Skip to main content

Данче Наумоска ја продолжува традицијата на бакарџискиот занает

Занаетите во минатото беа типично машки професии, но денес жените ги уриваат стереотипите. Во време кога занаетите изумираат, влеваат надеж оние кои ја продолжуваат традицијата. Тоа го прави и единствената жена бакарџија во Охрид,, Данче Наумоска таа го унапреди занаетот кој го наследи од татко си, изработува врвни уметнички дела од бакар.
 |  инфодеск  | 

Во време кога занаетите изумираат, влеваат надеж оние кои ја продолжуваат традицијата. Наследниците кои го унапредуваат семејниот занает. Таков е примерот на Данче Наумоска , таа  е единствената жена бакарџија во Охрид. Занаетот го учела од татко и, кој цел живот бил казанџија, но и се уште и помага во работилницита.

За разлика од минатото кога се изработувале казани и садови, таа денес  со своите вешти раце и креативност  занаетот го претвори во уметност. Од бакар прави реплики на златната маска и ракавица, но  и други автентични производи со охридски мотиви.

Вели, доколку човек во професијата се вложи со труд и љубов успехот е загарнтиран.

„За заработувачката  не можам да се пожалам, мораме со позитивна мисла како мислиме така ни се остварува Јас имам среќа што сум во Охрид и и имам потрошувачка меѓутоа во денешно време има и други алатки како што е технологијата доста развиена може да се продава и онлајнКо ќе се посвети човек на некоја работа и кога ја работи со срце секако дека ќе има успех. Исто така имам среќа што имам и поддршка од семејството“, Данче Наумоска – бакарџија.

Уште како дете била калфа во работилницита на татко и, но пред24 години одлучила да внесе новитети во занаетот. Занаетите се ракотворби и уметност, тие може да  се економски двигател, но и промотор на културата на една земја.

„Ја терам 24 та година од работата без да ги рачунам деновите кога бев помошник кај татко ми. Тој правеше казани, тепсии и тави а јас бев главен чирак. Почнав прво за себе па нешто да подарувам па почнав и да продавам така се роди идејата полека полека. Во сиот овој период јас истражував секогаш нешто ново да се внеси, поинаку затоа што она што е интересно и ново секогаш повеќе привлекува внимание “ , вели Наумоска.

Занаетите во минатото биле типично машки професии, биле ценети и од нив добро се заработувало. Денес голем дел се во изумирање, затоа е потребна поголема поддршка, субвенции, ослободување од даноци и слично, за мотивирање на младите да се насочат кон занаетчиство.

Новинар Соња Рилковска