Skip to main content

Михаилов бара извинување од Алче

Директорот на Центарот за јавно здравје Атанаско Михаилов, во одбрана на својата институција. Тој бара јавно извинување од директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Сашо Алче, поради изјавите кои тој ги даде во врска неадекватното одлагање на медицинскиот отпад.

 |  Билјана Николоска  | 
Atanasko Mihailov
Atanasko Mihailov
Ноторна лага и клевета се обвинувањата кои ги искажа директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Сашо Алче, на адреса на Центарот за Јавно Здравје. Не можеме и не смееме да дозволиме некој да оцрни една вака одговорна здравствена институција, посебно од аспект што позади неа стои еден долгогодишен добро обучен тим на доктори, пред се професионалци, вели директорот на Центарот за Јавно здравје, Атанаско Михаилов. Тој застана цврсто во одбрана на својата институција и потенцира дека сите вработени биле згрозени од она што го слушнале од страна на директорот на Комуналец.
Atanasko Mihailov

Во име на центарот за Јавно здравје, директорот Михаилов, побара јавно извинување од директорот Алче, бидејќи со неговата изјава извршил клевета и нанесол штета на центарот, а во спротивно случајот ќе го предаде во рацете на органите на прогонот.
Михаилов му укажа на директорот на Охридски Комуналец, дека согласно законот за заштита од заразни болести, вработените кои се изложени на работа со подигање на комунален отпад, секоја трета година треба да се вакцинираат, а неговите вработени не се вакцинирани од 2007 год.
Директорот на центарот за јавно здравје рече дека црните вреќи за кои се крена толку голема прашина од страна на ЈП Охридски Комуналец, припаѓаат на друга институција, а не на нивната.  По извршениот увид од страна на надлежните институции, вреќите биле подигнати од страна на Центарот за јавно здравје бидејќи било недопусливо истите да останат на улица. Михаилов тврди дека никој не бил спречен од нивна страна во извршување на својата работа.

{loadposition content9}