Skip to main content

Јул 9, 2020
лажни вести
Зибери воопшто не е непартиски кандидат. Тој и неговото семејство со години користеле бенефиции за време на владеењето на ДУИ.

Јул 9, 2020
податоци ковид 19
Во текстот ја нема втората страна или конкретно официјално објавените статистички податоци во последниот неделен извештај на ИЈЗ.

Јул 9, 2020
лажни вести
Авторот ја искористил изјавата на Мендух Тачи и ја ставил во контекст, кој не е соодветен, за да оцрни политички функционер.

Јул 9, 2020
лажни вести
Изнесени се експлицитни обвинувања на шефот на кабинетот на градоначалалникот на Струга, Дашмир Насуфи, без да се побара став од него.

Јул 9, 2020

Објавената информација со наслов „Дали ДИЗ функционира како партиска испостава на СДСМ: По директни усни наредби на активисти на СДСМ се казнуваат откупувачи !“ обвинува за функционирањето на Државниот инспекторат за земјоделие и погрешно ја толкува интерната коресподенција во ова институција насочена кон планот и програмата за работа со тековна динамика.


Јул 9, 2020

Рецензираниот напис е објавен на порталот Актуале, на 7 јули, со наслов: Дали и Села ќе вика: Амелика, Амелика, Амелика.


Јул 9, 2020

Написот „Дали во Битола се тргува со работни места за гласови?“се темели на текст односно список од непознат автор. Главната проблематичност на овој документ е во тоа што не е веродостоен. Овој текст ја има за извор цитирано објавата на Твитер од Битолски сеир, каде е објавена фотографија којашто содржи текст каде пишува дека актуелната министерка за одбрана и носителка на листа во ИЕ5 , Радмила Шекеринска на 5 јули треба да оствари средба заедно со Соња Карапец, Синиша Матевски и Ице Дамјановски со наводно гласачи на СДСМ кои не се вработени и бараат СДСМ да ги вработи.


Јул 8, 2020

Рецензираме текст со наслов „(ФОТО) Да стапнеше некогаш во Истокот, немаше да ветуваш веќе изградени експресни патишта?!“, објавен на порталот gragjanskizbor.mk, на 29.06.2020 година.