделската инспекциска контрола врз земјоделските и овоштарските плантажи. Во регионот нема контрола врз посевите иако државата за таа цел има обучено 15 инспектори , инфромира охридскиот овоштар и земјоделец Ванчо Стојаноски . „ Не сме имале контрола. Во една прилика реков државата обучи инспектори ама најдобро е ние д а си донесеме инспектори од Германија. За жал ние сме подмитливи и коруптивни во најголема мерка инспекторите не работат како што треба. Во нашиот регион досега...

Продолжи со читање

Проаква го доби во владение водоводот во селото Долно Лакочереј

Post Views: 119  Од денес МЈП Проаква го презема во владение водоводот на месната заедница Долно Лакочереј. Најавуваат дека управувањето со останатите селски водоводи ќе следува наскоро. Советот на општина Охрид даде согласност за предавање во владение почитувајќи ги најновите измени во Законот за вода. Со тоа водоводното претпријатие Проаква гаранатира дека жителите од ова охридско село ќе пијат и ќе се снабдуваат со квалитетна вода. Покрај тоа ќе имаат и техничката поддршка за сите проблеми кои ќе се случат на цевководот, информира Владимир Алексијоски директор на МЈП Проаква....

Продолжи со читање

ЈП Охридски комуналец доби „пајак“ возило

Post Views: 118 ЈП„ Охридски комуналец“ доби пајак возило. ЈП Паркинзи од град Скопје како донација отстапи пајак возило на град Охрид. Комуналец, сега со две возила, ќе ги засили интервенциите по налог на сообраќајната полиција за непрописно паркирање на возилата. Љупчо Грданоски, директор на ЈП Охридски комуналец се заблагодарува на донацијата од град Скопје на специјалното возило кое ќе се користи за нивни интерни потреби, но и за подигање на возила кои не ги почитувале сообрќајните прописи. „Сето тоа значи таа дејност ќе ја работиме со две возила со што бројот на неправилно...

Продолжи со читање

Советниците од двата блока не дадоа зелено светло за висококатници во центарот на Охрид

Post Views: 101 За прв пат по една година од формирањето на новата постава на ЛС пред советниците беше ставен на усвојување нацрт урбанистичкиот план за УЗ 2, УБ 2.3 , опфат 5 КО Охрид 3 за планскиот перид 2013-2018. Планерот со нацрт урбанистичкиот план предлага на постојните објекти да се доизградат катови. Советниците од Вмро Дпмне реагираат дека доколку се усвои нацрт планот ќе се овозможи изградба на висококатници кои пак ќе имаат урбана деградација во строгиот центар на градот. „Ние како град треба да имаме Стратегија за урбанизмот во градот. Ова точка што е денес на дневен...

Продолжи со читање

Царинската управа започна да го промовира концептот овластен економски оператор

Post Views: 173 Транспортерите, увозниците, извозниците, производителите и шпедитерите може да аплицираат за добивање уверение за овластен економски оператор. Со уверението кое ќе го издава Царинската управа на РМ ќе се олеснуваат царинските процедури. Македонските компании во меѓународниот синџир на снабдување ќе бидат признаени како безбедносни и сигурни со усогласени и ефикасни царински процедури. Станува збор за програма која воспоставува партнерски однос меѓу царината и деловната заедница информира Ѓоко Танасоски директор на Управата за Царина на РМ. „ Погодностите кои ги...

Продолжи со читање

Одржана втора јавна расправа за реконструкцијата на кејот

Post Views: 109 Општина Охрид одржа втора јавна расправа за реконструкцијата на градскиот кеј. Според проектот шеталиштето ќе се реконструира во должина од еден км од пристаништето до хотел Милениум, а во ширина ќе се продолжи во езерските води за 96 цм . Реконструкцијата ќе чини 1,2 милини евра финансиски средства кој ќе се обезбедат за проектот од Светска банка и дел од буџетот на општината. „ Неопходна е реконструкцијата на кејот. Проектот е одобрен од сите институции, од Управата за заштита на културното наследство, од Министерството за животна средина , изработен е елаборат...

Продолжи со читање

Македонски археолози и архитекти учествуваа на работилница за дигитализирање на културното наследство

Post Views: 97 Археолози од Сај Арк на македонските колеги и архитекти им ги презентираа методите и технологиите кои ги користат при дигитализирање на културното наследство. Дигиталното документирање ќе почне на катедралната црква Св. Софија во Охрид. Археолозите од Сај Арк со својата работа ќе им помогнат на луѓето кои работат со управување и зачувување на културното наследство во обезбедување на инжинерски цртежи и детални мапи кои ќе помогнат во активното управување со локалитетите. Експертите од Сај Арк, непрофитна организација од САД, ќе користат различни технологии, дронови...

Продолжи со читање

Потребна едукација за производители на зеленчук и овошје

Post Views: 125 Тешко се менуваат производните навики на земјоделците и овоштарите во примена на третмани на земјата и културите. Ретки се прозиводителите на здрава храна кои се едуцирани како правилно да одгледуваат земјоделски и овошни култури со примена на природни и органски ѓубрива. Гордана Ристоска на 800 метри квадратни под пластеници одгледува раноградинарски култури , претежно домати и пиперки. Прима совети од стручни лица и разменува знаења со поискусни земјоделски производители. Таа напоменува дека внимава во изборот на препаратите за третирање на производите и почвата. „...

Продолжи со читање

(ОБНОВЕНО) ОД ДЕНЕСКА ДО ЧЕТВРТОК ГОЛЕМА НАТО ВЕЖБА ВО ОХРИД

Post Views: 180 Во тек е вежбата „Македонија 2021“ во организација на НАТО Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) и Центарот за управување со Кризи (ЦУК). На денешната церемонија на отпочнување на вежбата во поранешна касарна „Генерал Михајло Апостолски“ министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја нагласи важноста од цивилната подготвеност и одржувањето на континуитетот на функционирање на институциите при справување со кризни и сложени безбедносни состојби. Посочи на заедничките евроатлантски вредности кои се двигатели на меѓусебното приближување...

Продолжи со читање

Еленот се враќа на Галичица

Post Views: 163 24 срни и 6 елени наскоро ќе бидат донесени на терените во Националниот парк Галичица. Триесетината нови примероци на срни и елени ќе бидат украс на планината и атракција за посетителите, а ќе и помогнат и на природата во паркот , да се зачуваат пасиштата во високите делови на планаината. Станува збор за проект за формирање на репродукциски центар за елени , инфромира Андон Бојаџи дир на ЈУ НП Галичица. Проектот почна да се спроведува пред еден месец. Во 2018 година ќе се направат подготовки за формирање на репроцентарот и изградбата на неговите пропратни делови....

Продолжи со читање