Skip to main content

Јанев: Бесплатна здрава храна за учениците од прво до петто одделение

Здрава исхрана за сите ученици од 1во до 5 то одделение на товар на буџетот на општината Охрид. Овој проект го најави кандидатот за советник Ангел Јанев, проект кој треба да го реализира кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ, д-р Митко Тилевски, доколку ja добие довербата на граѓаните.

 |  Николоска Биљана  | 

Бесплатна здрава храна за учениците од прво до петто одделение. Денес кандидатот од советничката листа на ВМРО – ДПМНЕ, Ангел Јанев на прес конференција ја најави оваа идеа која планира да ја воведе во општинските училишта кандидатот за градоначалник д-р Митко Тилевски доколку ja добие довербата на граѓаните. Тој рече дека многу се предизвиците на кои што треба да се работи и сработи а околу тоа кој и како ќе работи и сработи, ќе одлучат граѓаните.

„Во новата програма на д-р Митко Тилевски, се предвидува и проектот, „здрава исхрана“ за сите ученици во пониските одделенија, од 1-5 во основните училишта, со што би се развила културата за здрава, но не и брза храна, на товар на буџетот на општината Охрид, со што индиректно би се заштедил дел од буџетот на семејствата, посебно на семејствата кои што имаат помали деца

Јанев истакна дека со новата програма на д-р Митко Тилевски се предвидува, со помош на државни и општински средства, да се отворат до 3 нови градинки со капацитет до 490 места. Тој исто така рече дека во изминатите 4 години, во услови презадолжена општина се постигнало многи и се инвестирало во нови, видливи и многу корисни проекти за граѓаните.

Во идните 4 години, новиот градоначалник д-р Митко Тилевски, на кој Вие треба да му ја дадете можноста, со која не смее да прекинува многу започнати проекти, туку напротив, мора да ги заврши започнатите и да започне и заврши нови проекти. Зошто? Затоа што, најголемиот дел од нив представуваат предизвик за живеење, учење, вработување, напредување и останување за живеење во Охрид и во Р.Македонија – во сопствената земја, со сопствен јазик, со заеднички идеи

Јанев порача секој говор на омраза, за овие избори да се замени со говор на проекти. Ги повика своите сограѓани на престојните локални избори да го изберат бројот 13, за кандидатот за градоначалник Др Митко Тилевски и советничката листа на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија.