Skip to main content

Ознака: gosti

Признавањето на Косово нема да ги запре србите да дојдат во Македонија

Post Views: 172 Повеќе од 80%  од новогодишните аранзмани за Охрид се распродадени на гости од србија. Туризмот не познава  граници-смета уредникот на туристичката редакција „Призма“.Македонија станува се по привлечна дестинација за посета од страна на странските туристи. Стручните лица од соседните земји отценуцваат дека Македонија напреднува во оваа област, бидејќи има што да им понуди на туристите. Туристичките работници од соседните земји  сугестираа дека конкретно Струга треба уште да работи за да напредува во туризмот.Туристичките работници од Стрбија сметаат дека во Струга...

Продолжи со читање

Дај боже, ваква да ни биде и сезоната

Post Views: 97 Празникот на трудот ги наполни охридските хотели претежно со странски гости. Филип Мишев, менаџер по продажба на хотелот Метропол вели дека хотелите Метропол и Белви се полни скоро 80 % и дека тоа е според нивните очекувања.„ Гостите се претежно од регионот, Албанија, Србија, Косово. Има намалување на домашните гости, за затоа на нивно место се враќаат грчките гости. Од завчера доаѓа и првиот чартер лет од Холандија. Пополнетоста е според очекувањата“, вели Мишев.„Очекуваме солидна сезона, со оглед на фактот што се наоѓаме во средината на економската криза“, вели Мишев....

Продолжи со читање

Д-р Китаниќ потпретседател на “Црвен крст“-Србија, гостин на охридскиот црвен крст

Post Views: 114 Задоволство  е да се соработува со Охридскиот црвен крст“, вели пртседателот на црвениот крст од Крагуевац за своите колеги од Охрид. Црвениот крст од Србија и годинава домаќин на Европското првенство во Прва помош. Екипа од Српскиот црвен крст неколку години е дел од спасувачките тимови во формула еден во Монте Карло. Српскиот Црвен крст годинава по четврти пат домаќин на Европското првенство во Прва помош. На натпреварите кои ќе се одржат од 11 до 14 јули ќе се натпреваруваат тимови од 26 Европски земји и еден тим од Хонг Конг.„„Србија е четирикратен победник на...

Продолжи со читање

Размена на искуства и се поголема соработка

Post Views: 115 Неофицијална посета на претставници на Лајонс клубови од Велика Британија и Ирска. Гостите беа запознаени со реализацијата на проектот „Информација за секого без предрасуди“  во рамките на програмата на ТелевизијА ТВМ, изработен со помош на Лајонс клубот „Охрид“ и Локалната самоуправа.Неофицијална посета на нашата телевизиска куќа од страна на претставници на Лајонс клубови од Велика Британија и Ирска. Тие го посетија нашиов град на покана на Проект менаџерот на кабиентот на дистриктот 132 после конвенцијата во месец мај, господинот Драган Спасески-Охридски, како дел...

Продолжи со читање

Точна бројка на гости сеуште нема

Post Views: 108 Новинарите најчесто пласираат цифра која се сведува на слободна проценка. Нашата екипа направи напор да го открие тој податок и постапката како се доаѓа до него.Нема прецизен податок за бројот на туристи во Охрид. Гости има, но колку точно никој не знае. Релевантните иституции доцнат со ваквите информации, па се наметнува прашањето колкава е нивната ажурност.  Број на гости во јули, ќе имаме дури на 15 Август, велат од Секторот за локален економски развој и туризам. Одговорниот Гоце Симоноски, рече дека кулуминација на туристи е забележана за враме на илинденските...

Продолжи со читање

Станоиздавачите кажаа зошто добро платежните гости бегаат од Охрид

Post Views: 102 Станоиздавачите на средба со надлежните ги повторија старите проблеми, на кои добро платежните туристи им се жалат и бегаат од Охрид. Голем број од нив ги наведоа добро познатите проблеми како што се бучавоста од кафулињата, немањето јавни тоалети, паркинг просторот, недоволната хигиена, дивите станоиздавчи. Јасминка Фргачиќ од Вила „Нина“ истакна дека ако Охрид сака да развива елитен туризам проблемите мора да ги реши. Бучавоста е добро познат проблем кој со години се провлекува и никако да се реши, а гостите од бучавоста веднаш си заминуваат. Сега надлежните ветуваат...

Продолжи со читање

Италијанско дуо гостува на фестивалот „Охрид те сакам“

Post Views: 269 Хармоникашот Даниеле Инџози и пијанистот Џовани Вале, вечерва пред охридските љубители на класичната музика ќе одржат концерт. Музичката вечер ќе ја посветат на аргентинскиот композитор Астор Пјацола, а ќе свират и композиции на познат италијански композитор. Италијанските музичари и уметничкиот директор , Емилија Маринова се договориле за овој настап на музички фестивал во Рим. Инџози и Вале воопшто не се двоумеле да ја прифатат  понудата  и за прв пат да гостуваат  во Охрид . Младите италијански музичари не го кријат задоволството од идејата за музичка соработка...

Продолжи со читање

Авто-камп „Ас“ во Струга, атракција за странските гости

Post Views: 402 Кампинг сезоната во Струга веќе започна.  Авто-кампот „АС“ се полни со гости , многу порано од вообичаено. Веќе се пристигнати 16 каравани со туристи од Холандија. Најавено е и доаѓање на друга група  која треба да пристигне кон крајот на овој месец. „Драго ни е што успеаваме во нашиот крај да ги вратиме холанѓаните, посебно љубителите на природата“, вели Татјана Огненоска од  хотел  Дрим, под чие раководство е и кампот „АС“.За да се зачуваат и да се привлечат што повеќе гости од Холандија, хотел дрим има ангажирано соработник од оваа земја. Негова задача е да соработува...

Продолжи со читање

Велигденските празници донесоа многу гости во Струга

Post Views: 143 Со велигденските празници започна и туристичката сезона во Струга. За продолжениот празничен викенд градов е полн со гости од земјава но и странство. Хотелските капацитети во струшкиот регион се полни повеќе од половина, задоволно кажуваат угостителските работници.„Во хотел имаме гости од САД, Бугарија, Албанија и  Грција. За овие неколку дена, сместувачкиот капацитет е исполнет околку 65%. За почеток сме задоволни“-вели Љурзим Бакал, менаџер во „АД.Хотел Дрим“.Од стартот на сезоната се задоволни и  продавачите на сувенири по градот. Велат дека прометот направен  од...

Продолжи со читање

Струшките спортисти со светски успеси на гости кај градоначалникот

Post Views: 253 Му ги кажаа досегашните достигнувања, потенцираа оти успесите би биле поголеми, доколку се добро финансиски подкрепени. Врвните спортисти  родум од Струга се сретнаа со градоначалникот Рамиз Мерко. Елена Ѓоргиеска од женската ракометна репрезентација, Виљерда Селими, член на карате федерацијата, Наумче Мојсоски од машката ракометна репрезентација како и боксерот Наси Хани, на маса седнаа со градоначалникот да разговараат за постигнатите успеси.Спортистите му кажаа на градоначалникот оти постојано нижат успеси но дел од нив се занемарени токму поради финансиските средства....

Продолжи со читање