Автор: Валентина Неловска
Post Views: 105 На охридско – струшкото крајбрежје се повеќе се чувствува недостиг од хотелски капацитети, посочуваат хотелиерите. Сегашните 7000 легла во хотелските сместувачки капацитети на крајбрежјето се недоволни. Со изградбата на 10 – тина хотели, со по 200 соби или околу 10.000 легла, би ги задоволиле потребите, напоменува Крсте Блажески претседателот на Хотам. Министерот за странски инвестиции Зорица Апостолска при работната посета на Охрид информира дека странски инвеститори се заинтересирани за вложување во туризмот на крајбрежјето. „ Од аспект на инвестиции...
Во земјава во пораст е интересот за бизнис инвестиции во разни области
Post Views: 108 Охридски бизнисмени се сретнаа со министерот за странски инвестиции Зорица Апостолска, претставници од Фондот за инвестиции на РМ и градоначалникoт Јован Стојаноски. На средбата беа презентирани мерките од трите столба на планот за економски развој. Во првите шест месеци од годинава се чувствуваат резултатите од владините мерки за поддршка на домашната економија, кажа Апостолска. Во пораст се бруто домашниот производ од 3,1 проценти, 5,5 проценти индустриското производство, расте извозот, за околу 6 посто се зголемиле платите, ги наброја економските параметри министерката...
Во тек е чистењето на каналите и речните корита во Охрид
Post Views: 137 Во делови од Охрид каде што се речните корита на Грашница, Коселска и Сушица и каналите започнато е нивно чистење од наноси на тиња, песок и ѓубре. Водостојот на реките е намален и сега е најпогодно време за чистење на коритата на деловите за кои Локалната самоуправа има ингеренции, вели Томе Нанески од Фондот за Комунални дејности. „ Започнато е чистењето на речното корито на реката Грашница на потег од улицата Туристичка до улица Железничка. Тука сме при крај со чистење. Утре завршуваме и ќе се префрлиме на каналот кај бензинската пумпа Лукоил. Потоа ќе се префрлиме...
Дивата депонија Мауцкер од утре ќе се покрива со земја
Post Views: 159 Дивата депонија на Муцкер, која „изникна“ во близина на северниот влез од Охрид, од утре ќе почне да се покрива со земја. Од Министерството за животна средина најавија дека имаат програма со која ќе ги расчистуваат дивите депонии. Градот пред 10 година наместо да добие слободна економска зона доби во непосредна близина еколошки загадувач за која сега нема пари да ја дислоцира депонијата. „ Ние го пратиме европскиот концепт за регионално управување со депониите и производство на енергија од нив. Тие европски вредности ќе доминираат во конечната одлука. 99 посто...
Охридските фризери незаинтересирани во дуќаните да примат калфи
Post Views: 116 Охридските фризери незаинтересирани да примат во своите дуќани калфи. Досега само 6 -мина фризери и фризерки побарале да примат 8 калфи кои по обуката ќе може да се стекнат со диплома и ќе може самостојно да работат, вели Сашо Богојески, претседател на Регионалната занаетчиска комора. Со тоа можноста која ја нуди Усаид за подобрување на занаетчиската дејност во земјава остана без поголема поддршка. Занаетчиите од Охрид, Битола и Прилеп имаат можност да примат калфи кои ќе им помагаат и ќе го учат занаетот. „ Немам одговор. Не ми е јасно наназад со години токму фризерите...
Општина Охрид ги сумира туристичките резулатати од летната сеозна
Post Views: 122 Туристичките работници и локалната самоуправа ги сумираат резултатите од годинешната туристичка жетва. Охридскиот градоначалник вели првичниот впечатокот е дека имавме одлична сезона. Но , додава дека за прецизни бројки и резулатати треба да се почекаат статистичките обработки за туристичката посетеноста и остварениот туристички промет. Сега сме во две фази на размислување како да се прошируваат хотелските капацитети и на кои туристички пазари Охрид да се продава како туристичка дестинација. „ Втор правец е да се донесат поквалитетни гости. Гости кои ќе поминуваат...
Охрид го одбележа Денот без автомобили
Post Views: 138 Охрид го одбележа Денот без автомобили. Општина Охрид е дел од семејството на градови кои го одбележуваат Денот без автомобили во рамките на „Европската недела на мобилност“. Утрово, вработените во локалната самоуправа дојдоа на работа пеш или со велоиспеди, а од одделението за животна средина одржаа предавање на тема Мултимодалност –„Комбинирај и движи се“. Низ охридските улици се одржа и велосипедско дефиле . Од името на Локалната самоуправа заменик градоначалникот Константин Георгиески упати порака до граѓаните. „Со мудро одбирање на секојдневниот превоз се заштедува...
Во пораст е бројот на корисници на гарантирана минимална помош во охридскиот центар за социјални работи
Post Views: 343 Охридскиот Меѓуопштински центар за социјални работи евидентира околу 700 корисници на гарантирана минимална помош кои се материјално обезбедени и 80-тина корисници на оваа помош кои се работно неспособни. Бројот на сиромашни граѓани оди во нагорна линија, укажува социјалниот работник, Горан Поп Марков, за социјалната слика во општина Охрид.Има благ раст кој од година во година се покачува и не е само резултат ковидот па да кажеме дека дојде до некој бум, експлозија, факт е дека живееме во сиромашно општество и штом расте бројот на семејства кои користат гарантирана...
Воена делегација од САД го посети ОУ„Братство Единство“ во Лескајца
Post Views: 112 Висока воена делагација, предводена од генерал – мајор Стивен Креј, командант на националната гарда на државата Вермонт од САД, го посети ОУ Братство Единство во налебата Лескајца. Гостите од САД остварија средба со вработените и учениците од оваа школа каде што настава посетуваат ученици од различни етнички заедници. Преку организацијата на УСАИД се реновирани голем број училишта во Македонија, а меѓу нив и во зградата на ова општинско школо. Прекрасно е да се видат плодовите од работата на УСАИД и во изградбата на побезбедна околина за учење на учениците,...
Од понеделник асфалт на улицата Распаќе
Post Views: 117 Улицата Распаќе, дел од региналниот пат Охрид-Радожда, од понеделник ќе почне да се афалтира. Возачите реагираат дека патниот правец започнал да се подготвува пред еден месец и сеуште не е асфалтиран. Сообраќајницата е фрекфентна многу често се вози не само по стариот пат кон Струга туку и кон специјалната болница за ортопедија Св. Еразмо. Возачите прашуваат кога ќе добијат асфалтирана улица. Веднаш по завршувањето на реконструкција на подолг патен правец во Струга ќе почнеме со довршување на започнатите подготовки за реконструкција, информира Крсте Ташкоски, раководител...
Државата не се откажува од изградбата на регионала депонија во општина Дебрца
Post Views: 113 Регионалната депонија сепак ќе се гради во општина Дебрца. Централната власт не се откажува од првичната идеја и покрај протестите на дебрчани од мината година со кои беа против изградба на депонија во нивната општина. Јани Макрадули, заменик министер за животна средина и просторно планирање е без конкретен одговор дали ќе се менува локацијата во селото Годивје или не, но информира дека отстапки од изградба на депонија од општина Дебрца нема да има. Напоменува дека експертите бараат најсоодветно решение и место за изградба на регионална депонија која треба да го...
Граѓаните треба да го препознаат историскиот момент за иднината на земјата
Post Views: 156 Членството во Нато алијансата е многу важно за нашата земја, покана имаме, но влезот во воениот сојуз ќе следи по завршување на евроинтеграцијата на земјава, рече Андреј Жерновски заменик министерот за надворешни работи. Добиваме поддршка од меѓународната заедница и останува на претстојниот референдум граѓаните да го препознаат историскиот момент за земјата, напомена Жерновски. „ Колку е важен референдумот говори фактот што некои наши пријатели од меѓународната заедница кажуваат дека е од историска важност, не само за Македонија туку и за регионот. Позитивните вибрации...