Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Растат приходите од туризмот во државната каса

Post Views: 18 Македонските хотелиери задоволни од остварениот приход во туризмот во оваа година. Во нагорна линија оди приходот во државната каса од ова економска гранка. Во тоа голем удел има нашиот регион, вели Крсте Блажески, директор на хотел Дрим и претседател на ХОТАМ. „Очекуваме 2019 туризмот во Македонија да надмине 300 милиони евра. Од кои голем дел учество имаат туристичките објекти на охридско-струшкото крајбрежје. Следната година очекуваме според најавите да е уште подобра од 5 до 10 проценти“, вели Блажески од Хотам. Најчести посетители на нашето крајбрежје се...

Продолжи со читање

ОО ЦК започна повторно да прима донации од облека и обувки

Post Views: 12 Хуманите граѓани може повторно да ги доставуваат донациите во просториите на ОО ЦК. По неколкумесечниот прекин заради реновирање на магацинскиот простор е овозможено повторно прифаќање на донациите од хуманите сограѓани, вели Сашо Точков, претсeдател на  од ОО ЦК. „Облеката да е користлива, да не е скината. Граѓаните да не носат отпад од дома секојдневно се среќаваме со такви злоупотреби. Апел до граѓаните да носат облека која е испрана, не мора да е пеглана, но да е употреблива за крајните корисници“, повикува Точков. Луѓето од ранливите групи имаат потреба од...

Продолжи со читање

Пецаков и Георгиески во вториот изборен круг за градоначалник на Охрид

Post Views: 18 Кирил Пецаков и Константин Георгиески ќе го трчаат вториот изборен круг за градоначалничката функција во општина Охрид. Предраг Васојевиќ, заменик претседател на ОИК информира дека според нивните неофицијални резултати кои што треба да бидат потврдени од Државната изборна комисија, Кирил Пецаков од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ е во предност од 2.120 гласа пред Константин Георгиески, кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.Под број седум за Кирил Пецаков од Вмро Дпмне и Коалицијата „Обнова на...

Продолжи со читање

Наскоро ќе се постави големата бова на пристаништето

Post Views: 22 Големата метална пристанишна бова е откачена под налетот на јужниот ветер кој го зафати езерото во изминатите денови. Бовите имаат голема улога во водната пловидбена сигнализација, вели Горан Устијаноски, капетан на Капетанија на Пристаништа на Македонија. „Ќе ја вратиме деновиве бидејќи е потребна за регулирање на водниот особраќај на пристаништето. Имаме бродови и катамарани кои во убавите зимски денови испловуваат на отворено езеро, па ќе биде вратена на постојното место“, информира капетанот Горан Устијаноски. Многу од наутичарите ја почитуваат, но има и...

Продолжи со читање

Усвоен основниот општински буџет во висина од околу 11 милиони евра

Post Views: 11 11 милиони евра е „тежок“ основниот буџет на општина Охрид за 2020 година. Вкупните приходи во буџетот се проектирани на износ од 1.231.170.000,00 денари, додека приходите само на основниот буџет се проектирани на 673.068.143,00 денари. Буџетот е развоен и креиран според потребите на Охриѓани, истакна градоначалникот Константин Георгиески. На денешната седница опозицијата го искористи правото за поднесување амандмани. Предложија 14 амандмани со дополнувања на ставки со кои предлагаа кратење на средства од ставките како што се собраќајна сигнализација, набавка на...

Продолжи со читање

Дедо Мраз им подели новогодишни пакетчиња на дечињата од најранливата категорија

Post Views: 19 Предновогодишна забава и подароци беа органзирани за најмладите Охриѓанчиња од ранливата категорија сограѓани. Децата и нивните придружници имаа заеднички ручек со градоначалникот Константин Георгиески, кој им упати желби за среќа во новата година.„Сите сте значаен сегмент на нашето општество, а ние сме тука да креираме можности за подобар живот и надминување на социјалните разлики помеѓу сите граѓани. Општината тековно организира од програмата за социјална заштита со цел за подобро утро на сите“, кажа во своето обраќање градоначалникот Георгиески. Најмалите...

Продолжи со читање

Не работат семафорите во близина на крстосницата кај ОУ Христо Узунов

Post Views: 34 Вертикалната сообраќајна сигнализација на крстосницатата кај ОУ Христо Узунов подолго време е неисправна. Тоа ги загрижува родителите и жителите од тој дел на населбата пред се заради безбедноста на основците и пешаците. Станува збор за сериозен дефект врз   оштетена инсталација, информираат од Општина Охрид. „Во моментов не функционираат семафорите. Но, еве апел до учесниците во сообраќајот да бидат повнимателни на тој потег. За наредната година се предвидува да проработат.Станува збор за голем зафат, потребно е дсе да сече асфалтот за да се среди инсталацијата...

Продолжи со читање

Хотел Силекс по втор пат организира Новогодишен базар

Post Views: 21 На 30 и 31 декември во хотел Силекс ќе се одржи Новогодишен базар на охридски ракотворби. Главен организатор на предновогодишното случување е хотелот, а на него по втор пат ќе учествуваат десеттина излагачи. Драган Георгиевски, книговезец и изработувач на кожни премети е еден од учесниците на  базарот од минатата, а ќе учествува  и оваа година.„Побарувачката не е само на сувенири, туку и на други ракотворби и корисни предмети. На базарот може да се најде за секој вкус по нешто, секаков вид употребни и украсни предмети“, вели Георгиевски. Едно вакво случување е...

Продолжи со читање