Skip to main content

Започнуваат уписите во клубот за спортови на вода „Акватика“

И ова лето охриѓанчињата ќе можат да учат како да едрат. Започнуваат уписите во клубот за спортови на вода, „Акватика. За да се совлада овај воден спорт најважна е желбата и немањето страв од вода, велат инструкторите.

 |  Јаковлева Лионела  | 
edrilica

Од утре започнуваат уписите во клубот за спортови на вода „Акватика“. Сите заинтересирани деца на возрасат од 7 до 15 години можат да се запишат во школата за едрење и да ги научат тајните на овај спорт. Може да се запише секој кој го сака едрењето без никакви предуслови.

Најосновно е детето да има желба потоа да нема страв од вода бидејќи овој спорт се учи во вопда и треба да се фатат во коштец со природата. Децата одма учат и од самиот почеток се гледа кое дете има талент за едрење а кое не. Веднаш се прави природна селекција, вели Стевчо Ставрески, инструктор во   клубот за спортови на вода „Акватика“. edrilici

Од минатата година седиштето на клубот за спортови на вода е на плажата Горица 1. Ставрески вели дека на оваа локација има многу подобри услови за работа. Школувањето трае цело лето, а интерес за изучување на водените спортови секоја година има, вели Ставрески.

Еден период одевме на масовност сега одиме на квалитет. Подобро е да се работи со помала група на деца за да може да им се посвети поголемо внимание и во нив да се откријат правите таленти кои потоа ќе учествуваат на државни и меѓунапродни првенства, вели Ставрески.

Уписите започнуваат од утре од 11 до 17 часот. Со децата мора да има барем еден родител или старател кој ќе даде согласност за запишување во оваа школа.

{loadposition content9}