Автор: Валентина Неловска
Post Views: 13 Мартин Гоџоски, дваесет и пет годишен охриѓанец го фати крстот од осветените води на Охридското Езеро. Варошанецот Гоџоски беше најсреќниот меѓу бројните скокачи кои пливаа по чесниот крст.Речиси десет години наназад скокам во езерото за да го фатам крстот. Голема желба ми беше да го фатам, еве тоа се исполна. Чувството е прекрасно, мислам дека тоа ќе ми донесе многу среќа и благосостојба во фамилијата. За да стигнеш до Чесниот крст мора да постиш, да си внесен во верата и да ги почитуваш правилата на Црквата – изјави Гоџоски.Водици веќе два...
Ногачески: Исполнуваме домаќинско и одговорно управување со општинските ресурси
Post Views: 15 Зоран Ногачески, градоначалникот на општина Дебрца, даде отчет за двогодишниот мандат и досега сработените проекти. Кажа дека повеќето проекти кои им ги ветиле на граѓаните и ги реализирале. Пред се тоа се домаќинско, одговорно и транспарентно управување со општинските ресурси, рече на отчетот Ногачески. Наша заложба е Дебрца да биде еколошки чиста средина и заштитено историско и природно наследство и просперитетна туристичка дестинација. „Донесовме интегриран план за локален развој, локален економски акционен план, стратегија за енергетска ефикасност на...
Проф.д-р Чепреганов: За добра интерперсонална комуникација мора да има воспитување
Post Views: 20 Угледниот професор доктор Методи Чепреганов, специјалист по невропсихијатрија и епилептологија гостуваше во Охридската НУ Библиотека Григор Прличев. Пред голем број граѓани од Охрид, Струга, Битола и Скопје говореше на тема „ Агресија моќта на човечкиот деструктивен нагон“. При тоа професорот кажа дека постојат три екологии во битието на човекот, а негово подрачје е екологијата на духот. Тоа се меѓучовечките интерперсонални односи во секојдневниот живот. Проблемот во мојата земја е во неконтролираниот и деструктивен нагон, па затоа има тепачки, кражби, корупција...
Во Вевчани интезивно се гради
Post Views: 14 Убавото есенско време максимално се користи во Вевчани за да се завршат бројни градежни работи на повеќе локации во оваа мала општина. Зафатите на старата училишна зграда која беше запуштена и руинирана, сега се во завршна фаза за да се претвори во мултифункционален туристички центар. Со околу 1милион евра пари од УНДП овој центар ќе нуди повеќе содржини и ќе придонесе Вевчани да стане се поатрактивно рурално туристичко место, напоменува вевчанскиот градоначалник Сашо Јанкоски. „Сигурен сум дека ќе придонесе . Ние имаваме преку лето туристи посебно во зима кога...
Пчеларите стравуваат од невообичаените високи температури оваа есен
Post Views: 16 Пчеларите се загрижени од невообичаените високи есенски температури за овој дел од годината. Ваква есен досега не сме имале, велат со доза на страв пчеларите загрижени за опстанокот на пчелните семејства. Растенијата се уште цветаат, а пчелите неместо да презимуваат излегуваат и трошат храна и стравуваме дека нема да имаат доволно за преживување ако има долга студена зима, вели Ицко Китанечев долгогодишен охридски пчелар. Вообичаено пчеларите ги проверуваат пчелните семејства околу Водици кога се отвараат сандаците и се проверуваат каква е состојбата со храна,...
Лицата со инвалидитет реагираат на злоупотреби со паркинг места наменети за нив
Post Views: 19 Се узурпираат паркинг местата наменети за лицата со инвалидитет на паркиралиштата низ градот, реагираат лицата телесни инвалиди. Несовесни возачи постојано паркираат на места обележани за лицата со отежнато движење, без грам совест, вели една наша сограѓанка. Друг пак, реагира за читањето на картичките од страна на инкасаторите на рампите во Охрид. „Зошто автоматски не ја читаат нашата картичка би требало да ја читаат автоматите бидејќи ја читаат на патарина и на други места,напоменува лице со хедникеп. Венко Голабоски , претседателот на здружението Мобилност...
Хотелите на езерското крајбрежје распродадени
Post Views: 23 Целосно исполнети се сместувачките капацитети во поголемите хотелски комплекси на охридско струшкото крајбрежје. Гостите кои ќе одмараат во нашиот Охрид и Струга се претежно од соседството. Најбројни се гостите од Бугарија и Србија, велат директорите на хотелите. Генералниот директор, Анета Бар, од хотелот Инекс Олгица кажува дека се исполнети сите расположлви капацитетите со гости од Бугарија и Србија и помал број на македонски гости. Аранжманите се закупени претежно за три дена, а за Божик има најави за одмор на грчки гости. Гостите за дочекот на Нова година...
Поскапувањето на струјата негативно ќе се одрази врз рентабилноста на Јавните претпријатија
Post Views: 13 Поскапувањето на електричната енергија финансиски ќе ја оптовари Локалната самоуправа, а ќе ја доведе во прашање и рентабилноста на големите потрошувачи меѓу јавните претпријатија. Охридскиот градоначалник Кирил Пецаков за да се ублажи финансискиот удар од поскапувањето на електричната енергија најави дека општината ќе бара поддршка од државата. Катастрофална е состојбата во Локалната самоуправа во однос на електричната енергија и не само овде, туку во сите локални самоуправи, сите се среќаваат со овој проблем. Заедно преку заедниците на Локалната...







