©2008 - Сите права се задржани. Powered by TVM.


Лажни вести

Лажна е веста дека Ден Дончев е уапсен

Лажна е веста дека екс директорот на ФЗО Ден Дончев е приведен или уапсен. Дончев најави тужби доколку порталите не ја повлечат веста.
 |  vistinomer.mk  | 

Пишува Мирослава Бурнс

Лажна е веста дека екс директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев е приведен или уапсен како што објави Лидер. Со бомбастичен наслов „ЕКСКЛУЗИВНО Приведен Ден Дончев на распит во полиција“ лажно се тврди дека Дончев бил уапсен и тоа од секторот за организиран криминал.

Како што официјално соопштија од МВР, Д.Д. бил уредно поканет со покана за разговор во полициската станица Карпош. Тој уредно самиот се пријавил и по извршениот разговор си заминал.

Оттука неточно е и тврдењето изнесено во текстот што го рецензираме, дека Дончев ,,се очекува по распитот да биде изведен пред јавен обвинител и истражен судија,,.

И самиот Дончев изјави дека е со семејството, дека не е уапсен и најави тужби доколку порталите што ја објавија дезинформацијата, истата не ја повлечат.

Во написот што го рецензираме е прекршен членот 1 од Кодексот на новинарите кој налага новинарите да ја проверат информацијата колку што е можно, да објавуваат само точни и проверени информации.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

Има голема разлика од уредна покана во полициска станица за разговор, до апсење и изведување пред истражен судија. Во официјалното соопштение од МВР нема ниту причини за разговорот во полициската станица, а во текстот што го рецензираме тие се сугерирани без да се наведе дали се работи за шпекулација.

Вестите во рубриката Лажни вести избори 2020“ во целост се преземени од сајтот vistinomer.mk, за потребите на пректот Против дезинформации за поголема излезност на изборите“.

Авторските права се отстапени за потребите на пректот „Против дезинформации за поголема излезност на изборите“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top