податоци ковид 19
Вест со тенденциозен коментар што дезинформира
Во текстот ја нема втората страна или конкретно официјално објавените статистички податоци во последниот неделен извештај на ИЈЗ.
Пишува. Убавка ЈаневскаРецензираме вест со наслов „Фијаското и дебаклот на Филипче и неговата комисија нема крај, денеска 8 починати, нови 163 заразени“, објавена на порталот Република на 8 јули.Во текстот со измешани вест и коментар, се пренесуваат и во исто време се коментираат само статистичките податоци од дневното соопштение на Министерството за здравство и на Институтот за јавно здравје, за новозаболени и починати пациенти од коронавирус во државата од 8 јули годинава, но не и податокот на оздравени што е за 67 граѓани повисок од новозаболени.Текстот ја дезинформира јавноста, бидејќи не ја содржи втора страна или конкретно официјално објавените статистичките податоците во последниот неделен извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид -19 и не ги зема во предвид изјавите на шефицата на Канцеларијата на Светската здравствена организација во земјава, Џихан Тавила дадени за МРТВ и за Националната информативна агенција МИА.Во последниот неделен извештај на Институтот за јавно здравје, кој содржи конкретни податоци за периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година, констатирано е намалување на бројот на новозаболени и починати, како и зголемување на бројот на оздравени лица во споредба со претходната недела:Направени вкупно 8.422 тестирања и регистрирани 917 позитивни случаи на Ковид-19 што е за 186 случаи помалку од претходната недела. Во последните три недели бројот на новозаболени на неделно ниво бележи пад, како и процентот на позитивни случаи од тестирани. Во периодот од 29 јуни до 5 јули овој процент изнесува 10.9%, пишува во последниот извештај на ИЈЗ.Неименуваниот автор, исто така, не ги пренесува констатациите на шефицата на Канцеларијата на Светската здравствена организација во земјава, Џихан Тавила, во кои таа освен што нагласува дека пристапот над коронавирусот не е во контролата, зашто вирусот се пренесува од човек на човек и таму каде што има движење на популација е многу тешко да се контролира исто така потврдува дека Северна Македонија е меѓу земјите кои се најтранспарентни во споделувањето на бројките и статистиката за COVID-19:Изјавата дека Северна Македонија има најголема стапка на смртност во регионот, навистина не е точна изјава. Знам дека Северна Македонија е меѓу земјите кои се најтранспарентни во споделувањето на националните бројки и статистиките. Тоа придонесува во регистрирањето и пријавувањето на секој смртен случај заради COVID-19. Јас знам дека Северна Македонија прави и пост-мортем тест за луѓето кај кои треба да се утврди причината за смртта, кога тоа не е јасно, рече Тавила.Новинарот треба да ги почитува законите во државата и нема да објави или сокрие ништо што е во спротивност со јавниот интерес додека начинот на информирање во повеќе случаи, а меѓу нив и болести, мора да биде ослободен од сензационализми, пишува, во член 5 и член 8 на Кодексот на новинарите.Вестите во рубриката „Лажни вести избори 2020“ во целост се преземени од сајтот vistinomer.mk, за потребите на пректот „Против дезинформации за поголема излезност на изборите“.Авторските права се отстапени за потребите на пректот „Против дезинформации за поголема излезност на изборите“.