лажни вести
Изјава искористена против политички функционер
Авторот ја искористил изјавата на Мендух Тачи и ја ставил во контекст, кој не е соодветен, за да оцрни политички функционер.
Пишува: Жаклина ЦветковскаНа порталот infomax.mk објавен е текст со наслов „Лаже кај стигне:Заев му ветил на Тачи дека ДУИ нема да ја земе во Влада“, во кој е пренесена изјава на претседателот на ДПА, дадена во интервју за ТВ 21, во која тој информира дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев му ветил оти доколку дојде до ситуација да формира влада нема да го вкучи во неа досегашниот партнер ДУИ.Авторот ја искористил изјавата на Мендух Тачи и ја ставил во контекст, кој не е соодветен, за да оцрни политички функционер.Во насловот, новинарот констатира „Лаже кај стигне“, мислејќи на Заев, а потоа ја пренесува изјавата на цитираниот извор во текстот. Иста квалификација е дадена и во најавата на самиот текст „трчи лажи“,за да се засили негативната кампања кон конкретен политичар. Притоа, изнесува личен став и лични квалификации за јавна личност, една од претендентите за премиерската функција, во зависност од резултатите на предвремените парламентарни избориИзјавата на Тачи,пак, е сосема коректна и информативна и не наведува на заклучок на кој посочува новинарот. Напротив, Тачи покажува дека тој го зема в предвид чувствителниот предизборен период и не сака да наштети на политичкиот субјект за кој зборува.Со Заев разговаравме за предизборна коалиција со него, но не успеавме да се договориме. Која е причината што не успеавме да се договориме не можам сега да кажам за да не му наштетам за време на кампањата. Сакам јавноста да има разбирање за мојата коректност затоа што јас воопшто не сум заинтересиран да му наштетам на Заев. Јас имам надеж дека Зоран Заев ќе го одржи зборот и нема да ги земе ДУИ во Влада. Еве сепак нешто кажав, рече Тачи во момент на искреност.Во објавата е присутна политичка пристрасност, со цел да се нанесе штета на одреден политички актер во изборна кампања и да се влијае на гласачкото тело. Во насловот има и коментаторски елементи, недозволиви за информативен текст, и не е одржана професионална дистанца од политичкиот субјект, со што е прекршен членот 14 од Кодексот на новинарите.Изнесувајќи лични заклучоци и констатаци во информативно известување, новинарот го прекршил и членот 15 во кој стои:Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.Вестите во рубриката „Лажни вести избори 2020“ во целост се преземени од сајтот vistinomer.mk, за потребите на пректот „Против дезинформации за поголема излезност на изборите“.Авторските права се отстапени за потребите на пректот „Против дезинформации за поголема излезност на изборите“.