Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Родителите бараат враќање на училишните кујни

Post Views: 99 Учениците од школска возраст се хранат катастрофално, а тоа лошо се одразува на нивното здравје.Здравствената стсистика воз мајва покажува дека децата се почесто заболуваат од анемија, дијабет и дебелина . Родителите исто така се загрижени за здравјето на основците. Загрижени за здравјето на децата кое се должи на неправилната исхрана спасот го гледаат во активирање на кујните каде што децата ќе добиваат нутритивно избалансирана храна. Прескокнувањето на оброците и лошата исхрана кај децата ,која најчесто се состои од индустриски продукти чипс, смоки, хабургери и...

Продолжи со читање

НП Галичица со проект од ЕУ доби ново теренско возило

Post Views: 116 Јавната установа НП „Галичица“ го поднови возниот парк со ново теренско возило. Со проект од ЕУ доби на располагање возило за подобро управување со заштитеното подрачје. Проектот има три компоменти кои опфаќаат : формирање арборатум околу центарот за посета, формирање на репроцентар за европски елени и ревизија на програмата за долгорочен мониторинг на биолошката разновидност, информира директорот Андон Бојаџи . „Во рамките на проектот добивме теренско возило кое ќе се користи за активности поврзани со спроведување на проектот, но и за редовни активности кои ги...

Продолжи со читање

Охридското стопанство има потреба од сите стручни профили

Post Views: 105 На пазарот на труд се чувствува недостаток од сите профили. Охридското стопанство е гладно за одредени стручни кадри со високо техничко образование, но и среднисти и занаетчии. На пазарот на труд има потреба од електротехничари, градежни работници од повеќе профили , заварувачи, машински инжинери, вели Маја Биткоска Ташковска директор на Агенцијата за вработување. „ Има голема побарувачка за возачи но и нив ги нема на пазарот на труд. А побарување има. Владее незадоволство од понудената плата особено кај возачите кои возат во странство“, вели Биткоска Ташкоска.Недостасуваат...

Продолжи со читање

Започна акцијата за рушење на дивоизгрaдените објекти на двата кеја од Дрим

Post Views: 157 Во Струга, почнаа да се отстрануваат дивоизградените објекти поставени на јавни површини на двата брега од реката Дрим. Вчера заврши рокот кој струшкиот градоначалник Зијадин Села им го даде на сопствениците  сами да ги отстранат дивоградбите. Од денес, со полициска асистенција, започна акцијата на фирмата за уривање која беше избрана на тендер, да ги руши објектите чии сопственици  одбија сами да ги отстранат дивоградбите. Акцијата градоначалникот Села ја најави уште во месец мај, а денес започна со нејзино спроведување. Од Коалицијата за подобра Струга, Перо Петкоски ...

Продолжи со читање

Одливот на младите лица негативно се одразува на пазарот на трудот

Post Views: 141 Ирена Шулеска од неодамна е дипломиран економист. Оваа млада еконмсомистка е во потрага по работа во својата струка. „ Скоро дипломирав во јули. Досадно ми е да седам дома сакам со нешто да се надоградуавме себе си“, вели Шулеска. На пазарот на трудот има се помалку млади квалификувани кадри и занаетчии. Повеќето бараат начини да заминат во странство заради подобра зарабоувачка. Оние кои останува тука не се задоволни од платата и условите за работа кои ги нудат работодавачите. Одливот на младите лица од земјава негативно се одразува на пазарот на трудот. Маја Биткоска...

Продолжи со читање

Доделени сертификати на 12 парамедици

Post Views: 212 Дванаесетмина охридски средношколци се здобија со сертификати за парамедици. Елиса Ибраим , ученичка во 4 клас од средното медицинско училиште Св. Кирил и Методиј е една од парамедиците кои се стекнаа со Сертификат ( Pre Hospital Trauma Life Support). „Самата обука е надградување на нашето знаење и еден плус во нашите чекори кон  подобра медицинска иднина која за нас е многу важна како средношколци медицинари, “вели Ибраим. 12 волонтери на Црвен крст Охрид беа избрани според посебни критериуми од страна на инструктори-парамедици од Националниот здравствен сервис...

Продолжи со читање

Даниел Новиќ со коктелот „Руби Буби“ победник на „Вигор бармен купот“

Post Views: 142 Охриѓанецот Даниел Новиќ со подготвениот коктел „Руби Буби“ го освои жирито на „Вигор бармен купот.“ Добитник е на првата награда на државниот натпревар кој се одржува по 10-ти пат. Вкусот и изгледот на долгиот освежителен пијалок подготвен од водка, шток крем, сируп од бело чокалодо, сируп од карамела и сок од црна рибизла, креација на Новиќ од хотелот Су беше полн погодок за судиите да му ја доделат првата награда. Новиќ вели голема чест мие што ја добив наградата и с енадева дека коктелот ќе влезе во менито на коктели. Во иминативе 7 години е добитник на број...

Продолжи со читање

Општина Охрид бара лица за изработка на проекти за користење на ЕУ фондовите

Post Views: 176 Локалната самоуправа ќе ги зајакнува администартивните капацитети за да ги искористи можностите за финансирање на проекти од европските фондови. Во тек е јавен повик за пријавување на лица кои ќе бидат ангажирани во општински тимови за подготвување на техничката документација, информира Томе Џамтоски портпарол на општина Охрид. „ Ние очекуваме да има интерес . Повикот ќе трае до 12 октомври. Постоечката општинска администрација, а и одделението на Тлер ќе имаат квалитетни луѓе кои ќе се приклучат со подготовка на проектна документација со која ќе се настапува пред...

Продолжи со читање

Охрид е домаќин на државниот натпревар во подготовка на коктели

Post Views: 111 Дваесетина бармени од земјава во охридскиот бар Куба Либре ќе се натпреваруваат во подготовка на коктели на државниот „Вигор бармен куп“. Со својата инвентивност во подготовката на освежувачките долги пијалоци тие треба да внесат своја креативност и да покажат дека се најдобри. Бармен купот е под покровителство на хрватскиот бренд Бадел и се одржува веќе 10 години. На почетокот Македонија имала повеќе бармени , но сега нивниот број е преполовен , вели Јане Јанев од „Вигор Бадел“. „ Во Европа се подобрува коктел културата и се повеќе платени, а овде бармените не...

Продолжи со читање

Годинава охридските ресторани и туристички водичи останаа без награди од Министерството

Post Views: 117 На листата на наградените ресторани и туристички водичи од министерството за економија и годинава нема нити еден охриѓанец или охридски угостителски објект. Познатиот охридски угостител Љупчо Патчев на прашањето зошто во изборот ги нема угостителските објекти од охридско – струшкото крајбржје, вели се се решава во престолнината на земјава. „ Јас секогаш кажувам туризмот е во Скопје и таму во престолнината се решава за се. Нас не ни требаат награди, награда ние тоа што не има во светските весници Фолкс, новинските агенции SNN I BBC, во написите за Охрид и за...

Продолжи со читање

Одбележан христијанскиот празник посветен на мачениците Вера,Љуба, Нада и мајката Софија

Post Views: 107 Одбележан христијанскиот празник посветен на Вера, Љуба, Нада и мајката Софија во истоимената црквичка во Лагадин . По 18 пат се одржа голем црковно народен собир на кој од година во година доаѓаат се повеќе и повеќе верници од Охрид , но и од другите градови. Во малата црквичка на 30 септември, верниците ги слават љубовта , верата , надежта и мудроста. Малиот параклис е изграден од познатиот охридски угостител Љупчо Патчев по повод одбележувањето 2000 години од христијанството. Верниците доаѓаат да се помолат на овој ден кога црквата на крајот од септември го празнува...

Продолжи со читање

Една деценија хуманитарна акција „За посреќно детство“ на OO Црвен крст

Post Views: 114 Утре ќе стартува хуманитарната акција „ За посреќно детство“ во организација на ОО Црвен Крст. Средствата собрани од продажбата на учеснички броеви ќе бидат наменети за помош на децата од социјално загрозените семејства во Охрид и Дебарца. Големата хуманитарна спортско-рекреативна акција ќе започне со трка од плоштадот „Крушевска република-Чинар“ до градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“. Охриѓани преку многу спорт, едукација, дружење, забава, хуманост и многу награди ќе им помогнат на децата кои имаат потреба од помош. Нивниот број е во пораст посебно на лицата...

Продолжи со читање