Skip to main content

Отпад е, но дали е медицински?

Три  црни вреќи медицински отпад во контењер, во близина на медицинскиот комплекс во Охрид.

 |  Билјана Николоска  | 
med otpad
med otpad

Камуфлиран медицински отпад се најде во контењерите за комунален смет. Од ЈП „Охридски Комуналец“, загрижени за според нив, вака неодговорното однесување на сторителите на ова дело. Оттаму го посочија виновникот. Директорот на претпријатието Сашо Алче вели дека проблемот се провлекува неколку недели. Тој додаде дека веднаш после првото забележување на медицински отпад во контењерите на ул . Сирма Војвода во близина на охридскиот болнички комплекс, од страна на вработените во ЈП, најдобронамерно им било укажано на директорите. Чашата се прелеала во моментот кога и покрај укажувањата на директорот на ЈП, наместо проблемот да се надмине истиот се повторил.
Alce

Алче вели дека на лице место на увид, биле повикани сите релевантни институции. Додаде дека после добивање на записници ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави за загрозување на безбедноста при работа на нивни работници. Директорот исто така изјави дека сеуште не му била позната целта за вака депонираниот отпад, кој според него не е случајна, туку напротив намерна.
Во интерес на вистината за објективно и транспарентно информирање на јавноста се слушнавме и со повиканата страна, директорот на Центарот за Јавно Здравје, Атанаско Михаилов. Тој сите обвинувања ги отфрли како неосновани и според него во нив имало искажано невистини и клевети. Тој тврди дека отпадот кој се фрла од неговата медицинска институција е третиран според сите законски прописи, поточно медицинскиот отпад се автоклавирал и со таквата постапка тој отпад не бил медицински туку комунален.

med otpad

Михаилов го предупреди директорот на Охридски Комуналец, да внимава кога дава изјави, посебно кога обвинува институција, бидејќи поради некои работи од недоволно познавање може да се добие и кривична пријава. Михаилов исто така кажа дека никој од нивна страна не бил спречен да си ја извршува својата одговорност.
Случајот е пријавен во СВР Охрид. Портпаролот Стефан Димоски вели дека се што е во нивна надлежност во врска овој случај е направено. Тој додава дека, според првичните сеуште непотврдени информации станува збор за амбалажа од медицинска опрема, но дека сепак се чекаат резултатите од конечното вештачење, после што ќе може со точност да кажат за што станува збор.
med otpad

Исто така записник е направен од општинскиот комунален инспекторат. Раководителот Танас Танасоски вели дека за несоодветно депонирање на медицински отпад исклучиво надлежен е Државниот санитарен инспекторат како и оној за екологија. Од нивна страна веќе била поднесена е пријава до Министерството за здравство и екологија. Танасоски категоричен е дека не постои опасен и неопасен отпад, третманот согласно законот за медицински отпад бил јасен и дециден.
Како доказ за сомнежите дека се врши несоодветно депонирање на медицински отпад, од страна на ЈП „Охридски Комуналлец“, приложени се фотографии и изјави на вработените кои директно се соочиле со овој проблем.

{loadposition content9}