Skip to main content

Сребро за охриѓанецот Гоце Мојсоски на Светското првенство во бодибилдинг

Охридскиот бодибилдер Гоце Мојсоски го освои сребрениот медал на Светското првенство што се одржа во Марибор, Словенија.

 |  Маленкова Татјана  | 
Goce Mojsoski
Гоце Мојсоски

 Мојсоски со сребренето одличје од светскиот собир на бодибилдери не само што го повтори минатогодишниот успех кога се закити со бронзен медал, туку го освои посветлото одличје и се искачи едно скалило погоре.
„Конкуренцијата беше многу голема, имаше натпреварувачи скоро од сите земји“, вели Мојсоски.  Тој открива дека нетпреварот бил многу исцрпувачки и дека траел од 15 до 20 часот навечер или цели пет часа. Охридскиот бодибилдер за ТВМ раскажува како течеле подготовките за натпреварот, но и открива од што се се одрекол за да се подготви за светското првенство.

„Се подготвував цели два месеци. Активно тренирав по два пати дневно што значи не се само тие два месеци. Goce MojsoskiЈас вежбам постојано преку цела година во фитнес центарот ФИТ ФОРМ . Ми требаа два месеци за да се спремам. Правев кардио на празен стомак , па вежбав една мускулна партија, па вечерта уште една, па одмор, па пак вежбав стомачни. Тоа ми беше вежбањето. Ама за ваков успех се одрекуваш од се и сешто  од благо, леб, тестенини, како и од сите неубави работи. Се одрекуваш од ноќниот живот. Знаеме дека секој млад ќовек сака да ужива кога се спремаш за ваков настан  неможеш да оставиш на случајности“, истакна бодибилдерот,Гоце Мојсоски.

Покрај Мојсоски на светското првенство од Македонија уште учествуваа и Тоше Зафиров  од Скопје, кој се натпреваруваше во тешка категорија и Јофче Зафироски од Скопје,  кој во категоријата веретани го освои првото место.   Но, се чини дека освен титулата, наградените не добија соодветни награди.

Goce Mojsoski„Немаше парични награди. Наградите беа во суплименти во додатоци за исхрана, протеини , протеински чоколади . Финансиска награда немаше. По наградата најпрво побарав обично јадам благо, но овој пат изедов хамбургер. Морам да ја поздравам и мојата мајка  која несебично ми правше јадење, ми вараше ориз , стек и мислам дека таа е најзаслужна за овој успех“, истакна Гоце Мојсоски.

Мојсоски минатата година беше трет на светското првенство во Порторож. Дека 2012 му беше плодна покажува и фактот што тој го освои и прво место во средна категорија на манифестацијата Атлета на Македонија. Тој беше и  апсолутен  првак на Македонија во 2011 год. Мојсоски е добитник и на три први награди во средна категорија во бодибилдинг.

Но, одмор нема, тој признава дека веќе започна со подготовки за државниот натпревар Атлета на Македонија за 2013 год., кој ќе се одржи на 26 овој месец во центарот за култура во Охрид, и кој е во организација на Мојсоски заедно со Боди билдинг фердерацијата на Македонија и Агенција за млади спорт.
Мојсоски со препорака до младите  да спорувааат, а не да седат пред компјутери.

{loadposition content9}