кодекс на новинари
Партискиот став мора јасно да се посочи
Текстот со наслов ,,СДСМ е вирусот кој треба Македонија да го победи”, демонстрира прекршување на членот 14 од Кодексот на новинарите.
Текстот што го рецензираме со наслов ,,СДСМ е вирусот кој треба Македонија да го победи”, иако е сместен во рубриката вести, демонстрира прекршување на членот 14 од Кодексот на новинарите.Проблемот со презентираната информација, е тоа што партиско соопштение е претставено без атрибуција, без наведување на извор, без елементарна редактура и оградување од политичкиот субјект што ги изнесува ставовите. На ваков начин, новинарот го сообразил жанрот вест, со партиското соопштение, доведувајќи го читателот во можна заблуда и учествувајќи во пропаганда односно навивање. Членот 14 од Кодексот на новинарите ова го забранува.14.Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.Насловот исто така, пласира отворено навивачка теза, од која не е обезбедена професионална дистанца. Со едноставни зборови, не е наведено кој го дава тврдењето изнесено во насловот. И згора на се, текстот завршува со изборниот слоган на партијата. Со пребарување на овој сајт, пронајдовме барем уште еден комплетно ист пример и начин на кој е пренесен партиски пиар во информативен жанр.Особено во предизборниот период, кога одреден дел од гласачкото тело е неопределено, секоја информација, која не е претставена до крај прецизно, односно кога не се дава до крај образложение кој го дава тврдењето, може да влијае врз изборот на гласачите. Ставовите што некоја политичка партија ги изнесува, мора и во насловот и во целиот текст да бидат јасно атрибуирани на таа партија, во случајов ВМРО ДПМНЕ, за гласачот, односно читателот да донесе информирана одлука за тоа како ќе ги прими тие ставови.Вестите во рубриката „Лажни вести избори 2020“ во целост се преземени од сајтот vistinomer.mk, за потребите на пректот „Против дезинформации за поголема излезност на изборите“.Авторските права се отстапени за потребите на пректот „Против дезинформации за поголема излезност на изборите“.Пишува Мирослава Бурнс