Skip to main content

Јул 8, 2020

На 30 јуни на многу информативни портали на албански јазик се сподели еден напис со наслов „Заев и Мицскоски обединети: Нема премиер Албанец” (ВИДЕО)”.


Јул 7, 2020

Рецензираме текст со наслов: „Кандидатката за пратеник Билјана Проеска од редовите на ВМРО од Крушево осудена!“, со кој голо се пренесува нешто што претходно било напишано на социјалните мрежи, без почитување на новинарските стандарди и проверка на фактите.


Јул 7, 2020

Рецензираме вест  објавена на штипската ТВ Стар под наслов „Клип за македонското здравство“. Веста поткрепена со аматерско видео е објавена на Фејсбук страната на ТВ Стар вчера (01 јули)  во 17 часот.


Јул 7, 2020

Рецензираме текст со наслов „Моќна фотографија на даскалите Христијан Мицкоски и Гоце Делчев “. Oбјавената фотографија на лидерот на опозицијата, веднаш до споменикот на Гоце Делчев e направена за време на  митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.


Јул 7, 2020

Рецензираме текст со наслов „Јовески даде ветување дека ќе го доврши делот на Катица Јанева!“, објавен на порталот magazin.mk, на 30.06.2020 година, во кој се пренесува дел од интервјуто на републичкот јавен обвинител Љубомир Јовески, дадено за државната информативна агенција МИА, по повод стапувањето на сила на новиот закон за Јавно обвинителство и преземањето на преметите на СЈО од страна на Јавното обвинителство.


Јул 7, 2020

Пост од Фејсбук искористен во обид да се направи новинарски текст, а во насловот да се дискредитира вицепремиерката и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која на Парламентралните избори 2020 е носител на листа на коалицијата „Можеме“ во Изборната единица број пет.


Јул 7, 2020

Во насловот на објавената информација на порталот Република, по синоќешниот инцидент пред  ГОБ ,,8 септември’’ кој гласи ,,Требаше да ја убијат, СЗО ви плаќа за секој починат: Неверојатни коментари на социјални мрежи’’ се повторуваат изнесени навреди и говор на омраза кон медицинскиот персонал.


Јул 7, 2020

„Заев ја пцуе мајката на БЕСА и нејзините активисти”,  се вели во веста што ја рецензираме и таа е пример како еден медиум манипулира и клевети за да предизвика раздор внатре во една коалиција која учествува во изборната трка на 15 jули, како и меѓуетнички раздор во земјата, намерно мешајќи ги датумите на изјавите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за да се добие впечаток дека тој го опцул движењето БЕСА.