Skip to main content

Почина 5-годишниот Рајан откако беше извлечен од бунарот во Мароко

По неколку дена драматично спасување, спасувачите успеаја да го извлечат малиот Рајан, но за жал, тој не успеа да преживее, пренесуваат светските агенции. Момчето кое имаше пет години во вторникот паднало во бунарот. 

 |   | 

По неколку дена драматично спасување, спасувачите успеаја да го извлечат малиот Рајан, но за жал, тој не успеа да преживее, пренесуваат светските агенции. Момчето кое имаше пет години во вторникот паднало во бунарот. 

Бунарот му припаѓал на неговиот татко и се наоѓа во Мароко на северот на земјата. Таткото им рекол на новинарите дека во вторникот го поправал бунарот и дека Рајан си играл во близина.

Само за момент го испуштив од очите. Потоа падна – рекол таткото и додал дека оттогаш не спие.

Неговата смрт потресе милиони луѓе кои ја следеа акцијата за спасување на несреќното момче, а голема тага завладеа низ Мароко, збогувајќи се со момчето на социјалните мрежи.

Родителите на момчето биле видени како одат по хоризонталниот тунел, видно скршени, пред да заминат со возило на брзата помош.

„Почивај во мир ангелу, се надевавме на среќен крај, го обедини цел свет, ова е најлошата вест што можевме да ја слушнеме, не можам да замислам низ што поминуваат неговите родители, храбро се бореше, почивај во мир, ангелу, се само дел од пораките што луѓето ги оставаат.

Мароканскиот крал телефонски им се јавил на родителите на момчето и им изразил сочувство.

Францускиот претседател Емануел Макрон на Фејсбук напиша: „Вечерва сакам да им кажам на родителите на Рајан и на луѓето во Мароко дека ја споделуваме нивната болка“.

Стотици луѓе дошле на местото на несреќата и со надеж дека момчето ќе преживее, го следеле неговото спасување.

Хафид Ел-Азуз, кој живее во близина, рече дека дошол да покаже солидарност со момчето кое му е драго на Мароко и на целиот свет.

Семејството допрва треба да го објави датумот на погребот, но според муслиманската традиција тој треба да се одржи наскоро, начелно во недела.

Оваа трагедија потсетува на слична таква што се случи во 2019 година во Шпанија кога момче кое имаше две години падна во бунар во близина на Малага.