Skip to main content

Ана Стојаноска, македонската претставничка за Јуниор Евросонг, ја промовираше „Идната јас“

Стојаноска е од Струга, а беше избрана преку аудиција организирана од Македонската радио-телевизија.
 |  инфодеск  | 

Македонската претставничка Ана Стојаноска денеска ја промовираше песната „Идната јас“, со која на 24 октомври ќе настапи на Јуниорскиот Евросонг 2026 во Валета, Малта. Заедно со песната е објавен и официјалниот видеоспот.

„Идната јас“ е композиција на Николче Мицевски, додека текстот е на Илчо Нечовски од групата „Дупер“. Песната исто така била избрана едногласно од стручната комисија на конкурсот што го распиша МРТ.

Од МРТ велат дека песната носи порака за вербата во себе, детските соништа и храброста младите да останат доследни на себе додека растат и го бараат сопствениот пат.

МРТ најави директен пренос од Јуниорскиот Евросонг на 24 октомври со почеток во 21 часот.

Стојаноска е од Струга, а беше избрана преку аудиција организирана од Македонската радио-телевизија.