Денеска започнува пролетта
Денес започнува пролетта: Ноќите стануваат пократки, деновите подолги, а наредниот викенд се поместуваат стрелките на часовникот
| инфодеск | Македонија
hdr
Пролетта почнува денеска во 15:46 часот, а во истовреме на Јужната хемисфера почнува есента. Пролетта ќе трае 92 дена до 20 јуни кога ќе почне летото.
Првиот пролетен ден е 79-от во годината и ќе трае 12 часа и 08 минути. Сонцето изгреа во 5 часот и 37 минути, а ќе зајде во 17 часот и 46 минути.
Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури во Охрид од 1, а максималните до 11 степени Целзиусови.