Skip to main content

Ознака: 12

Културолошката иницијатива „ 5 до 12“ во акција за донирање на компјутери

Post Views: 134 Стотици деца особено од многудетните семејства во Охрид  и околината се соочуваат со недостиг на компјутери. Сите тие имаат потешкотии за учење од далечина. Затоа младите охриѓани покренаа акција за донирање на компјутери  за социјално ранливите категории. Културолошката иницијатива  „ 5 до 12“  започна со собирање на користени електронски уреди ,  кои ќе се донираат  на учениците кои немаат  можности да следат онлајн настава.   „ Да се соберат што повеќе  и да се помогне приоритетно онаму каде што е  најпотребно бидејки има семејства со неколку деца каде ниедно...

Продолжи со читање

„Моракот“ усмрти 12 лица

Post Views: 109 Најмалку 12 лица се загинати, а 52 се водат за исчезнати во удар на тајфунот „Моракот“ на Тајванскиот остров, при што се предизвикани огромни поплави.„Моракот“ продолжи кон Кина, чии власти евакуираа околу милион жители.Според последните информаци овој ураган ја загубил силата и преминал во тропска бура.Истовремено друг тајфун ја зафати Јапонија усмртувајќи најмалку девет лица, а уште толку се водат за исчезнати.Според метеоролошките служби, тајфунот „Етау“ утре ќе стигне до Токио, при што се најавуваат oбилни врнежи од дожд.{loadposition content9}

Продолжи со читање

32 акција на „Чист Охрид“ и Културолошката иницијатива „5 до 12“

Post Views: 143 Викендов на просторот на просторот на поранешниот полигон за мали спортови во Охрид во заедничката акција на „Чист Охрид“ и Културолошката иницијатива „5 до 12“, се одржа 32та акција за собирање ѓубре. Во акцијата која траеше околу два часа се вклучија 15-тина активисти, а ѓубрето по завршување на акцијата беше собрано од екипа на Охридски Комуналец. Локацијата која е една од омилените места за собирање на младите, а која „Чист Охрид“ веќе неколку пати ја враќа во „живот“, повторно беше затрупана во ѓубре, каде доминираше пластичниот и стаклениот отпад. Беа собрани...

Продолжи со читање

Петрески ќе одлучува за добитникот на наградата Св Климент Охридски

Post Views: 92 Градоначалникот Александар Петрески ќе го избира добитникот на Св. Климентовата награда. Петрески годинава ќе пресече кој ќе биде носител на наградата од пристигнатите 12  номинации. Колку оваа одлука  ќе му биде лесна или тешка на градоначалникот не се знае, но со сигурност се знае дека со тоа ќе здивнат 5-те членови на Комисијата за одбележување на празници, манифестации и доделување на наградите и признанија. Изминатите две години доделата на наградите ја тресеа скандалозни случувања. За да се избегнат ваквите несакани ситуации советниците тежината на изборот  ја...

Продолжи со читање

Македонскиот воздух најмногу го трујат термоцентралите

Post Views: 133 По термоцентралите и нивната емисија на штетни гасови следуваат сообраќајниот сектор со удел во загадувањето од 12% до 14% и индустријата со околу 10%, но уделот на останатите сектори во текот на годините станува се поголем и не смее да се занемарува. Термоцентралите за производство на електрична енергија се најголемите емитувачи на стакленички гасови со околу 58% и според проекциите тие ќе останат најголеми загадувачи и во наредниот период до 2030 година. По нив следи сообраќајниот сектор со удел во загадувањето од 12% до 14% и индустријата со околу 10%, но уделот...

Продолжи со читање

Номиниран за девет оскари

Post Views: 153 Филмот “12 години ропство” кој е номиниран за девет Оскари, од наесен станува задолжителен за гледање во амеркианските државни средни училишта. Филмот е темелен на вистинска приказна на Афроамериканецот Соломон Нортуп кој бил дрогиран, киднапиран и продаден во Америка 1850  година, каде трпел долгогодишно злоставување. Неговиот лик во филмот го игра Чиветел Ејфор. Одлуката филмот да влезе во националниот “curriculum” и да постане задолжителен за гледање ја донесло Националното здружение на училишните одбори, (National School Boards Assotiation). Здружението заедно...

Продолжи со читање

Љупчо Нечковски за само 12 часа, ги собра потребните потписи

Post Views: 154 Љупчо Нечковски за само 12 часа, ги собра потребните 350 потписи, за кандидатура за престојните избори. Тој ќе ја предводи независната советничка листа.   Нечковски не сакаше да даде  коментар за тоа што и невладиниот сектор како независни кандидати сакаат да бидат дел од советот на општина Охрид. „Мене феноменот од 8 независни листи ме зачудува и можеби сме единствен град со олку независни листи. Доколку независниот сектор поднесол листата, со онаа намера за која е формиран, ја поздравувам таа одлука и очекувам  и тие да добијат подршка од граѓаните“, рече Нечковски.Тој...

Продолжи со читање

Уапсен убиец кој 12 години и бегал на полицијата

Post Views: 127 На првата прес конференција во 2009 година од страна на СВР Охрид беше истакнат значајниот успех во пронаоѓање на лица извршители на тешки кривични дела. Едно од нив е апсењето на лицето кое извршило убиство пред 12 години.Охридската полиција го уапси лицето ВМ кој на 4 август 1996 година во 9 30 ч во охридското село Подмолје ја убило Силвија Порсиус Малики државјанин на република Холандија и негова сопруга .Од обдукцијата е утврдено дека убиството е извршено со остар предмет, предметот со кој е извршено убиството не е пронајден. Веднаш по убиството лицето се вдало...

Продолжи со читање

Пеце -„Карате кид“ сетски првак на 12 години

Post Views: 135 Македонија, а воедно и Охрид можат да се гордеат со  единствениот светски шампион, првак во јуниорска карате категорија во кати и борби. Со своите 12 год. Пеце Наумоски е единствениот македонец, носител на светска титула.Тренира карате од својата осма година и за период од четири год. успеа да го стави светот под нозе. На првенството кое се одржа 2006та во Австралија, тој ја освои првата награда за областа Викторија и со самото тоа се квалификува за светското во Бирмингем, Англија во 2007та год. Токму таму, Пеце ја освои светската титула во силна конкуренција од 65...

Продолжи со читање

Киров: На балканот се се решава во “5 до 12“

Post Views: 133 Новата игра на животот, преку  балетската претстава  “5 до 12“, вечерва на Охридско лето. Првиот сплитски професионален балетски ансамбл при ХНК со балетската претстава “5 до 12” во кореографија на Игор Киров и музика на Кирил Џајковски, ќе гостува во Охрид, на сцената на Долни Сарај во 21 ч. Костимите се на Александар Ношпал. Музичкиот селектор проф. Гордана Јосифова Неделковска,  нагласи дека станува збор за атрактивно балетско дело, кое привлече голем интерес кај фестивалската публика, барем според побаувачката на билети. „Ако минатата година имавме...

Продолжи со читање

Од јануари струен удар

Post Views: 148 Од 1 јануари струјата најверојатно ќе поскапи за 10% до 12%. На ова вчера укажа вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, кој не шпекулираше за колкав процент ќе поскапи струјата. Џон Герисен од УСАИД изјави дека енергетските компании побарале зголемување на цената на електричната енергија за 12% од 1 јануари идната година.Трите енергетски компании, ЕЛЕМ, ЕВН и МЕПСО, веќе ги доставија до Регулаторната комисија за енергетика остварените и планираните трошоци од работењето, врз основа на кои ќе се крои новата цена на струјата. Ниту од Регулаторната комисија,...

Продолжи со читање

Расте побарувачката на производите на NIKE

Post Views: 174 Американскиот производител на спортска опрема NIKE отстварил подобар квартален резултат од очекуваниот со растот на побарувачката во Северна Америка и Западна Европа. Растот на побарувачката на двата главни пазари е предизвикан со интензивниот маркетинг по повод Светското првенство во фудбал во Бразил. Како што е соопштено, нето профитот во четвртиот квартал на фискалната година, завршен на 31 мај, достигнал износ од 698 милиони долари, со раст од 13% на годишно ниво, или 78 центи по акција, додека во истиот период лани износот бил 690 милиони долари. Приходите од...

Продолжи со читање

  • 1
  • 2