Skip to main content

Куќата до Маларична дел по дел попушта

Само со издржани Детални урбанистички планови и програми, проверени од стручни лица може да се очекува надминување на наталожените проблеми од урбаната сфера. Еден таков, децениски проблем, следи телевизија ТВМ.

 |  Николоска Биљана  | 

Дел по дел попушта објектот кој е во непосредна близина на Маларичната амбуланта во Охрид. Во оваа куќа живеат 4 фамилии, кои секој ден стравуваат дека таванот ќе им падне врз глава. Како што објасни Нафие Таир, условите за живот им биле катастрофално лоши, таваните и ѕидовите попуштале, имало огромна влага. Таа вели дека во овој објект се преселени од 1962 година, кога фатиле поплавте во Воска и до ден денес никој не ги прашал како живеат. Нафие посебно е револтирана што сеуште во строгиот центар на градот, односно во 21, кога врне, со чадор оделе во тоалет бидејќи санитарниот јазол бил надвор од нивниот објект. Таа ги повика надлежните да имаат разбирање, бидејќи години наназад им било ветувано дека овој проблем ќе се реши, а никако да дојде до тоа.

Затоа го молам овој градоначалник да дојди да види и да се заинтересира како живееме и какова е реалната слика на зградата. Од надвор се е рушено, ние одржуваме, но не се може, толку се силите…од овој објект бог знае од кога е направен, овде беше и војни отсек, мојот сопруг од тука замина војник

Минатата година во овој период, тогашниот директор на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор од интерес на РМ, Цветко Грозданов, рече дека уредувањето на локалитетот кај Маларична кој го вклучува и руинираниот објект кој го посочи нашата соговорничка, зависи од промена на ДУП. Последно проектантот и носителот на ДУП направиле грешка, односно проектирале домување заедно со здравство, а според Грозданов тоа не одело заедно, така што со измена на ДУП требало да се оддели здравството од домувањето. По однос на овој проблем, ТВМ го пренесува ставот на Локалната самоуправа на општина Охрид.

Градоначалникот Стојаноски и новата Локална самоуправа во моментов прави увид на сите постојни ДУП и ние се надеваме и убедени сме дека во иднина ќе функционираме по принципот на издржани ДУП издржани урбанистички решенија за Охрид, во таа наска ќе бидат консултирани сите стручни инстанци. Дали тука влегува нечие мислење дека неможе да има здравство и домување и тоа ќе се земе во предвид“.

Портпаролот Џамтоски, рече дека луѓето кои што живеат во овој објект можат да го адаптираат просторот, не замајќи го во предвид фактот дека во тој објект живеат семејства од ранливата категорија на граѓани.

„Од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште ме информираа дека луѓето кои живаат тука можат слободно да прават реконструкција на објектот за нормално живеење, се додека не се пристапи кон реализација на планот“

„Овде сите сме со една плата, односно со пензијата на мажот ми, сим ми не работи а 5 члена сме“.

Според најавите на портпаролот Џамтоски извесно е дека само со една издржана програма за 2018 година, би можело да се очекува соодветно решение на проблемот со жителите во близина на Маларична.