Skip to main content

Ознака: 8

Запалено возило на улицата „8 септември“

Post Views: 106 На 25.01.2022 година во 23:50 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на улицата „8 септември” настанал пожар во патничко моторно возило „Форд Мондео”, со охридски регистарски ознаки, сопственост на А.М. (42) од Охрид.Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат со интервенција на Територијалната противпожарна единица Охрид. Увид извршија полициски екипи – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Серија земјотреси со интензитет од 7-8 степени

Post Views: 125 Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно- математичкиот факултет во Скопје, денеска регистрираа нови земјотреси од серијата со епицентри во дебарското епицентрално подрачје, на околу 110 км југозападно од Скопје. По првиот најсилен земјотрес од серијата, синоќа во 23 часот и 49 минути, денеска се регистрирани уште десетина земјотреси, од кои шест се почувствувани  во Дебар и други градови во западна Македонија: – во 00 часот и 01 минута, со интензитет од 4-5 степени – во 00 часот и 03 минути, со интензитет од 3 степени – во 00 часот и...

Продолжи со читање

СЕ АСФАЛТИРААТ КРАЦИ НА УЛИЦА „8-МИ МАРТ“

Post Views: 110 Започнаа градежни активности за асфалтирање на краци од улицата „8-ми Март“. Овие активности се дел од втората фаза за асфалтирање на пристапни патишта и тесни улички во рамки на Програмата за уредување на градежно земјиште за 2020 година. Во текот на наредниот период ќе се асфалтираат тесни улици и на уште неколку локации на територијата на општина Охрид.

Продолжи со читање

„Коридор 8 – реалност или утопија“

Post Views: 140 Немаат доволно финасиски средства , поголемиот број од државите во регионот за изградба на Коридорот 8, кој е исклучително важен  за економски развој.  Ова беше потенцирано  на Деветтиот конгрес на меѓународни шпедитери и логистички оператори од Југоисточна Европа што се одржува во Охрид, под мотото „Коридор 8 – реалност или утопија“. Стевица Чарапиќ, претседател  на  групацијата на шпедитери при Стопанската комора на Македонија, истакна дека  Македонската влада во буџетот има издвоено многу мал износ средства за изградба на транспортната инфраструктура. Чарапиќ...

Продолжи со читање

Стопирана реализацијата на ДУП за 8- ма урбана заедница

Post Views: 188 Министерството за локална самоуправа денес донесе решение за запирање на одлуката со која беше донесен Деталниот урбанистички план за 8 урбана заедница.Тоа значи дека во целост се стопира реализацијата на ова урбанистичко решение се до конечната одлука која треба да ја донесе Уставниот суд.Министерството за локална самоуправа утврдило дека: донесениот ДУП за 8 УЗ не е во согласност со член 25 од Законот за просторно и урбанистичко планирање. Во образложението како причина се наведува што советот го донел планот и покрај тоа што надлежното министерство на 21 октомври...

Продолжи со читање

Министерството за Локална самоуправа ќе го стопира ДУП-от за 8 урбана заедница

Post Views: 245 Како што за ТВМ изјави потпаролот на ова министерство, Ели Чакар, од страна на инспекторатот при министерството, утврдено е дека ДУП- от е усвоен спротивно на уставот и законот. Државниот инспекторат при Министерството за локална самоуправа подготвува решение за запирање на примената на одлуката со која советот го изгласа ДУП за 8 урбана заедница. Потпаролот на министерството, Ели Чакар, за ТВМ изјави дека причина е утврдената незаконитост и против- уставност на одлуката со која се усвои урбанистичкото решение. Ова го утврдиле службите на инспекторатот кога ја разгледувале...

Продолжи со читање

Осум икони од охридската Галерија патуваат во Лондон

Post Views: 285 Во Лондон во периодот од 25 октомври до 22 март 2009 година ќе биде поставена изложба насловена како  “ Византија 330 -1453 “.Во Kралската Aкадемија  на Уметностите, ќе бидат презентирани и икони од  постојната поставка на Галеријата икони од Охрид. Станува збор за осум икони од периодот на среден век од т.н. ренесанса на палелозите.Иконите кои ќе бидат изложени во Лондон, припаѓаат во самиот врв на византиското сликарство. Учеството на изложбата  е признание и за нашата земја која располага со огромно културно наследство. Нити една голема светска изложба посветена ...

Продолжи со читање

Шоу Ливерпул – Арсенал

Post Views: 145 Во заостанатиот натпревар од 33-то коло во Премиер лигата гледачите на Енфилд Роуд можеа да видат вистинско гол – шоу во дербито меѓу Ливерпул и Арсенал. Натпреварот заврши 4:4 (0:1), а јунак беше рускиот репрезентативец кај „топџиите„ Андреј Аршавин, кој ги постигна сите четири гола за својата екипа. Во редовите на „црвените„ по двапати прецизно стрелаа Фернандо Торес и Јуси Бенајун (израмни на 4:4 во третата минута од судиското надполнување). Арсенал водеше три пати 0:1, 2:3 и 3:4, додека Ливерпул само еднаш 2:1.Со освоениот бод Ливерпул се изедначи со Манчестер...

Продолжи со читање

„Победа“ нека заборави на фудбалот 8 години

Post Views: 178 Прилепска Победа доби осумгодишна забрана за учество во натпреварите на Европската фудбалска федерација. Претседателот Забрчанец и фудбалерот Здравески, се казнети со доживотна забрана поради местење на натпревар. Дисциплинското тело на УЕФА одлуката ја донесе согласно Членот 5 на нејзиниот правилник кој ги регулира принципите на интегритетот и спортскиот однос на натпреварите. УЕФА го истражуваше мечот од првата квалификациска рунда на Лигата на Шампионите одигран во јули 2004 година, меѓу Победа и Пјуник од Ерменија. Обвинението против поранешниот македонски првак...

Продолжи со читање

Хидинг за 2,8 милиони ќе го води Челзи

Post Views: 172 Падна договор, Хидинг ќе го води Челзи најмалку до крајот на летото и ќе биде во можност за четири месеци да заработи 2,8 милиони евра односно 1,7 милиони е загарантираната сума, а остатокот од 1,1 милион ќе зависи од резултатите во Лигата на шампионите.   Клубот од Лондон упати официјално соопштение во кое и се заблагодарува на Фудбалската федерација на Русија поради тоа што му дозволи на селекторот на репрезентацијата паралелно да извршува уште една тренерска функција.Гус Хидинг истакна дека е дојден во клубот поради односот кој го има со сопственикот на Челзи Роман...

Продолжи со читање

8 години во потрага по „киднапираниот“ Мемети

Post Views: 152 Надежта на роднините последна умира, велат ќе бидат упорни до крај додека не се расветли случајот.8 години, ни трага ни глас од исчезнатиот албанец, Султан Мемети, од село Радолишта-струшко.Неговито семејство, роднините  и сограѓанитеупорно години наназад се борат за правда.Мемети, исчезна  на 6 мај 2001 година за врема на конфликтите во Македонија. Сограѓаните тврдат дека бил приведен, односно киднапиран од страна на струшката полиција, иако како што велат  не постоела причина за тоа. Од тогаш до денес нема информации  каде е исчезнатиот Мемети.„Секое дете иам право...

Продолжи со читање

Штрајк во градинката „8 ми март – Струга“

Post Views: 207 Дел од вработените во Градинката 8 ми март во Струга, не можејки повеќе да трпат, пред медиумите проговорија за својот проблем.  Николче Секуловски готвач, во градинката работи 10 години, но со договор за дело, а последнава година со договор за работа. Тој открива дека 5 години од градинката испраќале барање за негово вработување, но одговорот секогаш бил негативен.  Последната плата која ја зел Секуловски била околу 6000 денари и тоа во месец  јули годинава. „Од кога почна договорот на определено, платите ги земаме многу касно. Со минимим три месеци каснење. Инаку...

Продолжи со читање