Skip to main content

Јул 8, 2020

Во написот „Љупчо Николовски: После 15 ти кога ќе изгубиме ќе станам тезгар како мојот шеф Зоран Заев’’ се врши обид за дискредитација на личност која е дирекнто вклучена во парламентарните избори. Без ниту еден извор, изјава или став, авторот на текстот користи само фотографии и констатации а со дадениот наслов се добива впечаток дека станува збор за лично дадена изјава од екс министерот Николовски и кандидат за пратеник.


Јул 8, 2020

Серија различни текстови во прилог на иста видео снимка се појавија на повеќе дигитални медиуми, на кои заеднички именител им е констатирање и коментирање, со инсинуирање на вмешаноста на Радмина Шекеринска, актуелната министерка за одбрана и носистел на листата во Изборната единица број пет, од коалицијата „Можеме“.


Јул 8, 2020

Рецензираме текст со наслов „Фетаи и Бубевски позитивни на корона?’’ во кој што е пласирана непроверена информација која само инсиунира, без да има во неа официјални изјави од споменатите личности ниту пак од било каква официјална институција која е одговорна за следење на ширењето на ковид-19 или од Јавното обвинителство каде работат споменатите. Првата и основна цел на новинарството е проверената информација.


Јул 8, 2020

На веб страницата на телевизија „Алфа“ на 05.07.2020 е објавен новинарски текст со наслов „Филипче си тера предизборни партиски активности, заборави на тематските прес-конференции за корона“.


Јул 8, 2020

Го рецензираме текстот објавен на Курир, на 4 јули, годинава со наслов „ФОТО: СДСМ троши 27.000 евра дневно за реклами на Фејсбук“ во кој се тврди дека партијата на власт троши огромни суми на пари за спонзорирани објави на оваа социјална мрежа. Според насловот на веста на Курир, СДСМ трошел дневно по 27 илјади евра додека според објавена пресметка во текстот за секој од политичарите поединечно објавува сума од 27.660 евра.


Јул 8, 2020

Рецензираме вест објавена на порталот Охрид24 на 04.07.2020 под наслов „Лазе Таневски сменет од шеф на изборниот штаб на СДСМ?“.


Јул 8, 2020

Рецензираме текст со наслов „ После денешната аудио бомба дали станува јасно кој стои зад сериското палење возила низ Македонија?“, кој што е поврзан со објавувањето на аудио материјал, најверојатно снимен нелегално, во која се слуша разговор помеѓу две лица за кои се тврди дека се блиски до семејството Заеви.


Јул 8, 2020

Пример кој не ги почитува новинарските стандарди е рецензираниот напис со наслов: Партијата која „БЕСА“ – та на Албанците им ја даде на „каурите“ го поддржува ставот на Заев за обединувањето со ВМРО против „премиерот Албанец, објавен на информативниот портал Актуале.мк на 1 јули.