Skip to main content

Нов адвокат ќе го брани Кристијан Шапкар

Повоторно одложен судскиот процес против Кристијан Шапкар.

 |  Крсте Голабоски  | 
sudenje
sudenje
Уште еднаш одложено судското рочиште за глисерската несреќа во која пред повеќе од две години, животот го загуби скопјанката Ирина Романова- Муцунска. После најавите на последното одржано рочиште од страна на адвокатите на семејството Муцунски, дека со користење на сите правни инструменти ќе се обезбеди присуство на обвинетиот Кристијан Шапкар по службена должност, првобвинетиот денес се појави во судницата. Но сепак судскиот претрес и повторно не се одржа, а не дојде ни до сослушување на сведоците Данаил Шајноски, Богоја Матоски и сведокот и оштетен Ивана Шапкар. Причина, отусутвото на новиот бранител на обвинетиот Кристијан Шапкар, адвокатот Надица Димирова. Имено обвинетиот пред неколку дена го отповикал полномошното дадено на неговиот бранител адвокатот Емил Балабан и ја  назначил за нов бранител, адвокатката Димитрова од Скопје. Димитрова поради работни обврски не се појави на денешното рочиште.Инаку адвокатот Балабан беше бранител на обвинетиот Шапкар уште од самата истражна постапка за настанот кој никако да го доживее судскиот епилог ни после 15 одржани судски рочишта за две години. Адвокатот на семејството Муцунски, Татјана Поповски побара од судијата што е можно побрзо закажување на следното рочиште и навремено информирање на адвокатот на обвинетиот. Поради тоа Милчо Клишески, судијата кој го води процесот следното рочиште го закажа за 21 наредниот месец.  Во несреќата  која се случи на 22.08. 2009 година, настрада Ирина Романова Муцински, додека Кристијан Шапкар заработи кривична пријава за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

{loadposition content9}