Skip to main content

Ознака: izlozba

Прва изложба на астрофотографии во Македонија

Post Views: 139 По повод 10-годишнината од постоењето на Скопското астрономско друштво и како дел од активностите за прослава на Меѓународната година на астрономијата – 2009 во Културно-информативниот центар  ќе биде прикажана првата изложба на астрофотографии во Македонија. Изложбата вклучува фотографии од различни небесни објекти, планети, комети, метеори, галаксии, ѕвездени јата, маглини, изработени од членови и пријатели на Друштвото од Македонија и од Балканот, како и фотографии од активностите на Скопското астрономско друштво.Изложбата е спонзорирана од Министерството...

Продолжи со читање

Осум македонски икони на големата изложба во Лондон „1100 години Византија“

Post Views: 123 Осум македонски икони од Галеријата во Охрид, се изложени на големата изложба „1100 години Византија“, што синоќа свечено беше отворена во Лондон.Изложабата опфаќа околу 350 најразлични експонати, како икони, детали од ѕидно сликарство, мали мозаици, предмети од емајл, злато и сребро, уметнички предмети изработени од слонова коска, како и најразличен накит. Организаторите објаснуваат дека изложбата е своевидна сторија за една империја која се простирала од Константинопол (денешен Истанбул), преку Мала Азија, Светата земја и Блискиот Исток, Северна Африка и Египет,...

Продолжи со читање

Изложено совршенсвото на македонски вез и колорит

Post Views: 223 Во Куќата на Робевци, синоќа се отворија две привремени изложби на ќилими и делови од народни носии од Брсјачкиот крај. На изложбата се презентирани најубавите автохтони кошули и покривала за глава од Дебрца, Охридско и Струшко поле, Малесија и  Дримкол. Етнолошката поставка на народните носии датира  од периодот  на 19 и почетокот на 20 век. Везот на кошулите и сокаите, покривала за глава, е колоритен со свилени и волнени конци, со геометриски и орнаментални форми кои наликуваат на крстови, лозички, ветки и ѓулој. Ќилимите, ткаени и везени во периодот од 19 и 20 век,...

Продолжи со читање

Уметност за зближување на нациите

Post Views: 93 Почесниот граѓанин на Охрид, Винченцо Бјанки со изложба на Фестивалот Охридско лето. Светски познатиот уметник и почесен граѓанин на Охрид, Винченцо Бјанки вечерва ќе има изложба  во рамките на фестивалот Охридско лето. „Уметноста за зближување на нациите„ е насловот  на презентацијата на неговите дела. Винченцо Бјанки  планира од поодамна во Охрид да го отвори својот 13 музеј , сака да го нарече „Кадмо“. Овој музеј би бил составен дел на моите останати музеи за запознавање на народите преку уметноста порача Бјанки. Но, сеуште не е позната локацијата ни на музејот,...

Продолжи со читање

„Никонски – земјен спој“

Post Views: 112 Изложба насловена како„Небесно- земјен спој“ од вечерва во големиот изложбен салон на центарот за култура „Григор Прличев“. Публиката ќе има можност да погледне дела иработени во една специфична и несекојдневна техника, најавува уметникот Ѓорѓи Куртелов.„Уметноста во мојот живот датира уште од мали нозе. Долги години посетував ликовни колонии низ Македонија, а потоа запишав и студии во Белград“, раскажува уметникот Ѓорѓи Куртелов.„ Потоа следеа неколку  изложби и награди. Сметав дека по толку години дојде ред да се претставам пред мојата Македонска публика“, вели Куртелов.„Инспирација...

Продолжи со читање

„Моето поинакво другарче“

Post Views: 289 Во рамки на годинешната културна летна манифестација „ Деновите на толеранција“ изложени се 30 најдобри цртежи од претходно пријавени 340 цртежи направени од деца низ цела Македонија.Изложба на ликовни творби на млади уметници од основните училишта од цела Македонија, кои твореле на тема „Моето поинакво другарче“може да се види во центарот за култура „Григор Прличев“ . Овие прекрасни дела се за потребите на културната манифестација „Денови на толеранција“.Целиот проект претставува заокружување на ликовниот конкурс кој Полио плус го спроведе во партнерство со Министерството...

Продолжи со читање

„Контрасти “ на охридскиот сликар Ванчо Димоски

Post Views: 105 Во изложбената Галерија во Куќата на Робевци е поставена првата самостојна изложба на охридскиот сликар Ванчо Димоски. За уметничкото творештво на младиот Димоски, познатиот сликар  Славко Упевче ќе рече дека станува збор за талентиран сликар кој истражува со контратот на боите и  на кого му престои блескава творечка перспектива.Ванчо Димоски, дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2006 година. Имал повеќе групни изложби , но пред охриѓани за прв пат го презентира своето творештво со 18 слики од кои едната е негова дипломска работа. На неговите...

Продолжи со читање

Изложба на фотографии

Post Views: 111 Ги Фулон вечен трагач по симболи и знаци повторно со изложба во Охрид. Со 66 фотографии во црно бела техника, 33 посветени на Охрид и 33 на Париз, вечниот трагач по симболи и знаци, Ги Фулон после две години е повторно во Охрид со нова изложба. Оние кои имаа можност да ја погледнат изложбата се воодушевени од овој стил на документарна фотографија. Преку сликите се чувствуваат искрени и топли моменти на заљубен човек во двата града. Ги Фулон е роден Парижанец кој започнал да слика аматерски од својата 13 година, а посериозно се посветува на фотографирањето од почетокот...

Продолжи со читање

Кич да – сте или не сте?- насловена денес отворената изложба

Post Views: 104 Станува збор за Британската колекција на Музејот на современа уметност. Целта е да се анимира јавноста во борбата против кичот.Во Центарот за култура се отвори изложбата на Британската колекција на Музејот на современа уметност од Скопје. Целта е на овој начин да се анимира јавноста во борбата против кичот, велат организаторите. Проектот за борба против кичот започна од, како што беше потенцирано, духовната престолнина на Македонија – Охрид.Љубителите на уметноста ќе имаат можност да ја посетат изложбата во текот на наредните десет дена.Проектот е подржан од...

Продолжи со читање

Отворена изложба на фотографии на тема: „Н.П. Галичица во есен“

Post Views: 118  Најмладите ги запознаваат природните убавини на Националниот парк Галичица. Инспирирани тие направија над 200 фотографии. Природните убавини на НП Галичица ги инспирираа основците од општина Охрид да направат фотографии со мотиви од паркот. Од денес тие и се достапни и на  јавноста како дел од прославата на 50- годишното постоење на НП.Најмладите вљубеници во природата направија над 200 фотографии на тема НП Галичица во есен, од кои 33 од денес се изложени во просториите на општинскиот Црвен крст.  Жири комисијата ги награди авторите на најдобрите три фотографии....

Продолжи со читање

Изложба посветена на браќата Манаки во Франција

Post Views: 198 Програмата на манифестацијата претставува синтеза на различни делови од богатата македонска култура и е конципирана како спој на традиционалното творештво на Република Македонија и на урбаната македонска култура.Македонската традиционална музика ќе биде претставена преку изведбите на групата „Љубојна“, етно-составот „Баклава“ и на Стефче Стојковски со триото „Гавроски“. Предвидени се и настапи на Женскиот младински хор при Младинскиот културен центар предводен од диригентот Сашо Татарчевски, како и концерт на „Проект жлуст“.Македонската етнолошка традиција ќе биде...

Продолжи со читање