Skip to main content

Ознака: sovet

Локален совет за превенција во Струга

Post Views: 233 Тој ќе се состои од неколку членови, а со него ќе заседава градоначалникот Рамиз Мерко.   ОБСЕ очекува со работата на ова тело   Струга ќе биде уште побезбеден град  за живеење.Струга е безбеден град, тврди првиот човек на општината Рамиз Мерко. Вели, горд е што е намален бројот на инциденти во градот, во голема мера е елиминиран криминалот и проституцијата. Надминати се меѓуетничките конфликти, кои беа помеѓу средношколците, а со тоа се надеваме дека Струга е на врвот на државно ниво како безбеден град за живеење, додаде градоначалникот. Од МВР велат дека така  може...

Продолжи со читање

Струшкиот совет заседаваше по 49-ти пат

Post Views: 168 Советниците ја покажаа својата хуманост, прифаќајќи ја предлог одлуката да му се помогне на семејството Даути.49-тата седница на советот на о.Струга им ја разбуди хуманоста на советниците. Советникот Беким Кица ја покрена иницијативата за да му се помогне на семејството Даути од село Радолишта.  Тие бараат од советот да им даде одобрение за изградба на куќа за семејството во кое живеат две деца со инвалидитет. Кица ги замоли неговите колеги да бидат хумани и да се одобри оваа предлог одлука со цел семејството Даути да биде ослободено од секакви трошоци при изградба...

Продолжи со читање

Денес се состанаа и струшките советници

Post Views: 625 Побараа од комуналните инспектори повеќе да се ангажираат. Меѓу другото, забележаа дека недостасува поголема евиденција на приватното сместување.Денешната седница на советот на општина Струга помина со малку дискусија. Се расправаше за тоа  колку од угостителите платиле за користење на јавната површина за време на летната сезона. Претседателот на комисијата за комунални дејности јавно кажа дека не бил задоволен од извештајот и правилникот за користење на градежното уредено земјиште на подрачјето на општина Струга,  кој до советот го доставиле комуналните инспектори....

Продолжи со читање

Милошоски и Коњановски на состанок на Северноатланскиот совет

Post Views: 112 Македонска делегација предводена од министрите за надворешни работи и за одбрана, Антонио Милошоски и Зоран Коњановски, денеска во Брисел, ќе одржи состанок со Северно-атлантскиот совет (НАЦ). На состанокот ќе учествуваат претставници и експерти од надлежните државни интитуции инволвирани во процесот на интеграција на Република Македонија во НАТО. Во име на Алијансата, со состанокот ќе претседава Генералниот секретар на НАТО, Јаап де Хоп Шефер. Состанокот на Северноатланскиот совет на НАТО (НАЦ) со Република Македонија е редовна средба на НАТО со земјите аспиранти...

Продолжи со читање

Советот на Европа треба да го разгледува извештајот за претседателските избори

Post Views: 130 Советот на Европа треба да го разгледува извештајот за претседателските избори во Македонија во рамки на редовната сесија на Парламентарното собрание во Стразбур, што почнува денеска.Свое обраќање на редовната сесија што ќе трае до 30. април, се очекува да имаат претседателот на Финска, Тарја Халонен, како и премиерот на Шпанија, Хозе Луис Родригез Запатеро.На сесијата ќе се разгледуваат и повеќе актуелни теми како хуманитарните последици од војната меѓу Грузија и Русија, состојбата со бранителите на човековите права во земјите-членки на Советот на Европа, акцијата...

Продолжи со читање

Македонија на Сесија на министерски совет на ОБСЕ

Post Views: 176 Македонска делегација од денеска ќе учествува на дводневната 16-та по ред Сесија на министерскиот совет на ОБСЕ што ќе се одржи во Хелсинки.Делегацијата ја предводи министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, кој ќе има свое обраќање на пленарната сесија.Според најавите, на маргините на министерскиот состанок за денеска е предвидено да се одржи состанок на земјите од Јадранската Повелба во проширен состав, меѓу кои САД, Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина на кој ќе присуствува и Србија во својство на земја набљудувач, како и земјите...

Продолжи со читање

Српскиот претседател ќе се обрати на Советот за безбедност на ОН

Post Views: 84 Седница на Советот за Безбедност на ОН ќе се одржи во Њујорк во петок 22 јануари и ќе биде  целосно посветена на Косово.На седницата на Советот за Безбедност покрај претседателот Тадиќ, ќе присуствува и министерот на за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ. Дневниот весник Политика пишува дека се засилуваат конфронтациите додека се чека  одлуката на Меѓународниот  суд на правдата кој треба да се произнесе  околу легалноста за прогласувањето на независноста на Косово.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал пред Советот за безбедност

Post Views: 111 Главниот обвинител на Хашкиот трибунал, Серж Брамерц в четврток ќе го претстави пред Советот за безбедност на ОН во Њујорк редовниот шестмесечен извештај за соработката на земјите од поранешна Југославија со судот.Во делот на извештајот за Србија, Брамерц истакнува дека е „задоволен“ од напорите што властите на Србија во моментот ги вложуваат за да ја комплетираат соработката со обвинителството во Хаг, пренесуваат српските медиуми.Според извештајот, најкритично преостанато прашање во соработката со Србија, останува пронаоѓањето и апсењето на двајцата бегалци Ратко...

Продолжи со читање

Србија протестира пред Советот за безбедност

Post Views: 107 Србија протестираше во Советот за безбедност (СБ) поради најавеното намалување на буџетот и бројот на членови на УНМИК во Косово.Ова го јавија белградските гласила, повикувајќи се на српското Министерство за надворешни работи.“Србија оценува дека во случај на намалување на буџетот и членови на УНМИК би била загрозена способноста на мисијата да администрира со покраината, и да го спроведе планот на Белград и ООН во шест точки“, се наведува во писмото доставено до СБ.Белград, од СБ на ООН, побара да преземе соодветни мерки за да се стабилизира ситуацијата околу УНМИК...

Продолжи со читање

Ангела Меркел бара формирање на Економски совет на ОН

Post Views: 126 Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска во Давос изјави дека светската економска криза би можела да резултира со формирање на Економски совет на Обединетите нации, по примерот на веќе постоечкиот Совет за безебдност.„Актуелната криза ја потенцира потребата за подобра меѓународна координација. Сите прашања со кои се соочуваме мора да бидат вклучени во повелбата за глобален економски поредок. Тоа би можело да доведе до формирање на Економски совет на ОН, како што е формиран Советот за безбедност по Втората светска војна“, истакна Меркел.Таа најави дека идната година...

Продолжи со читање

Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Post Views: 161 Советот за безбедност на ОН ќе одржи денеска вонредна седница посветена на ситуацијата во Газа, соопштија дипломатски извори.На седницата ќе учествува и генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, кој подоцна денеска заминува во еднонеделна обиколка на Блискиот Исток.„Запрете веднаш! Конфликтот веќе зеде доволно жртви“, изјави синоќа на прес-конференција генералниот секретар на ОН.Бан Ки-мун утре ќе пристигне во Каиро, за да се приклучи кон меѓународните напори за постигнување мир во Газа.Минатиот четврток Советот за безбедност ја усвои резолуцијата 1860, со која го повикува...

Продолжи со читање

Хрватска го презема едномесечното претседавање со Советот за безбедност на ОН

Post Views: 128 Хрватска, која е непостојана членка на Советот за безбедност на ОН, денеска го презема едномесечното претседавање со најзначајното тело на Светската организација.На 9 декември Хрватска ќе биде домаќин на дискусијата на тема „Светската безбедност и меѓународниот тероризам“. Хрватска е претседател на Антитерористичкиот комитет при СБ на ОН од неговото создавање. Со Програмата за работа за декември, меѓу другото, е предвидено во средината на месецот до Советот за безбедност да се обратат пртседателот и главниот обвинител на Хашкиот трибунал Патрик Робинсон и Серж Брамерц....

Продолжи со читање