Skip to main content

Ознака: Vodici

Обучени туристичките водичи од Охрид и Струга

Post Views: 102 Туристичките водичи од Охрид и Струга се здобија со нови знаења во својата област. Туристичките водичи од Охрид и Струга се стекнаа со нови знаења. На интерактивна обука тие презентираа свои сознанија за пристапот кој го имаат кон туристите. Размената на искуства и знаења, ја спроведоа стручни лица од ФТУ. Инструктор на туристичкото водење во доменот на природните вредности, беше проф. Науме Мариноски. Проф. Сашо Коруноски ги презентираше културните вредности, комуникативните активности  беа спроведени од страна на експерти од областа на оваа проблематика, а промотивните...

Продолжи со читање

Признаени водичи во Европа

Post Views: 81 Европа ги признава македонските лиценцирани планински водачи. Нашата земја сеуште нема законска регулатива за да ја признае оваа професија, затоа дивите водичи прават нелојална конкуренција. Професијата планински водич  на ниво на нашата земја е девалвиран. Тоа е од причина што сеуште оваа професија не е влезена во законски регулатива.Шест часа прошетка во планина со обучен водич чини 50 евра. Во Македонија посебно во Охрид голема е потребата од планински водачи. Во нашиот град има 7 обучени професионални планински водачи. „Ние имаме планинска асоцијација на интернационални...

Продолжи со читање

Водич за пациенти, наскоро во Охридската болница

Post Views: 108 Пациентите во Јавната здравствена установа „Општа болница“- Охрид, низ 19-те болнички одделенија, наскоро ќе бидат придружувани од водич. Целта е потранспарентен и  похуман контакт на пациентите со болничкиот персонал. Станува збор за примена на вообичаена практика  во светските здравствени центри, а  во интерс на заштеда на времето и болничкиот денар на пациентот и  во насока болниците да бидат поекспедитивни и потранспарентни.  Ова е најновиот проект на Министерството за здравство кој се планира да стартува од почетокот на идниот месец. Лицето кое ќе ја обавува оваа...

Продолжи со читање

Секакви туристички “водичи“ шетаат низ Охрид

Post Views: 192 Бугарски и грчки туристички водичи, испревартувајќи ги фактите, им раскажуваат на гостите за културно- историското богатство на Охрид. „Ова особено е чест случај за време на викендите кога надлежниот инспектор не работи“ , објаснуваат од Здружението на туристички водичи- Охрид. „ Ние сме најзасегнати бидејќи ни ја земаат работата“, вели претседателот на здружението, Стевчо Каневче.Од Инспекторатот по туризам признаваат дека тешко се справуваат со т.н. диви туристички водичи. „Имаме право да изречеме мандатна казна од 100 евра и глоба од 700, но ако странскиот државјанин...

Продолжи со читање

Митко Топејнчаров по четврт пат го фати чесниот крст

Post Views: 245 Топенчаров беше најсреќниот од над 1.000- те капачи кои запливаа во студените езерски води. Не ја открива тајната- како да се биде најумешен и да се извлече крстот од езерото.Над 20.000 верници и гости од соседните земји  присуствуваа на чинот на фрлањето на светиот крст во водите на охридското езеро.Манифестацијата започна во 9 часот со културно- уметничка програма и топла ракија која бесплатно се делеше на повеќе пунктови. Настапи познатиот македонски гитарист Влатко Стефаноски. Присутните ги поздрави градоначалникот Александар Петрески, а се обрати и македонскиот...

Продолжи со читање

Извршено примопредавањето на кумството за Водици

Post Views: 321 Новите кумови: Олег Маленко, Борис Маркулески и Христијан Шапкар најавија достоинствено и годинава- најмасовно одбележување на големиот верски празник. Во црквата Свети Никола- Ѓеракомиија денес се изврши примопредавање на кумството за Богојавление- Водици. Новите кумови Борис Маркулески, Олег Маленко и Христијан Шапкар се заблагодарија за укажаната чест. По повод одбележувањето на големиот весрки празник, во понеделник, најавија вистински спектакл.Како што истакна Борис Маркулески, еден од кумовите на манифестацијата, направено е се за манифестацијата да биде што...

Продолжи со читање

„Богојавление Водици 2009“ ги доби новите кумови

Post Views: 148 Традиционално, на денешниот голем христијански празник Пречиста избрани новите кумови на манифестацијата  „Богојавление Водици 2009“.  Христијан Шапкар, еден од сопствениците на компанијата АМАК-СП, Олег Маленко, од туристичката агенција „Вис пој“ и Борис Маркулески, сопственик и менаџер на хотелот „Тино“  се  новите кумови на  манифестација „Богојавление Водици 2009“. Ова е одлука на Управниот одбор на Здружението „Богојавление“. Новите кумови не го кријеа задоволството што токму тие се избрани за да ја извршуваат оваа света должност.„Му се заблагодарувам на здружението...

Продолжи со читање

Во Струга туристички водич нема ни за лек

Post Views: 157 Од 4 евидентирани само еден е ангажиран и тоа само повремено. Експертите предупредуваат, Струга вака не развива туризам. Струга нема туристички водичи. Додека во Охрид има голем голем број такви лица, легални и не легални, во Струга нема. Досега до Агенцијата за развој на туризмот се евидентирани само 4 туристички водичи од Струга. Од нив, ТВм дознава дека оваа функција во моментов  ја врши само еден, и тоа ретко кога е ангажиран.Струга има голем потенцијал и актрактивности кои туристите можат да ги видат. Пожелно би било на организираните групи  детално да им ја пренесе...

Продолжи со читање

Стружани масовно, излегоа за Водици

Post Views: 285 Ладното време не ги спречи Стружани заеднички да го прослават празникот Водици.Празникот Водици е еден од најголемите христијански празници. Познато е дека се славел уште во вториот век од христијанската ера, во спомен на Христовото крштевање.Кејот на дримот,чаршијата и балконите на околните куќи,денеска беа преполни со Стружани кои беа сведоци на осветувањето на водите во Дримотј.По светиот крст се фрлија околку 60 тина верници,со надеж,дека тој што ќе го фати чесниот крст, ќе има бериќетна година.Овој пат,среќата беше на страна на стружанецот  Томче Голабоски.На...

Продолжи со читање