Skip to main content

Сојузот на здруженија на дијабетичари најавува протест

Пациентите со дијабет тип 1 се снаоѓаат како знаат и умеат да набават игли за инсулин

Речиси осум месеци пациентите со дијабет тип 1 се снаоѓаат како знаат и умеат да набават игли за апликација на инсулин. Иако во болничката аптека при Општата болница Охрид инсулин има, сепак нема игли неопходни за негово аплицирање. Доколку не се исполнат нивните барања, пациентите со Дијабетес тип 1 и 2 за десеттина дена излегуваат пред Влада и пред ресороното министерство на протест, велат од Сојузот на здруженијата на дијабетичари на Македонија.
 |  Голабовски Крсте  | 
игли за аплицирање инсулин

Осми месец како пациентите кои се со инсулинозависен дијабетес или дијабетес тип 1 како немаат игли неопходни за апликација на инсулин. Иако инсулин има и во аптеката во Општата болница во Охрид, нема ни игли, ни тест ленти за мерење на гликемија, кои им се потребни на пациентите и со двата типа на дијабетес. Долго време како овие пациенти не ги замениле ни глукомерите, односно апаратите за мерење на шеќер во крвта. Димче Велев, претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари, истакна дека на неодамнешната средба ги доставиле барањата до Министерот за здравство Фатмир Меџити.

„Бараме според нивните информации изложени на маса до 20ти јули да ги добиеме потребните количини на ленти и глукомери заедно со иглите за аплицирање на инсулин, бидејќи џабе ни даваат инсулин кога игли нема, а ги нема ни во аптеките да си ги купите.01,35 (лепи) 0,38„Нема анти-дијабетна терапија во доволни количини, од причини за нас несфатливи. И тоа на Министерот за здравство му го предочивме. Склучени се договори, завршени се тендерските постапки, оваа терапија треба навремено да доаѓа до лицата кај кои е одредена од докторите.“ -вели Димче Велев.

Велев кажа дека барањата на оваа група пациенти се четири. И тоа:

– продолжување со набавка и навремена достапност на најсовремени терапии во третманот на дијабетесот, иако може да се рече дека во Македонија се достапни најсовремените терапии,

– организирање на едукација и едукативни кампови за пациенти и нивни семејства

– доедукација на медицински персонал за работа со лица со дијабетес

– Менување на системот за набавка на глукомери по референтни цени како во цел свет и набавка и достапност на Системи за континуирано мерење гликемии (CGM) за сите лица со Тип 1 во земјава.

„Референтна цена што значи да кажеме. Тоа значи дека секој пациент со тип 2 ќе оди во нормална аптека каде набавува терапија и ќе ги има лентите и апаратот кој ги гарантира и обезбедува државата. Дека ќе има на ниво на износот на потврдата којшто ќе  ни биде издаден, а ние ќе имаме право на избор со доплата да си набавиме поквалитетни ленти или глукомери. Глукомерите и лентите да се право на избор на пациентот, а не на државата, да ни носи по најниска цена и несоодветен квалитет и да имаме постојани пријави и жалби на луѓе и со хипо и со хипер гликемија.“ – посочува Велев.

За тоа каква е состојбата со овој голем проблем во регионов, стапивме во контакт со директорот на охридската болница, господинот Асен Шајн. Д-р Шајн вели дека е во комуникација со министерството за здравство и дека граѓаните кои се засегнати ќе бидат информирани за развојот на состојбата. Додава дека очекува до 20ти јули да има игли и тест ленти за гликемија.

Од Сојузот на здруженија на дијабетичари бараат двете тендерски постапки да бидат одвоени, да има посебен тендер за инсулинска и друга антидијабетична терапија и посебен тендер за апарати, ленти, пумпи, сензори и други медицински помагала. Во Македонија последните податоци велат дека 116.000 лица страдаат од дијабетес, или поточно има 600 деца до 18 години, односно деца и адолесценти со тип 1 дијабетес, а вкупно 5 илјади лица со тип 1 дијабетес кои се комплетно зависни со инсулин. Од Сојузот велат дека доколку до 20 ти овој месец не се излезе во пресрет на нивните барања, тие својот револт ќе го искажат преку протест пред Владата и министерството за здравство на Македонија.