Skip to main content

источна македонија

Манипулативен наслов со сензационалистички тврдења

Текстот со манипулативен наслов „Црни вреќи со банкноти од 500 евра“ се појавија пред штабови на СДСМ низ Источна Македонија.
 |  vistinomer.mk  | 
Текстот со манипулативен наслов „Црни вреќи со банкноти од 500 евра се појавија пред штабови на СДСМ низ градовите во Источна Македонија“ објавен на 23 јуни 2020 година на веб порталот www.bregalnicki.mk е класична дезинформација напишана врз основа на пристрасност што претставува спин со цел да ја оцрни партијата на власт и нејзиниот лидер Зоран Заев. Неименуван автор сензационалистички тврди дека парите во црните вреќи се подарок од Заев наменети за општинските организации на СДСМ во источниот дел на државата. Од приложените фотографии во текстот, кои пристигнале во редакцијата, се гледа дека на вреќите се залепени лажни банкноти во апоени од 100 и 500 евра, испринтани на хартија, кои наводно биле забележани од случајни минувачи што ги коментирале како пари од случајот „Рекет“. Порталот преку овој текст врши тендециозно неведување на граѓаните без да понуди факти и конкретни извори. И додека во насловот, лидот и првиот дел на текстот се наѕира сензационалистичка вест за која што читателот, особено со објавените фотографии, ќе биде наведен дека станува збор за пари што ќе се употребат за масовен поткуп, алудирајќи на предвремените парламентарни избори, веќе во вториот дел од текстот непотпишаниот автор сам себеси се демантира со откривање на факт дека можеби станува збор за герила акција. Од ова се гледа дека тој што го пишувал текстот не истражил дали има пари во црните вреќи, кој ги оставил пред општинските организации на СДСМ во Пробиштип, Кратово и Кочани, но ставил фотографија на која Зоран Заев преку флаер на кој е отпечатен текст ПРАВДОУБИЕЦ мафија која си има своја држава. Текстот е крајно тенденциозен, пропагандистички и како лажна вест има за цел да и наштети на оваа политичка п како и да ги дезинформира граѓаните. Фотографиите и особено констатацијата во завршната реченица на текстот: „Ваквите сцени со црни најлонски вреќи со пари се својствени за златната ера на ганстерите ширум светот, а според пораката на овие фотографии, златната ера на криминалот е дојдена и во Македонија“ се тенденциозни. Вестите во рубриката „Лажни вести избори 2020“ во целост се преземени од сајтот vistinomer.mk, за потребите на пректот „Против дезинформации за поголема излезност на изборите“. Авторските права се отстапени за потребите на пректот „Против дезинформации за поголема излезност на изборите“.