Skip to main content

Ознака: gimnazija

Директорот на охридската гимназија Љубиша Машановиќ помеѓу два огна

Post Views: 142 Доколку не постапеше по наредбата на Министерството за образование, ќе беше законски санкциониран од истото. Со тоа што ја испочитува наредбата пак, само го навлече гневот на Локалната врз себе. Деновиве, како што веќе информиравме, тој беше разрешен од страна на училишниот одбор. Се чека верификација на одлуката од градоначалникот. Министерот за образование Никола Тодоров не чувствува морална одговорност за смената на Машановиќ, со образложение дека секој мора да се раководи согласно законот за задолжително образование.{loadposition content}

Продолжи со читање

Законот е на моја страна

Post Views: 123 Директорот на охридската гимназија Љубиша Машановиќ до крај ќе ја тера постапката за задоволување на правдата. Дали со тоа само го пролонгира крајот на своето директорување или сака од оваа ситуација да излезе со чист образ набргу ќе се знае.Како што, ТВМ во вчерашниот дневник информираше, Училишниот одбор при СОУ “Св. Климент Охридски” во петокот на актуелниот директор Машановиќ му изгласа недоверба поради веќе познатата причина. Поточно заради  прекршување на интерен акт на училиштето, според кој, во гимназијата „Св Климент Охридски“ можат да се запишат ученици со...

Продолжи со читање

Петрески реагира

Post Views: 113 Прилогот на ТВМ за смената на директорот на Охридската гимназија, ја разбранува јавноста. Денеска на иницијатива на нашата ТВ куќа за овој проблем проговори и градоначалникот Александар Петерски.По обелоденувањето на информацијата за разрешувањето на директорот на охридската гимназија, Љубиша Мешановиќ, до редакцијата на ТВ М, низа реакции. Со допис до редакцијата на ТВ М се огласи разрешениот директор. Во  неговото известување се потврдува и појаснува она што телевизија ТВ М го изнесе. Тоа е дека државниот просветен инспекторат извршил увид, во кон што како што стои...

Продолжи со читање

Поставена новата врата на гимназијата

Post Views: 193 Со свеченото отварање на вратата на охридската гимназија  се означи  и првата инвестиција во образованието, во 2009 година. Иако гимназијата е под заштита на државата, како објект од посебно значење, досега интерес за нејзина реконструкција не  покажаа  ниту Министерството за образование ниту за култура, туку само локалната самоуправа истакна градоначалникот Александар Петрески. При обновувањето на училиштето кое ја одбележа 100 годишнината од постоењето, е водена сметка за поставување на квалитетна  дограма како што и доликува на заштитен споменик на културата.  Благодарност...

Продолжи со читање

Гимназијата Свети Климент Охридски со нова дограма

Post Views: 182 Ќе се реновира и фасадата на економското училиште.Учениците од гимназијата Св. Климент Охридски второто полугодие ќе го започнат во објект со целосно нова надворешна дограма. Ќе се менуваат сите 108 стари прозорци. Со тоа ќе се постигне поголема изолација и заштеда на енергија, велат од Локалната самоуправа.„Ова е заокружување на проектот за санација на гимназијата- објект кој има образовно, но и културно значење и датира од 1908 година“, објаснува Митре Велјаноски.Станува збор за инвестиција вредна три и пол милиони денари- издвоени од општинскиот буџет.Планирано...

Продолжи со читање

Падна штрајкувачкиот одбор во гимназија

Post Views: 131 Четврти ден од отпочнувањето на протестот, членовите на самостојниот синдикат за образование, наука и култура не отстапуваат од своите барања и штрајкот продолжува. Сепак, стравот и притисоците кај дел од нив  денес кулминираа во гимназијата. Штрајкувачкиот одбор поднесе оставка. Со соопштение ги повикуваат учениците на настава, а од друга страна и понатака ги подржуваат барањата на синдикотот. Во ова средно училиште во тек е избор на ново  претседателство. Од општинскиот СОНК велат дека не го прифаќаат соопштението на наставниците без целосен потпис со кое ги повикуваат...

Продолжи со читање