Skip to main content

Агенција за храна и ветеринарство

АХВ: Млекото и млечните производи се безбедни, бруцелоза се испитува во повеќе фази

Оваа бактерија, како што велат, со термичкиот третман на млекото се уништува. Дополнително, врз основа на сопствени контролни програми и контролите кои ги спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство, се контролира и безбедноста на секој готов производ.
 |  инфодеск  | 
млечни производи

Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека безбедносниот систем за млекото и млечните производи не е нарушен.

„Покрај лабораториските испитувања, во спроведувањето на Годишната наредба за здравствена заштита на животните за годинава, како дел од повеќегодишните програми за контрола и искоренување на болестите кај животните, вклучително и на бруцелозата, се вршат и клинички прегледи. Лабораториските испитувања се само една од методите за докажување на здравствениот статус на животните на одгледувалиштата. Примарната контрола на здравствениот статус на животните на фармите ја имаат сточарите и тие водат сметка за ова. Ја почитуваат законската обврска секоја промена во здравствениот статус на животните да ја пријават до ветеринарните друштва или официјалните ветеринари“, се истакнува во нивното соопштението.

Суровото млеко кое влегува во процесот на производство, појаснуваат од агенцијата, задолжително термички се третира(стерилизира/пастеризира) со што се елиминира и можноста, млеко заразено со бактеријата бруцела да влезе во производството. Оваа бактерија, како што велат, со термичкиот третман на млекото се уништува. Дополнително, врз основа на сопствени контролни програми и контролите кои ги спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство, се контролира и безбедноста на секој готов производ.

Реакцијата од АХВ доаѓа по фејсбук постот на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ кој објави дека „Млекото не може да биде тестирано за Бруцелоза, загрозено е јавното здравје затоа што АХВ не склучиле договор со лабораторијата на Ветеринарен факултет“.