Skip to main content

влез и излез во државата

Видео со мигранти му се префрлува на Спасовски

Во написот се тврди дека мигрантите влегуваат во земјава кога и како сакаат, а ова се темели на еден видео материјал.
 |  vistinomer.mk  | 
Пишува: Убавка ЈаневскаРецензираме текст со наслов „Мигранти влегуваат кога и колку сакаат, Спасовски тера кампања!Во написот се тврди дека мигрантите влегуваат во земјава кога и како сакаат, а ова се темели на еден видео материјал. Проблематичниот аспект е во тоа што одговорноста за мигрантите не се бара во институцијата задолжена да го контролира влезот и излезот од државата на странци, туку од техничкиот премиер Спасовски. Уште попроблематично е што написот е искористен за да се напомене дека Спасовски тера кампања, со што се добива впечаток дека тој наместо да врши работи од негови ингеренции е фокусиран на партиски дејства.Полицијата, односно Министерството за внатрешни работи каде Спасовски нема никаква функција ниту ингеренции, е институцијата задолжена за контрола на проблематиката за која се известува во написот.Овој текст е со коментаторски наслов.Тоа е спротивно на член 13 од Кодексот на новинари во кој пишува:Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.И покрај тоа што струмичкиот портал кој го објавил видеото на сопствената Фејсбук страна напишал дека го испратил до струмичката полиција која веднаш испратила екипа на местото каде што е снимено видеото, овде се обвинува за неажурност. Целата состојба со мигрантите се доведува во директна корелација со личност која не е задолжена во ресорот за внатрешни работи и со префрлувачки тон се потенцира дека ,,тој тера кампања” додека мигрантите влегуваат кога и како сакаат. Во содржината недостасуваат и изјави од сите инволвирани.Вестите во рубриката „Лажни вести избори 2020“ во целост се преземени од сајтот vistinomer.mk, за потребите на пректот „Против дезинформации за поголема излезност на изборите“.Авторските права се отстапени за потребите на проектот „Против дезинформации за поголема излезност на изборите“.