Skip to main content

Антонио доби чек од 10 000ден.

Вредносен чек од 10.000 денари и пригодни подароци, денес  вршителот на должност градоначалник Константин Георгиески му подари на Антонио, првото бебе кое се роди во Охрид во новава година. Ако машкото дете е синоним за цврстина и бериќет очекувам дека ова детенце ќе ни најави плодна и среќна година за нашиов Охрид, изјави градоначалникот Георгиески

 |  Јаковлева Лионела  | 

Антонио е првото бебе родено во новата година во Охрид. Денес вршителот на должност градоначалник Константин Георгиески го даруваше новороденчето со вредносен чек од 10.000 денари и пригодни подароци, упатувајќи и` честитки на дваесетгодишната мајка Софија Бимбилоска, на која ова и е прво дете.

Искрено упатувам честитка до среќното семејство Бимбилоски за најубавиот дар од Бога што го добија во новата 2019 година. На малиот Антонио му посакувам добро здравје, долг живот проследен со многу среќа и радост. Децата се нашата иднина, нема човек кој не се разнежнува кога ќе слушне ваква убава вест за нова рожба. Токму затоа сите ние ќе работиме и со низа проекти ќе допринесуваме во подобрување на условите за живот и развој на секое дете кое ќе гледа просперитетна иднина за себе во својот град и држава. Ако машкото дете е синоним за цврстина и бериќет очекувам дека ова детенце ќе ни најави плодна и среќна година за нашиов Охрид, изјави градоначалникот Георгиески.

Бебенцето тешко 3,6 килограми и долго 51 сантиметар се роди вчера претпладне во 10.10 часот. Новороденчето и мајката се во одлична здравствена состојба.


По сите параметри бебето е оценето со највисоко оценки, породено е со царски рез и како што кажа градоначалникот ова ќе биде силна година, рече др Боро Петрески.


На гинеколошкото одделение во Охрид вчера се родило уште едно машко дете. Градоначалникот ги посети и него и мајката и им посака многу здравје и успех во животот.