Skip to main content

Ознака: nov

Денес Министерството за здравство одлучува за вакцината за новиот грип

Post Views: 157 Министерството за здравство денеска треба да донесе одлука од кого и какви вакцини ќе купи за превенција од новиот грип А(Х1Н1).Одлуката ќе биде донесена откако претходно ќе се знае дали Холандија ќе може да и испорача вакцини на Македонија, од кои дел треба да бидат донација, а дел да се платат.Доколку Холандија не одговори позитивно на македонското барање, најверојатно вакцината на „Новартис“против грипот А ќе биде избрана од страна на Министерството за здравство.Министерот за здравство Бујар Османи вчера изјави дека кинеската вакцина, иако е со најниска цена, најверојатно...

Продолжи со читање

Струшките вечери на поезијата добија нов претседател на Управниот одбор

Post Views: 254 Поетот, Славе Ѓорго Димоски е новиот претседател на  Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата. Тој доаѓа на местото од Иљаз Османи. Славе Ѓорго Димоски вели дека СВП заедно со Фестивалот „ Охридско лето “ се најголемиот културен бренд на Македонија. За две години поетската манифестација ќе слави 50 годишен јубилеј. Мојата цел како Претседател на Управниот Одобр е да направам осовременување на фестивалот и во содржинска и во концепциска форма, и да биде подготвен како спектакл на светската поезија, вели Ѓорго Димоски.  Поетот  Ѓорго Димоски потенцира дека фестивалот...

Продолжи со читање

Нов земјотрес регистриран синоќа во Дебар и околината

Post Views: 152 Земјотресот со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран во 18.41 часот.Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно – математичкиот факултет во Скопје, во дебарското епицентрално подрачје претходно се регистрирани серија слаби земјотреси.Најсилниот земјотрес што предизвика материјхални штети во Дебар и околината беше регистриран на 6. септември, со јачина од 5,3 степени според Рихтер.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Именуван новиот украински амбасадор во Македонија

Post Views: 508 Претседателот Ѓорге Иванов вчера во летна резиденција во Охрид, ги примил акредитивните писма на новоименуваниот украински амбасадор во Македонија, Јуриј Гончарук, соопштуваат од кабинетот на претседателот.На средбата Иванов изразил задоволство од високото ниво на соработка меѓу двете земји, и од добрите општи односи. Тој се заложи за натамошно продлабочување на економската размена меѓу двете држави оценувајќи дека се работи за економии кои меѓусебно се надополнуваат, а кои дополнително може да ја развиваат соработката во областа на земјоделството и туризмот и промоцијата...

Продолжи со читање

Ѓорге Иванов, новиот претседател на Македонија

Post Views: 153 Излезноста во вториот круг на претседателски избори, според претходните податоци на Државната изборна комисија (ДИК) изнесуваше 40,79 насто со што е исполнет законскиот цензус.Кандидатот на владејачката ВМРО ДПМНе Ѓорге Иванов, по исполнувањето на цензусот, е нов претседател на Македонија, откако претходно беше соопштено дека освои 437.455 гласови. Кандидатот на опозицијата Љубомир Данаилов Фрчкоски, кој претходно му ја честиташе победата на Иванов во вториот круг освои 252.195 гласови. ДИК податоците за излезноста ги соопшти рано изутрината, бидејќи поради малиот...

Продолжи со читање

Нов систем за контрола на границите

Post Views: 156 Информационен систем за интегрирано гранично управување ќе биде пуштен денеска во употреба во зградата на Граничната полиција.Со ова, Македонија ќе се вброи меѓу ретките земји кои располагаат со систем на интегрирана контрола на границите, соопшти Министерството за внатрешни работи.На отворањето, како што е соопштено, ќе присуствуваат премиерот Никола Груевски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, вицепремиерот Ивица Боцевски и министерот за информатичко општество Иво Ивановски. {loadposition content9}

Продолжи со читање

Болниците стартуваа со нов систем на наплата на услугите

Post Views: 177 Системот на дијагностички сродни групи (ДРГ) почнаа да функционира во болниците во Македонија.Станува збор за систем на класификација на болничките пациенти во повеќе од 600 различни групи, сродни по дијагноза и просечни трошоци. Ова подразбира плаќање согласно вложениот труд, а не како досега рамномерно плаќање.Целта на ДРГ системот е во фокусот да биде пациентот наместо како досега лековите и материјалите за работа. Со воведување на овој систем првпат ќе се има увид за тоа како се работи во болниците, увид на пациенти и нивниот конкретен третман. Секој пациент ќе...

Продолжи со читање

Македонија ќе го информира Нимиц за новиот преговарач

Post Views: 429  Македонија денеска официјално ќе го информира медијаторот во преговорите за името Метју Нимиц, за назначувањето на Зоран Јолевски за нов македонски преговарач.Указот за негово назначување денеска се очекува да го потпише шефот на државата Бранко Црвенковски.Амбасадорот Зоран Јолевски викендов беше именуван за нов преговарач за името, во рамки на преговорите што се одвиваат под закрила на Обединетите нации. Јолевски најавил дека во тимот остануваат и досегашниот преговарач Никола Димитров, како и шефот на кабинетот на премиерот, Мартин Протуѓер.Со изборот на Јолевски...

Продолжи со читање

Шеесет и седум години од почетокот на антифашистичкото востание и НОВ

Post Views: 170 Република Македонија денеска одбележува 67 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна. Со нападот на борците од Првиот прилепски партизански одред врз бугарскиот полициски участок и врз телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп на 11 октомври 1941 година беше означен почетокот на организираното востание на македонскиот народ против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за конечно ослободување на земјата. Следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред. 11 Октомври е продолжување на слободарските...

Продолжи со читање

Новиот амбасадор на САД Филип Рикер ќе ги предаде акредитивните писма

Post Views: 215 Новонаименуваниот амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија Филип Томас Рикер денеска ќе му ги предаде акредитивните писма на претседателот Бранко Црвенковски. Рикер е петти американски амбасадор во Македонија, кој тука работеше од 1997 до 1999 година како раководител на Канцеларијата за односи со јавност на Амбасадата на САД во Скопје, кога беше и портпарол на тогашниот амбасадор Кристофер Хил. Кога дојде во четвртокот, Рикер за медиумите изјави дека е задоволен што ќе има можност да биде со старите пријатели и да запознае нови за време на...

Продолжи со читање

Русија се претстави со нов борбен авион

Post Views: 99 Русија до крајот на јануари ќе го тестира својот нов борбен авион од петтата генерација за кој се претпоставува дека е одговор на технолошката супериорност на американското воздухопловство, изјавија извори од руската армија.Надзвучниот борбен авион е невидлив за радарите, а има и напредни управувачки и борбени уреди.Авионот се развива во компанијата Сухој и се очекува да биде готов до крајот на овој месец.Воените експерти, новиот авион го гледаат како одговор на американскиот Ф-22 Рептор кој се смета за најнапреден авион од петтата генерација.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Над 120 китови угинаа во Нов Зеланд

Post Views: 101 Над 120 китови угинаа, исфрлувајќи се на брегот изминатиот викенд на две места во Нов Зеланд, но еколозите успеаја да спасат 43 од животните, враќајќи ги при плима обратно во морето.Стотици доброволци се вклучија во акцијата. Тие ги прекриваа китовите со мокри чаршафи, за да ја одржат влажна нивната кожа, додека правеа обиди да ги вратат во водата.Во текот на летото по бреговите на Нов Зеланд често се случува да излезат китови. Научниците се уште не можат да ги објаснат причините за тие т.н. „колективни самоубиства“.{loadposition content9}

Продолжи со читање