Дали Заев и Мицкоски се обединети против идејата „премиер Албанец“?
На 30 јуни на многу информативни портали на албански јазик се сподели еден напис со наслов „Заев и Мицскоски обединети: Нема премиер Албанец” (ВИДЕО)”.
Пишува: Шефкије Аласани
На 30 јуни на многу информативни портали на албански јазик се сподели еден напис со наслов „Заев и Мицскоски обединети: Нема премиер Албанец” (ВИДЕО)”.
На прв поглед насловот остава впечаток дека се работи за една бомбастична вест. Во овој случај, иако изгледа невозможно, насловот нè тера да поверуваме дека двајцата најголеми политички ривали во македонскиот политички блок ги надминале сите недоразбирања и се обединиле за да не дозволат да има Албанец за премиер.
Сите оние што нема да ја прочитаат веста, туку само насловот, стануваат жртви на една класична измама од непознат автор кој манипулира со изјавите на лидерите, односно на лидерот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Оние што ќе ја прочитат веста ќе сфатат дека заклучоците на авторот за гореспоментатиот наслов произлегуваат од телевизискиот дуел на овие политички ривали на ТВ24. Содржината на веста е половична и не ги содржи целосните изјави на Заев и Мицкоски дадени за време на телевизиската дебата. Во содржината на рецензираниот текст се цитира изјавата на Заев во врска со тоа кој ќе биде иден премиер на државата, во кратки реченици, но без да се извади од контекст. Поконкретно, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјавил:
Јас ќе бидам иден премиер со оние со кои ќе формираме парламентарно мнозинство. Ако условот на ДУИ биде кандидатот, нема да преговараме со ДУИ. И спремен сум да отстапам 13 пратеници, во разговор со пратениците, на Мицкоски, затоа што толку ќе му требаат за 61 пратеник, за тој да формира малцинска влада, или ќе побарам од него да ми отстапи 6, затоа што толку ми требаат мене, за јас да формирам малцинска влада.
Во продолжение на текстот се вели дека „и изјавата на Мицкоски е на иста линија“. Всушност, Мицкоски воопшто не се согласуваше со коментарот на Заев. Тој убедливо се спротивстави на потребата за можното обединување на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, изразувајќи одлучност дека неговата партија ќе биде победникот на 15 јули. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го изјави следното:
Математиката не ви е јака страна. Од математика вас ви оди само собирање и множење, но кога се работи за народот тоа значи делење и одземање. Но, математиката оставете им ја на математичарите. Оваа математика е добра за општинските организации на СДСМ, но после 15 јули на ВМРО-ДПМНЕ нема да му требаат повеќе од 1 или 2 пратеници за да формира влада со полн легитимитет, рече Христијан Мицкоски.
Вестите во рубриката „Лажни вести избори 2020“ во целост се преземени од сајтот vistinomer.mk, за потребите на пректот „Против дезинформации за поголема излезност на изборите“.
Авторските права се отстапени за потребите на пректот „Против дезинформации за поголема излезност на изборите“.